Полигеро (општина)
Општина Полигеро Δήμος Πολυγύρου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Халкидик |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 18 663 (2001) |
Седиште: | Полигеро |
Нас. места: | 35 |
Пошт. бр.: | 631 00 |
Пов. бр.: | 2371 |
Портал: | polygyros.gr |
Полигеро или Полигирос (грчки: Δήμος Πολυγύρου, Димос Полигиру) — општина во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Полигеро (Полигирос).
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Полигеро е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Жервохорија, Румилја и Полигеро по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Галачишта[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Галачишта (Антемундас; Δήμος Ανθεμούντα) со седиште во Галачишта има 4 540 жители и ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Галачишта (2974 жители)
- град Галачишта (Γαλάτιστα, Галатиста; 1928-36 г. Ανθεμούντας, Антемундас) (2662 жители)
- село Аванли Маала (Πρινοχώρι, Принохори) (14 жители)
- село Света Анастасија (Αγία Αναστασία) (101 жител) новосоздадено
- село Ќуркцоглу (Κιουρκτσόγλου) (152 жители)
- манастир „Света Анастасија Одврзителка“ (Μονή Αγίας Αναστασίας Φαρμακολυτρίας) (45 жители)
- Општински оддел Вавдос
- село Вавдос (Βάβδος) (680 жители)
- Општински оддел Галерино
- село Галерино (Γαλαρινός, Галаринос) (299 жители)
- Општински оддел Думбија
- село Думбија (Δουμπιά) (587 жители)
Општинска единица Жервохорија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Жервохорија (Δήμος Ζερβοχωρίων) со седиште во Палехор има 3 146 жители и ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Палехор
- град Палехор (Παλαιοχώρα, Палеохора) (895 жители)
- Општински оддел Гермен
- село Гермен (Гримна; Κρήμνη, Кримни) (543 жители)
- Општински оддел Долна Равна (660 жители)
- село Долна Равна (Μαραθούσσα, Маратуса) (515 жители)
- село Дере Маала (Πλατανοχώρι, Платанохори) (145 жители)
- Општински оддел Сопотник
- село Сопотник (Ριζά, Риза) (599 жители)
- Општински оддел Топлик
- село Топлик (Γεροπλάτανος, Јероплатанос) (449 жители)
Општинска единица Полигеро[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Полигеро има 6 232 жители и ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Полигеро (6232 жители)
- град Полигеро (Πολύγυρος, Полигирос) (5040 жители)
- село Пателидас (Πατελιδάς) (56 жители) новосоздадено
- село Полигерски Колиби (Καλύβες Πολυγύρου, Каливес Полигиру) (1136 жители)
- Општински оддел Враста (1148 жители)
- Општински оддел Кајаџик (351 жител)
- село Кајаџик (Παλαιόκαστρο, Палеокастро) (1136 жители)
- село Кајаџичка Крстосница (Διασταύρωση Παλαιοκάστρου, Дијаставроси Палеокастру) (327 жители) новосоздадено
- Општински оддел Луково
- село Луково (Ταξιάρχης, Таксиархис) (1070 жители)
- Општински оддел Маријана
- село Маријана (Όλυνθος, Олинтос) (1131 жител)
- Општински оддел Решетник
- село Решетник (Άγιος Πρόδρομος, Агиос Продромос) (452 жители)
- Општински оддел Сине
- село Сине (Σανά, Сана) (337 жители)
Општинска единица Румилја[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Румилја (Δήμος Ορμύλιας) со седуште во Румилја има 4 745 жители и ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Метаморфози (712 жители)
- село Метаморфози (Μεταμόρφωση) (692 жители) новосоздадено
- манастир „Свети Јован Претеча“ (Μετόχι) (20 жители)
- Општински оддел Румилја (4033 жители)
- село Румилја (Ορμύλια, Ормилија) (3272 жители)
- село Ватопед (Βατοπέδι) (236 жители) новосоздадено
- село Ветопедска Плажа (Παραλία Βατοπεδίου, Паралија Ватопедиу) (40 жители) новосоздадено
- манастир „Благовештение“ (Ευαγγελισμός της Θεοτόκου) (124 жители)
- село Ниси (Νησί) (31 жител) новосоздадено
- село Ново Сермили (Νέα Σερμύλη, Неја Сермили) (43 жители) новосоздадено
- село Псакудија (Ψακούδια) (273 жители) новосоздадено
- манастир „Свети Арсениј“ (Όσιος Αρσένιος) (14 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|