Караџа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караџа
Ευαγγελισμός
Караџа is located in Грција
Караџа
Караџа
Местоположба во областа
Караџа is located in Бешик
Караџа
Местоположба на Караџа во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 23°13′E / 40.683° СГШ; 23.217° ИГД / 40.683; 23.217Координати: 40°41′N 23°13′E / 40.683° СГШ; 23.217° ИГД / 40.683; 23.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгнатија
Надм. вис.&10000000000000146000000146 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно474,[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.572 00
Повик. бр.+30-2394-xxx-xxx

Караџа или Евангелисмос (грчки: Ευαγγελισμός, Евангелисмос) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Неа Аполонија била дел од општина Егнатија[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 45 километри западно од Ставрос и 41 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на источниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 146 метри.

Евангелисмос опфаќа површина од 21 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1928 година селото било прекрстено во Евангелисмос. Денес, населението на селото главно се занимава со производство на памук, пченица и овошје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 73 жители бегалци и со население од 270 луѓе[4], додека во 1940 година селото броело 449 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 617 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 607 жители, во 1971 година имало 518 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 478 жители[5] а во 2001 имало 1860 жители[6]. Денеска, населението на селото е 1851 жители според пописот од 2011 година. Денеска, населението на селото е 474 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 449 617 607 518 419 478 631 474
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. 
  4. Μιχαήλ Σταματελάτος - Φωτεινή Βάμβα-Σταματελάτου, Επίτομο Γεωγραφικό Λεξικό της Ελλάδος, Ερμής 2001, σελ. 118
  5. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  6. Folketeljing 2011, revidert

Надворешни врски[уреди | уреди извор]