Прејди на содржината

Алфхајм

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Самовили на полјана“ (1850) од Нилс Бломер

Алфхајм или Елфхајм (старонордиски: Ālfheimr, „вилински дом“) е еден од деветте светови во нордиската митологија и дом на светлите џуџиња. Во шкотската митологија, Алфхајм е светот на самовилите.

Во една од поемите во Еда, запишано е:

Идалир го нарекуваат местото каде Ул
за себе живеалиште има
и Алфајмр што еднаш боговите на Фреј му го дадоа
во дамнешни времиња додека беше доенче.

—Поема Гримнисмал, Еда.

Со Алфхајм владее самовила наречена во шкотската митологија Кралица од Елфам. За неа, во шкотската балада Пејачот Томас се вели:

Јас не сум Кралицата на рајот, Томас,
тоа име не ми припаѓа,
но јас сум Кралицата на самовилите од Елфам,
излези да ловиш во моите долини.

—Пејачот Томас, шкотска народна балада.

Во 1588, една жена по име Алисон Пирсон, била спалена од Црквата, под обвинение дека комуницирала со Кралицата од Елфам. Пред тоа, во 1576, Беси Данлоп од Шкотска, исто така била спалена под исто обвинение.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Wikisource:Prose Edda/Gylfaginning (The Fooling Of Gylfe) by Sturluson, Snorri, 13th century Edda, in English. Accessed Apr. 16, 2007
  • Gylfaginning in Old Norse[1]
  • Robbins, Rossell Hope (1959). The Encyclopedia of Witchcraft and Demonology. New York: Crown Publishers, Inc.
  • Bulfinch, Thomas (1834). Bulfinch's Mythology. New York: Harper & Row, 1970, p. 348. ISBN 0-690-57260-3.
  • Marshall Jones Company (1930). Mythology of All Races Series, Volume 2 Eddic, Great Britain: Marshall Jones Company, 1930, pp. 220–221.
  1. „Gylfaginning XI-XX“. cybersamurai.net. Архивирано од изворникот на 2007-03-16. Посетено на 18 November 2010.