Агатониси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Агатониси
Αγαθονήσι
Агатониси, со малото пристаниште „Свети Ѓорѓи“
Агатониси, со малото пристаниште „Свети Ѓорѓи“
Агатониси is located in Грција
Агатониси
Агатониси
Координати: 37°27.5′N 26°58′E / 37.4583° СГШ; 26.967° ИГД / 37.4583; 26.967Координати: 37°27.5′N 26°58′E / 37.4583° СГШ; 26.967° ИГД / 37.4583; 26.967
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
ОкругКалимнос
Површина
 • Општина14,5 км2 (56 ми2)
Население (2011)[1]
 • Општ.185
 • Општ. густина1.3/км2 (3.3/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Агатониси (грчки: Αγαθονήσι) — мал грчки остров и општина кој се наоѓа во југоисточниот дел на Егејско Море. Припаѓа на групата острови Додеканези и е дел од регионалната единица Калимнос. Островот исто така е локално познат како Гајдаро („Магаре“), или со неговото античко име Трагаја.

Име[уреди | уреди извор]

Во античките времиња, Агатониси бил познат како Псетудс (грчки: Ψετούσσα). Античкиот историчар Тукидид, исто така, го навел како Трагаја (грчки: Τραγαία), додека Страбон како Трагија и Плутарх како Трагија. Островот е познат како Гајдаро на италијански и како Ешек Адаси на турски јазик.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1912 година, за време на Италијанско-турската војна, Нисирос бил окупиран од италијанските сили. Италија ја презела контролата над островот заедно со другите острови на Додеканези, до 1947 година, кога Додеканезите биле вклучени во составот на Грција, како дел од современата грчка држава,[2].

Географија[уреди | уреди извор]

Највисоката точка на островот е 209 метри надморска височина. Овој врв се наоѓа во близина на Микро Хорио. Островот зафаќа површина од 13,5 квадратни километри. Тој е направена речиси целосно од варовници и е покриен со трнлива макија[2]. Островот е опкружен со многу помали острови и на него се наоѓаат две села: Мегало Хорио („Големо село“) и Микро Хорио („Мало село“). Меѓу нив е малата населба Агиос Георгиос (Свети Ѓорѓи), која го формира единственото пристаниште на островот и се состои од неколку хотели и ресторани.

Во близина на Агатониси се наоѓаат неколку островчиња: Псатониси, Стронгили, Нерониси, Катагани, сите од варовници и Кунелониси, од карпи.

Администрација[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, како дел од законот Каликратис, статусот на островот бил надграден од Заедницата во Општина.

Население[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1920-тите островот имал 80 жители, активни во земјоделството и одгледувањето овци[2]. Пописот на островот во 1981 година покажал дека е населен со 133 луѓе. Во 1991 година, уште еден попис покажал дека населението паднало на 112 жители. На пописот од 2001 година, населението повторно се зголемило на 158 жители, а во 2011 година населението било 185, од кои 168 живееле во Мегало Хорио, а само 17 во Микро Хорио. Општината Агатониси, која ги вклучува ненаселените острови Гларос, Кунели, Нера и Псатонисио, има површина од 14.500 квадратни километри[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Bertarelli (1929) p. 161
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]