Ставрос (Лагадинско)
Ставрос Σταυρός | |
---|---|
Координати: 40°39′N 23°41′E / 40.650° СГШ; 23.683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Општина Бешик |
Општ. единица | Рендина |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 3.262 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 14 |
Повик. бр. | +30-2397-xxx-xxx |
Ставрос (грчки: Σταυρός) — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Ставрос бил дел од општина Егнатија[2].
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 77 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 10 метри, на западниот брег од Струмски Залив на планината Колани.
Ставрос опфаќа површина од 16.50 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Ставрос било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Грци[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Грци[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Туризам
[уреди | уреди извор]По економската обнова на местото кон 1950-1960-тите години, Ставрос станал популарно туристичко одредиште за жителите од СФРЈ. Во селото се наоѓаат неколку хотели, вили, лунапарк, дискотека, плажи, товарно пристаниште.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година во селото биле сместени 253 бегалски семејства и 906 лица[6]. Денеска, населението на селото е 3672 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | — | 3.285 | 3.672 | 3.262 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. Посетено на 2017-03-09.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|