Карпатос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карпатос
Κάρπαθος
Pigadia.jpg
Карпатос is located in Грција
Карпатос
Карпатос
Местоположба во областа
2011 Dimos Karpathou.png
Координати: 35°35′N 27°08′E / 35.583° СГШ; 27.133° ИГД / 35.583; 27.133Координати: 35°35′N 27°08′E / 35.583° СГШ; 27.133° ИГД / 35.583; 27.133
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
ОкругКарпатос
Површина
 • Општина324,8 км2 (1,254 ми2)
 • Општ. един.219,9 км2 (849 ми2)
Најг. вис.&100000000000012150000001.215 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.6.226
 • Општ. густина1.9/км2 (5.0/ми2)
 • Општ. един.5.670
 • Општ. един. густина2.6/км2 (6.7/ми2)
Заедница
 • Население2788
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.857 00
Повик. бр.22450
Рег. таб.ΚΧ, ΡΟ, ΡΚ
Мреж. местоwww.karpathos.org

Карпатос (грчки: Κάρπαθος) — втор по големина од грчките Додекански острови, во југоисточниот дел на Егејско Море. Заедно со соседните помали острови Сарија ја формира општината Карпатос, која е дел од регионалната единица Карпатос. Поради својата оддалечена локација, Карпатос има сочувано многу особености на облекување, обичаи и дијалект, посебно слични на Крит и Кипар. Островот, исто така, се нарекува Карпат на латински и Скарпанто на италијански.

Географија[уреди | уреди извор]

Карта од островот, 1597

Островот се наоѓа на 47 километри југозападно од Родос, во делот на Медитеранот, кој се нарекува Карпатско Море (латински: Carpathium Mare). Критското Море се наоѓа на источниот дел од островот Карпатос[2]. Највисоката точка на Карпатос е планината Латос, на 1215 метри. Карпатос се состои од 10 села. Пигадија, главно пристаниште на островот, се наоѓа во југоисточниот дел на островот. Главниот град е опкружен со селата Манети, Аркаса, Апери, Волада, Отос и Плис. На север Месохори, Споа и Олимпос. Постојат две пристаништа, во Карпатос и на север од островот веднаш до Олимпос наречен Дијафани.

Островот Сарија некогаш бил обединет со Карпатос, но земјотрес ги разделил.

Климатски податоци за Карпатос[3]
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 15.4
(59.7)
15.4
(59.7)
16.7
(62.1)
20.0
(68)
23.2
(73.8)
27.4
(81.3)
29.0
(84.2)
29.5
(85.1)
27.3
(81.1)
24.1
(75.4)
20.4
(68.7)
17.2
(63)
22.13
(71.84)
Сред. дневна °C (°F) 12.5
(54.5)
12.4
(54.3)
13.5
(56.3)
16.6
(61.9)
19.8
(67.6)
24.2
(75.6)
25.9
(78.6)
26.8
(80.2)
24.3
(75.7)
20.9
(69.6)
17.2
(63)
14.3
(57.7)
19.03
(66.25)
Прос. ниска °C (°F) 9.7
(49.5)
9.5
(49.1)
10.4
(50.7)
13.2
(55.8)
16.4
(61.5)
21.0
(69.8)
22.9
(73.2)
24.1
(75.4)
21.4
(70.5)
17.7
(63.9)
14.1
(57.4)
11.4
(52.5)
15.98
(60.78)
Прос. врнежи мм (ин) 165
(6.5)
87
(3.43)
76
(2.99)
25
(0.98)
15
(0.59)
2
(0.08)
0
(0)
0
(0)
10
(0.39)
60
(2.36)
90
(3.54)
148
(5.83)
678
(26.69)
Извор: Climate-Data.org [4]

Општини[уреди | уреди извор]

Олимпос

Сегашната општина Карпатос била формирана по реформата на локалната власт во 2011 година со спојување на следните 2 поранешни општини, кои станале општински единици[5]:

  • Карпатос
  • Олимпос

Општината има површина од 324.800 км2, општинската единица 219.924 км2[6].

Историја[уреди | уреди извор]

Остатоци од ранохристијанската базилика Свети Фотини, Пигадија
Село Дијафани.
Главната црква во Дијафани
Фонтана посветена на Аполон.
Село Менетес.
.

Островот Карпатос бил во стари и средновековни времиња тесно поврзан со Родос. Неговото сегашно име се споменува во Хомеровата Илијада како Крапатос (οἳ δ' ἄρα Νίσυρόν τ' εἶχον Κράπαθόν τε Κάσον τε)[7].

Карпатос застанал на страната на Спарта во Пелопонеската војна во 431 год. П.н.е. и жителите ја изгубиле својата независност во 400 година п.н.е. Во 42 п.н.е., островот паднал под римска власт. По поделбата на Римската Империја во 395 н.е., островот станал дел од Византија.

Од нејзините христијански епископи, познати се имињата Олимпиј, кој бил поддржувач на Несториј Цариградски, Зотикус (во 518), Менас (553), Јоан, Лав (во 787) и Филип (во 879 год.). Во 14 век, островот бил дел од латинската црква, од кои четири епископи го носеа името Никола[8][9].

Во 1304 година, Карпатос бил даден како имот на Андреа и Лодовико Мореско, но во 1306 година паднал под власта на Андреја Корнаро, член на семејство Корнаро[10]. Корнаро го контролирал Карпатос до 1538 година, кога островот преминал во сопственост на Отоманските Турци[10].

За време на Грчката војна за независност од 1821 до 1822 островот се побунил, но потоа повторно паднал под османлиската власт[10]. Во 1835 година, султанот Махмуд II му ги признал на островот привилегиите каде данокот се пресметувал како годишен паушал, а не врз основа на домаќинство[10]. Отоманското владеење завршило на 12 мај 1912 година, кога Италијанците го окупирале островот, заедно со Додеканезите, за време на Италијано-турската војна од 1911-12. На тој ден, морнарите од бродот Реџи Марина Виторио Емануеле и уништувачот Алпино слетале во Карпатос. Со Договорот од Лозана (1923), Карпатос се придружил на другите острови на Додеканезите станувајќи дел од италијанското владеење на италијанските егејски острови, и бил отстапен од Италија на Грција со Париските мировни договори од 1947 година. Островот формално се приклучил кон Кралство Грција на 7 март 1948 година.

Кон крајот на 1940-тите и 1950-тите, поради економските проблеми по Втората светска војна, голем број жители емигрирале во градовите на источниот брег на САД.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Националниот аеродром Карпатос, со релативно голема писта, се наоѓа на јужната страна на островот. Карпатос е поврзан со соседните острови и на копното преку фериботи и авиони. Фериботите обезбедуваат превоз до и од Пиреја (преку Крит и Родос). Планираните домашни летови го поврзуваат островот со Родос, Касос, Крит и Атина секојдневно. Дополнително, чартер летовите од различни европски градови често се закажани за време на сезона (април-октомври).

Во рамките на островот, автомобилите се префериран начин на транспорт. Пристаништето, аеродромот, главните села и други популарни локации се поврзани со соодветен систем на општински патишта, од кои повеќето се асфалтирани. Во текот на летните месеци, мали приватни чамци секојдневно се оддалечуваат од Пигадија до различни локации, вклучително и Олимпос и некои недостапни плажи.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението на островот во 2011 година, бројот на жители изнесувал 6.181. Овој број повеќе од двојно се зголемува во летните месеци, бидејќи многумина иселеници доаѓаат на островот за нивниот одмор со своите семејства. Исто така, имајќи го предвид бројот на туристи кои го посетуваат островот, во летните месеци на островот може да има и до 20.000 лица. Густината на населеност е најголема во текот на 15 август, поради фестивалот Панагија (Успение на Богородица), кој се смета за најважен фестивал на островот. Поединци патуваат од целиот свет за да присуствуваат на фестивалот и да ги видат многуте традиции што сѐ уште остануваат на островот.

Плажи[уреди | уреди извор]

Плажите на островот Карпатос можат да бидат поделени во четири големи групи: плажите на источниот брег се помали, но без ветер; плажите на јужниот дел на островот, во близина на аеродромот, направени од ситен бел песок; песочни плажи на западниот брег се најмногу изложени на етезија и тие се достапни само при услови на низок ветер; плажите на север од островот, достапни само по морски пат, а делумно и со џип.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Peter Saundry, C.Michael Hogan & Steve Baum. 2011. Sea of Crete. Encyclopedia of Earth. Eds.M.Pidwirny & C.J.Cleveland. National Council for Science and Environment. Washington DC.
  3. „The Climate of Magouliana of Arcadia“ (PDF). The Climate of Magouliana of Arcadia (in Greek). See table 4, page 19. Academy of Athens, Research centre for Atmospheric Physics and Climatology. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-21. конс. 2011-02-15. 
  4. „Climate: Karpathos“. Climate-Data.org. конс. August 13, 2018. 
  5. Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  6. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. 
  7. http://textcritical.net/work/geography/10/5/15 Geography By Strabo at TextCritical.net
  8. Pius Bonifacius Gams, Series episcoporum Ecclesiae Catholicae, Leipzig 1931, p. 449
  9. Konrad Eubel, Hierarchia Catholica Medii Aevi, vol. 1, p. 439
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Bertarelli, 137

Надворешни врски[уреди | уреди извор]