Крит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of Greece.svg
Крит
Περιφέρεια Κρήτης
Областа Крит во Грција
 
Главен град Ираклион
Окрузи Ираклион
Ласити
Ретимно
Хања
Население 623.666 (2005)
Површина 8.336 км²
Портал www.crete-region.gr

Крит (грчки: Κρήτη) е една од тринаесетте периферии на Грција. Исто така е најголем од грчките острови со површина од 8.336 km² (3,219 mi²) и е петти најголем остров во Средоземјеито.

Крит е локација со значајна античка историја и е популарна туристичка дестинација; во неговите атракции спаѓаат минојските локалитети на Кносос и Фестос, класичниот локалитет Гортис, венецискиот замок во Ретимно, и кањонот Самарја, како и многу други природни локалитети, споменици и плажи. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација. Со векови бил познат под своето италијанско име Кандиа (италијански: Candia), од средовековното име на главниот град Ираклион, Хандакс (грчки: Χάνδαξ или Χάνδακας што значи „шанец“). На класичен латински се нарекувал Крета (латински: Creta), а на турски Кандије или Гирит (турски: Kandiye или Girit).

Географија[уреди | уреди извор]

Крит
Κρήτη
Ираклион.
Ираклион.
Географија
Crete integrated map-mk.svg
Координати: 35° СГШ 24° ИГД
Вкупно острови: 25
Површина:[1] 8.336 км²
Највисока точка: Псилоритис (2.456 m)
Управување
Грција Грција
Периферија: Крит
Префектура: Ираклион
Ласити
Ретимно
Хања
Главен град: Ираклион
Статистики
Население: 623,666 (од 2005)
Густина: 75 жит/км²
Пошт. бр.: 72x xx, 70x xx, 71x xx, 73x xx, 740 55, 74x xx
Повик. бр.: 284 x0, 2810, 289x0, 282x0, 28310, 283x0
Код на регистарски таблички: AN, HK, HP, XN, PE
Портал
www.crete-region.gr

Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје, со население од 650.000 (2005). Островот има издолжена форма: се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина од 8.336 km², со брегова линија од 1046 km ; на север излегува на Критското Море (грчки: Κρητικό Πέλαγος); на југ на Либиското Море (грчки: Λιβυκό Πέλαγος); на запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на 160 километри јужно од грчкото копно.

Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни групи на планини. Тие се:

На овие планини се простираат плодни висорамнини, како Ласити, Омалос и Нида; пештери, како Диктеон и Идеон; и кањони како познатиот кањон на Самарја. Заштитената област на кањонот Самарја е дом на кри-кри, додека пак критските планини и кањони се прибежишта за загрозениот грабливец Ламергајер (Gypaetus barbatus).

На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.

Критска култура[уреди | уреди извор]

Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалак. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали.

Економија[уреди | уреди извор]

Економијата на Крит, која воглавно се засновала на земјоделство, започнала да се променува во текот на 1970-тите. Иако земјоделството е најнагласено, благодарение на климата и релјефот на островот, постои пад во производството и забележителна експанзија во угостителството (воглавно поврзано со туризмот). Сите три сектори на критската економија (земјоделство, процесирање-пакување, угостителство), се директно поврзани и меѓусебно зависни. Островот има приход по глава на жител близу 100% од грчкиот просек, додека пак невработеноста е приближно 4%, половина од просекот на државата. Како и во другите региони на Грција, производството на маслинки е многу важно производство; мало количество на цитрони сѐ уште се одгледува на островот.

Островот има три значајни аеродроми: аеродромот Никос Казанѕакис во Ираклион, аеродромот Даскалојанис во Хања и еден помал во Ситиа. Првите два опслужуваат меѓународни дестинации и се главните портали кон островот за патници.

Туризам[уреди | уреди извор]

Островот Спиналонга

Крит е една од најпопуларните дестинации во Грција; петнаесет проценти од сите пристигнувања во Грција се преку градот Ираклион (пристаниште и аеродром), додека пак чартер патувањата до Ираклион лани беа 20% од сите чартер летови во Грција. Сѐ на сѐ, повеќе од два милиони туристи го посетиле Крит лани и овој пораст во туризмот се одразува на бројот на легла во хотелите, кој се покачил за 53% во периодот од 1986 to 1991, кога во остатокот од Грција се покачил за само 25%. Денес, туристичката инфраструктура на островот ги задоволува сите вкусови, вклучувајќи многу широк спектар на објекти за сместување. Гостите стигнуваат до островот преку двата меѓународни аеродроми во Ираклион и Хања, или со брод преку главните пристаништа во Ираклион, Хања, Ретимно и Агиос Николаос.

Градови[уреди | уреди извор]

Главните градови на Крит се:

Политичка организација[уреди | уреди извор]

Островот Крит е периферија на Грција, која се состои од четири префектури (грчки: νομοί):

Во рамките на аматерското радио се смета за посебен „ентитет“ со ИТУ префикс SV9.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Основни карактеристики“. МВР. www.ypes.gr. http://www.ypes.gr/topiki.htm. посет. 8 јули 2007 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]