Гуменич
Гуменич Στίβος | |
---|---|
Координати: 40°18′N 23°26′E / 40.300° СГШ; 23.433° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Општина Бешик |
Општ. единица | Егри Буџак |
Надм. вис. | 115 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 502 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 20 |
Повик. бр. | +30-2393-xxx-xxx |
Гуменич или Стивос (грчки: Στίβος, Стивос) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стивос бил дел од општина Аполонија[2].
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 36 километри западно од Ставрос и 43 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа југозападно од Бешичко Езеро, на самиот пат кој води од Солун и Лагадин кон Кавала. Селото се наоѓа на надморска височина од 160 метри.
Гуменич опфаќа површина од 11 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Гуменич било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Во времето на Грчка војна за независност|Грчката војна за независност, од селото како најпознат андарт е Анастасио Константину и Јоргос Христу[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Во 1927 година селото било преименувано во Стивос[5].
Според царската наредба од 23 септември 1949 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина. Меѓу поважните настани од историјата на селото е земјотресот кој се случил на 20 јуни 1978 година со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот предизвикал голема материјална штета во селото, поради кој биле разрушени неколку куќи.
Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство односно со производство на памук, пченица и овошје.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско село со77 семејства и со 333 жители[6], додека во 1940 година селото броело 556 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 639 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 777 жители, во 1971 година имало 550 жители, во 1981 година имало 587 жители, додека во 1991 година имало 628 жители[7] а во 2001 имало 631 жител[8]. Денеска, населението на селото е 576 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 556 | 639 | 777 | 550 | 587 | 628 | 631 | 576 | 502 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
- ↑ Γενικά Αρχεία του Κράτους, Φάκελοι Αγωνιστών του 1821
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|