Ситонија
Општина Ситонија Δήμος Σιθωνίας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Халкидик |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 12 927 (2001) |
Седиште: | Никит |
Нас. места: | 35 |
Пошт. бр.: | 630 88 |
Пов. бр.: | 23750 |
Портал: | dimossithonias.gr |
Ситонија (грчки: Σιθωνία) — средниот крак на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. На запад од него е кракот Касандра, а на исток е Света Гора. Заливите околу полуостровот се Сингитскиот на запад и Торонискиот од исток. Во средишниот дел на полуостровот се наоѓа планината Итамос или Драгунтелис, а кај селото Нова Мармара е сместено познатото одморалишно место Порто Карас. Пределите се планински, со пасишта и шуми.
Општина Ситонија[уреди | уреди извор]
Административно, полуостровот е своја општина (Δήμος Σιθωνίας) во Халкидичкиот округ. Создадена е на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Ситонија и Торони по законот „Каликратис“.[1]
Општината има само 5 традиционални села. Највеќето населени места се создадени како туристички одморалишта, а уште две села се основани од дојденци од Мала Азија во XX век.
Општинска единица Ситонија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Ситониja со седиште во Никит има 8 891 жител и ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Никит (2883 жители)
- Општински оддел Аја Никола (2292 жители)
- село Аја Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) (1925 жители)
- остров Ајбелици (Αϊμπελίτσι) (0 жители)
- село Вурвуру (Βουρβουρού) (140 жители) новос. турист.
- село Галини Агиу Николау (Γαλήνη Αγίου Νικολάου) (8 жители) новос. турист.
- остров Дијапорос (Διάπορος) (0 жители)
- село Елеонас (Ελαιώνας) (2 жители) новос. турист.
- остров Елија (Ελιά) (0 жители)
- село Зографу (Ζωγράφου) (12 жители) новос. турист.
- остров Лагониси (Λαγονήσι) (14 жители) новос. турист.
- село Ормос Панагијас (Όρμος Παναγίας) (137 жители) новос. турист.
- остров Перистери (Περιστέρι) (0 жители)
- село Пиргос (Πύργος) (3 жители) новос. турист.
- село Салониќу (Σαλονικιού) (5 жители) новос. турист.
- село Схиња (Σχοινιά) (34 жители) новос. турист.
- село Фтероти (Φτερωτή) (12 жители) новос. турист.
- Општински оддел Метиргич (777 жители)
- град Метиргич (Μεταγκίτσι, Метангици) (767 жители)
- село Агии Теодори (Άγιοι Θεόδωροι) (10 жители) новос. турист.
- Општински оддел Нова Мармара (2939 жители)
- град Нова Мармара (Νέος Μαρμαράς, Неос Мармарас) (2854 жители) новосоздадено
- село Агија Киријаки (Αγία Κυριακή) (4 жители) новос. турист.
- село Азапико (Αζάπικο) (5 жители) новос. турист.
- село Галини Неу Мармара (Γαλήνη Νέου Μαρμαρά) (8 жители) новос. турист.
- остров Желкин Остров (Κέλυφος, Келифос) (0 жители)
- село Имери Елија (Ήμερη Ελιά) (34 жители) новос. турист.
- село Партиноне (Παρθενώνας, Партенонас) (7 жители)
- остров Спалатронисија (Σπαλαθρονήσια) (3 жители)
- село Стиладари (Στυλαδάρι) (24 жители) новос. турист.
Општинска единица Торони[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Торони (Δήμος Τορώνης) со седиште во Шиќа има 4 036 жители и ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Шиќа (2879 жители)
- град Шиќа (или Сиќа; Συκιά) (2353 жители)
- село Шиќиска Плажа (Παραλία Συκιάς, Паралија Сикијас) (37 жители) новос. турист.
- село Валти (Βαλτί) (151 жител) новос. турист.
- село Каламици (Καλαμίτσι) (9 жители) новос. турист.
- село Куфос (Κουφός) (2 жители) новос. турист.
- село Пигадаки (Πηγαδάκι) (26 жители) новос. турист.
- село Платанија (Πλατάνια) (38 жители) новос. турист.
- село Торони (Τορώνη) (233 жители)
- село Трстеник (Δεστενίκα, Дестеника) (30 жители)
- Општински оддел Сарти
- град Сарти (Σάρτη) (1157 жители) новосоздадено
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|