Стролонгос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стролонгос
Νέα Μάδυτος
Nea-maditos-001.JPG
Стролонгос is located in Грција
Стролонгос
Стролонгос
Координати: 40°37′N 23°33′E / 40.617° СГШ; 23.550° ИГД / 40.617; 23.550Координати: 40°37′N 23°33′E / 40.617° СГШ; 23.550° ИГД / 40.617; 23.550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаСтролонгос
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.621
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Стролонгос или Неја Мадитос (грчки: Νέα Μάδυτος; до 1927 г. Στρόλογγος) — село во Општина Бешик од Солунски округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 г. местото било дел од општината Стролонгос (Мадитос)[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 76 километри источно од Солун и на 14 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на два километри јужно од Бешичко Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.

Селото опфаќа површина од 35 км2.[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Стролонгос било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители Грци[4].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 35 Грци[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било мешано со 357 семејства и 1277 лица бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 1432 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1361 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1521 жители, во 1971 година имало 1501 жители, во 1981 година имало 1371 жители, додека во 1991 година имало 1820 жители[7]. Денеска, населението на селото е 1621 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1432 1361 1521 1501 1371 1820 / 1621
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. 
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]