Кукуш (округ)
Кукуш Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς | |
---|---|
Округ | |
Општини во округот Кукуш | |
Кукуш во Грција | |
Координати: 41°0′N 22°50′E / 41.000° СГШ; 22.833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Админ. центар | Кукуш |
Управа | |
• Управник | Христос Гуненудис |
Површина | |
• Вкупна | 2.519 км2 (973 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 85.885 |
• Густина | 34/км2 (88/ми2) |
Пошт. бр. | 61x xx |
Повик. бр. | 234x0 |
ISO 3166 | GR-57 |
Рег. таб. | ΚΙ |
Мреж. место | kilkis.gr |
Кукуш (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Кукуш. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Кукушко“.
Географија
[уреди | уреди извор]Планините во округот се Пајак (Пајко) на запад, дел од западните краеви на Беласица (Белес или Керкини) на североисток и Круша (Крусија) на исток. Во северниот дел се наоѓа Дојранското Езеро. Се граничи со окрузите Сер на исток, Солун на југ и Постол на запад. На север округот Кукуш се граничи со општините Богданци, Гевгелија и Дојран во Република Македонија.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството во округот е исклучиво земјоделско. Најважни култури се пченицата, тутунот и памукот. Голема улога има и сточарството. Подрачјето на округот е слабо населено поради особеностите на теренот. Индустриското производство има споредна улога.
Клима
[уреди | уреди извор]Кукушкиот округ има претежно континентална клима, со студени зими на повисоките места. Во најјужните делови на долината на Вардар климата преоѓа во умереносредоземна и средоземна.
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Кукуш е поделен на 2 општини. Тие се слдниве (означени со бројки во инфокутиајта):[1]
Демографија
[уреди | уреди извор]Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 32 населени места и сочинуваат околу 14% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 11.000 Македонци.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|