Прејди на содржината

Ваисли

Координати: 40°42′N 23°22′E / 40.700° СГШ; 23.367° ИГД / 40.700; 23.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ваисли
Βαϊοχώρι
Ваисли is located in Грција
Ваисли
Ваисли
Местоположба во областа
Ваисли во рамките на Бешик
Ваисли
Местоположба на Караџа во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°42′N 23°22′E / 40.700° СГШ; 23.367° ИГД / 40.700; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгнатија
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно515
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ваисли или Вајохори (грчки: Βαϊοχώρι, Вајохори) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Вајохори бил дел од општина Егнатија[2].

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 32 километри западно од Ставрос, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на северниот брег од Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 140 метри.

Ваисли опфаќа површина од 28 квадратни километри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Ваис кула било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1928 година селото било преименувано во Вајохори.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 42 жители бегалци.[3], додека во 1940 година селото броело 96 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 209 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 162 жител, во 1971 година имало 98 жители, во 1981 година имало 84 жители, додека во 1991 година имало 64 жители[4]. Денеска, населението на селото е 69 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 42 96 209 162 98 84 72 64 515
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јуни 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Μιχαήλ Σταματελάτος - Φωτεινή Βάμβα-Σταματελάτου, Επίτομο Γεωγραφικό Λεξικό της Ελλάδος, Ερμής 2001, σελ. 118
  4. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.