Солунски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Солунскиот Залив

Солунскиот Залив (грчки: Θερμαϊκός Κόλπος, Термајкос Колпос) — залив во Егејска Македонија на Белото Море. Се протега веднаш јужно од Солун, источно од Пиерија и Иматија, а западно од Халкидик. Грчкото име го носи по старото име на градот Солун, Терма, на крајбрежјето на овој залив. Должината му е околу 100 км, а ширината околу 5 км близу Солун, околу 15 км северно и до 50 км на југ. По заливот е наречена и денешната општина Солунски Залив (Термајкос).

Римјаните го нарекувале заливот Thermaicus, Thermaeus sinus или Macedonicus sinus („Македонски Залив“).

Населени места на брегот на заливот се Валта (Блата), античкиот град Потидјеа, Либаново, Света Троица, Бахчели, Хаџи Бали, Солун, Гаскарка, Метона, Пидна, Вромероскала (Паралија), Тузла (Алики). Во заливот се влеваат реките Колудеј, Бистрица и Вардар, како и неколку потоци.

Заливот го опркужува Солунското Поле и рамнината на север додека на исток и југозапад се протегаат ридови и планини. Солунскиот Залив има разни пристаништа по помали места, како и најважното пристаниште во градот Солун. На исток се протега Касандрискиот ’Рт.

Поврзано[уреди | уреди извор]