Моди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моди
Μόδι
Моди is located in Грција
Моди
Моди
Местоположба во областа
Моди is located in Бешик
Моди
Местоположба на Моди во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 23°36′E / 40.617° СГШ; 23.600° ИГД / 40.617; 23.600Координати: 40°37′N 23°36′E / 40.617° СГШ; 23.600° ИГД / 40.617; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМадитос
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно349
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Моди (грчки: Μόδι) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Моди била дел од општина Мадитос[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 75 километри источно од Солун и на 13 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во подножјето на планина Колјани. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Моди било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година селото Моди (Modi) го споменал два пати. Според првиот податок во селото живееле 258 Грци и тоа припаѓало на Солунската епархија[3], додека според вториот селото припаѓало на Јерисоската епархија во кое живееле 480 Грци[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители Грци[5].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 205 Грци[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 2 семејства и 8 лица бегалци[7], додека во 1940 година селото броело 259 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 296 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 329 жители, во 1971 година имало 326 жители, во 1981 година имало 406 жители, додека во 1991 година имало 379 жители[8]. Денеска, населението на селото е 249 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 259 296 329 326 406 379 396 249
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 33.
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]