Пајонија (општина)
Општина Пајонија Δήμος Παιονίας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Кукуш |
Гео. област: | Бојмија |
Население: | 30.528 (2021) |
Седиште: | Гуменџе |
Нас. места: | 52 |
Пошт. бр.: | 613 00 |
Пов. бр.: | 23430-4 |
Портал: | paionia.gov.gr |
Пајонија (грчки: Δήμος Παιονίας, Димос Пеонијас) — општина во централниот дел Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Гуменџе. Населените места традиционално се сметаат за гуменџиски, кукушки или ениџевардарски (пазарски). Општината е наречена по некогашната горномакедонска област Пајонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Населени места
[уреди | уреди извор]Општината Пајонија е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на општините - Ашиклар (Европос), Бојмица (Аксиуполи), Гуменџе (Гумениса) и Ругуновец (Поликастро), како и општинската целина Голема Ливада (Ливадија).[1]
Општинска единица Ашиклар
[уреди | уреди извор]Општинската единица Ашиклар со седиште во Ашиклар (Европос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Ашиклар
- село Ашиклар (или Ашиклари, Шиклари, Шиклара; Ευρωπός, Европос)
- Општински оддел Бубаќево
- село Бубаќево (или Баба Ќој; Μεσιά, Месја)
- Општински оддел Кушиново
- село Кушиново (Πολύπετρο, Полипетро)
- Општински оддел Петрово
- село Петрово (или Петрево; Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос)
- Општински оддел Тумба
- село Тумба (Τούμπα)
Општинска единица Бојмица
[уреди | уреди извор]Општинската единица Бојмица со седиште во Бојмица (Аксиуполи) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Горгопик
- село Горгопик (Γοργόπη, Горгопи)
- Општински оддел Карасинанци
- село Карасинанци (Πλάγια, Плагија)
- Општински оддел Мајадаг
- село Мајадаг (Φανός, Фанос)
- Општински оддел Оризарци
- Општински оддел Сехово
Општинска единица Голема Ливада
[уреди | уреди извор]Општинската единица Голема Ливада се состои од само едно населено место — селото Голема Ливада (Λιβάδια, Ливадија).
Општинска единица Гуменџе
[уреди | уреди извор]Општинската единица Гуменџе со седиште во Гуменџе (Гумениса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Гуменџе
- град Гуменџе (Γουμένισσα, Гумениса)
- Општински оддел Баровица
- село Баровица (Καστανερή, Кастанери)
- Општински оддел Крива
- село Крива (Γρίβα, Грива)
- Општински оддел Либаово
- Општински оддел Тушилово
- село Тушилово (Στάθης, Статис)
- Општински оддел Црна Река
- село Црна Река (Κάρπη, Карпи)
Општинска единица Ругуновец
[уреди | уреди извор]Општината е создадена во 1986 г. со спојување на општините Ругуновец и Вардино. Општинската единица Ругуновец со седиште во Ругуновец (Поликастро) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Ругуновец
- Општински оддел Аматово
- село Аматово (Άσπρος, Аспрос)
- Општински оддел Вардаровци
- село Вардаровци (Αξιοχώρι, Аксиохори)
- село Ада Тепе (Νέο Σιράκιο, Нео Сиракио)
- Општински оддел Вардино
- село Вардино (или Вардено; Λιμνότοπος, Лимнотопос)
- село Нова Кавала (Νέα Καβάλα, Неја Кавала) новосоздадено
- село Ситарија (Σιταριά) новосоздадено
- село Хрисокамбос (Χρυσόκαμπος) новосоздадено
- Општински оддел Драгомир
- село Драгомирци (или Драгомир, Βαφιοχώρι, Вафиохори)
- село Беглериево (Беглерија или Бејлери, (Ξηρόλακκος, Ксиролакос)
- село Гаваљанци (Βαλτούδι, Валтуди)
- село Казаново (Κοτύλη, Котили)
- село Коџа Омерли (Χερσοτόπι, Херсотопи)
- Општински оддел Ересели
- Општински оддел Колиби
- село Колиби (Ειρηνικό, Иринико или Καλύβια Γιαννελλαίων, Каливија Ѓанелеон)
- Општински оддел Крастали
- село Крастали (Κορώνα, Корона)
- Општински оддел Мачуково
- Општински оддел Ореовица
- село Ореовица (или Ореховица; Πευκοδάσος, Певкодасос)
- Општински оддел Смол
- село Смол (Μικρό Δάσος, Микро Дасос)
Поранешни населени места
[уреди | уреди извор]На територијата на денешната општина Пајонија се наоѓале и следниве поранешни села:
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пајонија — древномакедонска област
- Бојмија
- Кукуш (општина)
- Список на села во Кукуш
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Општина Пајонија (грчки)
|
|