Гида (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Гида
Δήμος Αλεξάνδρειας
Dimos Alexandrias - Central Macedonia.svg
Општина Гида на карта на областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Иматија
Гео. област: Урумлак
Население: 43 209 (2001)
Админ. центар: Гида
Нас. места: 38
Пошт. број: 593 00
Пов. број: 23330-2
Портал: alexandria.gr

Гида (грчки: Δήμος Αλεξάνδρειας, Димос Александријас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Гида. Општината е дел од округот Иматија.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Гида е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Гида (Александрија), Антигониди (Антигонидес), Мелник (Мелики) и Плати во областа Урумлак.

Напомена: Називот на „Антигониди“ не се однесува на ниедно постоечко место, туку е даден според македонската династија Антигониди, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија..

Општинска единица Гида[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Гида (Александрија) има 19 283 жители и го опфаќа градот Гида и 9 села.

  • Општински оддел Гида (14 370 жители)
  • град Гида (Αλεξάνδρεια, старо Гида) (13 229 жители)
  • село Нишел (Νησέλι, Нисели) (733 жители)
  • село Шкинат (Σχοινάς, Схинас) (408 жители)
Поранешната општина Гида на картата на некогашниот округ Иматија.
  • Општински оддел Лутрос (1 298 жители)
  • село Лутрос (Λουτρός) (1 294 жители)
  • село Ексоклиси (Εξωκκλήσι) (4 жители)
  • Општински оддел Ниси (1 527 жители)
  • село Ниси (Νησί) (1 529 жители)
  • село Санда (Σάντα) (8 жители)
  • Општински оддел Нихор
  • село Нихор (Νεοχώρι, Неохори) (604 жители)
  • Општински оддел Решани
  • село Решани (Βρυσάκι, Врисаки) (716 жители)
  • Општински оддел Триховишта

Општинска единица Антигониди[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Антигонидес на картата на некогашниот округ Иматија.

Според пописот од 2001 г., општината Антигониди (гр. Атигонидес, Δήμος Αντιγονιδών) со седиште во Кавасила има 5 360 жители и опфаќа 8 села:

  • Општински оддел Кавашла
  • село Кавашла (Καβάσιλα, Кавасила) (742 жители)
  • Општински оддел Пископи (777 жители)
  • село Пископи (Επισκοπή, Епископи) (535 жители)
  • село Ново Скилич (Καλοχώρι, Калохори) (242 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Пожари
  • село Пожари (Κεφαλοχώρι, Кефалохори) (788 жители)
  • Општински оддел Скилич
  • село Скилич (или Старо Скилич, Παλιό Σκυλίτσι, Палео Скилици) (649 жители)
  • Општински оддел Ставрос
  • Општински оддел Шеразмен (906 жители)
  • село Шеразмен (Ξεχασμένη, Ксехасмени) (700 жители)
  • село Расоманик (Ραψομανίκι, Рапсоманики) (206 жители)

Општинска единица Мелник[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Мелник на картата на некогашниот округ Иматија.

Според пописот од 2001 г., општината Мелник (гр. Мелики, Δήμος Μελίκης) со седиште во Мелник има 7 438 жители и опфаќа 8 села и 1 манастир:

  • Општински оддел Мелник
  • село Мелник (Μελίκη, Мелики) (3 102 жители)
  • Општински оддел Грисел (1 547)
  • село Грисел (или Грижал; Αγκαθιά, Анкатија) (1 350 жители)
  • село Трихлево (Τριλοφία, Трилофија) (197 жители)
  • Општински оддел Кипсели (442 жители)
  • Општински оддел Неокастро
  • Општински оддел Продром (1 431 жители)
  • село Продром (Πρόδρομος, Продромос) (896 жители)
  • село Киркасии (Αγία Τριάδα) (332 жители) новосоздадено
  • село Нов Продром (Νέος Πρόδρομος, Неос Продромос) (203 жители) новосоздадено

На територијата на општинската единица е и денес напуштеното село Свиница (Свинца, Свинче)[2]).

Општинска единица Плати[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Плати на картата на некогашниот округ Иматија.

Според пописот од 2001 г., општината Плати (Δήμος Πλατέος) со седиште во Плати има 11 128 жители и опфаќа 11 села:

  • Општински оддел Плати
  • село Плати (Πλατύ) (2 299 жители)
  • Општински оддел Арахос
  • село Арахос (Άραχος) (487 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Големо Алабор (776 жители)
  • Општински оддел Клиди
  • село Клиди (Κλειδί) (1 347 жители)
  • Општински оддел Корифи (2 007 жители)
  • село Корифи (Κορυφή) (1 544 жители)
  • село Палихор (Παλαιόχωρα, Палеохора) (463 жители)
  • Општински оддел Љановери
  • село Љановер (Λιανοβέργι, Љановерги) (1 696 жители)
  • Општински оддел Трикала
  • Општински оддел Чинар Фурнус

Поранешни села[уреди | уреди извор]

На територијата на општината Гида се наоѓаат и следниве поранешни села: Ераки (Гераки), Калјани (Алорос), Капсохор (Капсохори), Карија, Катафиги, Маврангели, Нихор (Неохоропуло), Палихор (Палеохори) и Свиница (Сфина).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]