Тасос или Тасо[1] (грчки: Θάσος) — остров, округ и општина во Егејска Македонија, близу до брегот на Западна Тракија и низината на реката Места. Најголемо населено место е Тасос (грч. (Λιμένας) Θάσου, Лименас Тасу). Денес е населен со грчко население, за разлика од претходниот мешан етнички состав. Сето македонско население е прогонето во Балканските војни.[2]
Највисоката точка на Тасос е планината Ипсарио, со 1.206 м. Главните земјоделски производи на островот се мед и маслиново масло, како и вино, а застапени се и одгледувањето на овци и кози, како и рибарството. Во другите гранки спаѓаат дрвосечачката индустрија и туризмот. Рударската индустрија вклучува олово, цинк и мермер, особено во областа Панагија каде што една од планините близу Тракиското Море има голем каменолом. На југот на островот пак, постоел каменолом во античките времиња. Најважната гранка од сите, сепак, е туризмот. Тасос има неколку училишта, лицеј, гиманизија, црква и плоштад.