Текри Вермишли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Текри Вермишли
Σκεπαστό
Текри Вермишли is located in Грција
Текри Вермишли
Текри Вермишли
Местоположба во областа
Текри Вермишли is located in Бешик
Текри Вермишли
Местоположба на Текри Вермишли во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°45′N 23°29′E / 40.750° СГШ; 23.483° ИГД / 40.750; 23.483Координати: 40°45′N 23°29′E / 40.750° СГШ; 23.483° ИГД / 40.750; 23.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000380000000380 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно350[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 16
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Текри Вермишли или Ксиропотамос (грчки: Αρέθουσα) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Ксиропотамос бил дел од општина Маслар[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 29 километри северно од Ставрос и 64 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на Мавровско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 380 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во 19 век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 81 жители[3]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било прекрстено во Скепасто.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 11 семејства и со население од 44 луѓе[4], додека во 1940 година селото броело 86 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 85 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 80 жители. Според Тодор Симовски, селото во следната деценија не се споменува на пописите бидејќи било напуштено[5]. Сепак, според последните два пописи може да се заклучи дека во селото има човечки живот. Така, според пописот од 2001 година во селото живеат 356 луѓе, додека пак според пописот од 2011 година во селото живеат 350 луѓе.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 86 85 80 / / / 356 350
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία.
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]