Кушница (општина)
Општина Кушница Δήμος Παγγαιου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Источна Македонија и Тракија |
Округ: | Кавала |
Гео. област: | |
Население: | 33 683 (2001) |
Седиште: | Правишта |
Нас. места: | 49 |
Пошт. бр.: | 641 00 |
Пов. бр.: | 25940-2 |
Портал: | dimospaggaiou.gov.gr/ |
Кушница (грчки: Δήμος Παγγαιου, Димос Пангеу) — општина во Кавалскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Правишта (Елевтеруполи). Опфаќа 33 населени места на јужните падини на планината Кушница (Пангео), по која е наречена. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Правишко“.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Кушница е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари општини: Правишта (Елевтеруполи), Левтера (Елевтерес), Кушница (Пангео), Орфан (Орфани) и Пиери (Пиерес).[2]
Општинска единица Правишта[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Правишта (Δήμος Ελευθερουπόλεως) има 11 401 жител и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Правишта
- град Правишта (Ελευθερούπολη, Елевтеруполи) - 4898 жители
- село Долно Кочан (Παναγιά, Панагија) - 661 жител
- село Дреново (или Драново; Χορτοκόπι, Хортокопи) - 384 жители
- село Топљани (или Товљани, Толер; Εξοχή, Ексохи) - 173 жители
- Општински оддел Бостанџили
- село Бостанџили (Κηπία, Кипија) - 611 жители
- село Горно Дреново (или Горно Драново; Άνω Χορτοκόπι, Ано Хортокопи) - 46 жители
- Општински оддел Дренич
- село Дренич (или Дранич; Αντιφίλιπποι, Антифилипи) - 1073 жители
- Општински оддел Канали
- село Кинали (Κοκκινόχωμα, Кокинохома) - 1746 жители
- Општински оддел Османли
- село Османли (Χρυσόκαστρο, Хрисокастро) - 645 жители
- манастир „Св. Пантелејмон“ (Μονή Αγίου Παντελεήμονος) - 42 жители
- Општински оддел Пренчово
- село Пренчово (Αμισιανά, Амисијана) - 1122 жители
На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан.
Општинска единица Кушница[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Кушница со седиште во село Никишјан (Никисијани) е 4 764 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и наслени места на североисточните падини на планината Кушница:
- Општински оддел Никишјан
- село Никишјан (или Никиштан, Никишен; Νικήσιανη, Никисјани) - 2451 жител
- Општински оддел Горјан
- село Горјан (или Горени; Γεωργιανή, Георѓани) - 706 жители
- Општински оддел Палихор
- село Палихор (Παλαιοχώρι, Палеохори) - 1607 жители
Општинска единица Левтера[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Левтера (Δήμος Ελευθερών) со седиште во Кале Чифлик (Неја Перамос) има 7 376 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Кале Чифлик
- село Кале Чифлик (Νέα Πέραμος, Неја Перамос) - 2468 жители
- село Света Марина (Αγία Μαρίνα, Агија Марина) - 3 жители новосоздадено
- село Свети Атанас (Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос) - 18 жители новосоздадено
- Општински оддел Дрезна
- село Дрезна (Μυρτόφυτο, Миртофито) - 484 жители
- Општински оддел Кучкар
- село Кучкар (или Кучкари; Ελαιοχώρι, Елеохори) - 1126 жители
- село Кучкарска Плажа (Παραλία Ελαιοχωρίου, Паралија Елеохориу) - 26 жители новосоздадено
- Општински оддел Левтера
- село Левтера (Ελευθερές, Елевтерес) - 1325 жители
- Општински оддел Нузла
- село Нузла (Άγιος Ανδρέας, Агиос Андрејас) - 314 жители
- село Дрезненска Плажа (Παραλία Μυρτοφύτου, Паралија Миртофиту) - 12 жители новосоздадено
- Општински оддел Нова Ираклица
- село Нова Ираклица (Νέα Ηρακλίτσα, Неја Ираклица) - 959 жители новосоздадено
- село Аповатра (Αποβάθρα) - 44 жители новосоздадено
- Општински оддел Чиста
Општинска единица Орфан[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Орфан (Δήμος Ορφανίου) со седиште во Дедебал (Галипсос) има 5 140 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Дедебал
- село Дедебал (Γαληψός, Галипсос) - 433 жители
- Општински оддел Боблен
- село Боблен (или Боблени; Ακροπόταμος, Акропотамос) - 693 жители
- село Левтерска Бања (Λουτρά Ελευθερών, Лутра Елевтерон) - 4 жители новосоздадено
- Општински оддел Карјани
- Општински оддел Локвица
- село Долна Локвица (Οφρύνιο, Офринио) - 831 жител
- село Долнолоквичка Плажа (Παραλία Οφρυνίου, Паралија Офриниу) - 471 жител новосоздадено
- Општински оддел Орфан
- село Орфан (Ορφάνι, Орфани) - 708 жители
- село Александар Велики (Μέγας Αλέξανδρος, Мегас Александрос) - 66 жители новосоздадено
- Општински оддел Подгорјани
- село Подгорјани (Ποδοχώρι, Подохори) - 665 жители
- село Шарли (Κοκκινοχώρι, Кокинохори) - 284 жители
Општинска единица Пиери[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Пиери (Δήμος Πιερεων) со седиште во Моштијан (Мустени) има 5 002 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Моштијан
- село Моштијан (или Мештани; Μουσθένη, Мустени) - 1075 жители
- Општински оддел Авли
- село Авли (Αυλή) - 556 жители
- Општински оддел Демирли
- Општински оддел Кусороб
- село Кусороб (или Косруп; Μεσορόπη, Месоропи) - 610 жители
- Општински оддел Исирли
- село Исирли (Πλατανότοπος, Платанотопос) - 631 жител
- Општински оддел Рехимли
- село Рехимли (Μεσιά, Месија) - 191 жител
- село Деве Киран (Μέλισσα, Мелиса) - 221 жител
- Општински оддел Самоков
- село Самоков (Δωμάτια, Доматија) - 590 жители
- Општински оддел Четакли
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
- ↑ Општинската единица е наречена по древномакедонскиот народ Пиери, чии потомци се доселиле на ова место од Пиерија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Портал на Општина Кушница Архивирано на 16 мај 2014 г.
|
|