Прејди на содржината

Солун (округ)

Координати: 40°40′N 23°10′E / 40.667° СГШ; 23.167° ИГД / 40.667; 23.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Солун
Περιφερειακή ενότητα Θεσσαλονίκης
Округ
Општини во Солунскиот округ
Општини во Солунскиот округ
Солун во Грција
Солун во Грција
Координати: 40°40′N 23°10′E / 40.667° СГШ; 23.167° ИГД / 40.667; 23.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
Админ. центарСолун
Управа
 • УправникАпостолос Ѕиѕикостас
Површина
 • Вкупна3.683 км2 (1,422 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно1.057.825
 • Густина290/км2 (740/ми2)
Поштен. бр.54x xx - 57x xx
Повик. бр.231, 2391-2397
ISO 3166GR-54
Рег. таб.NH
Мреж. место[1]
Административна карта на Солунскиот округ

Солун (грчки: Περιφερειακή ενότητα Θεσσαλονίκης) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Солун. Областа на округот, како и остатокот од Егејска Македонија е присвоена од Грција со Првата балканска војна во 1912 г.

Географија

[уреди | уреди извор]

Округот се протега од Солунскиот Залив на југозапад до Струмскиот Залив на исток. Тук се наоѓаат две големи водни површини — во средишниот дел на подрачјето е сместено Лагадинското Езеро (Коронија), а на исток е Бешичкото Езеро (Волви).

Северните и централните краиште се планински, а западните, дел од североисточните и северните краишта покрај реката Вардар се рамничарски. Планините во округот се Хортач (Хортијатис) во западниот централен дел, Богданска Планина (Вертискос или Кердилија) на север и северозапад.

Се граничи со окрузите Иматија (Берско и Негушко) на југозапад, Постол на запад, Кукуш на север, Сер на исток и Халкидик на југ.

Климата се одликува со топли средоземни лета и свежи благи зими во низинските и рамничарските делови. Во подрачјата на надморска височина преку 500 м и кон планините често имаат типични зими.

Округот Солун се дели на 14 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[1]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 32 населени места и сочинуваат околу 7% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 78.000 Македонци.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Законска реформа „Каликратис“ PDF
  2. наречена по Павлос Мелас (1870-1904) — офицер на грчката вооружена пропаганда во Македонија кој во Грција се смета за народен херој

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]