12 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Мај 2016 12 мај е 132-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (133-и во престапна година). Остануваат 233 денови до крајот на годината.

Настани:

1993  Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина.
1993  Швајцарија ја призна Република Македонија.
1994  Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах.
2004  Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
2008  Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи.
2014  Ѓорге Иванов стапува во вториот мандат како Претседател на Република Македонија.

Родени:

1820  Флоренс Најтингел — англиска медицинска сестра.
1869  Карл Шуман — германски спортист.
1707  Карл фон Лине — шведски ботаничар.
1907  Кетрин Хепберн — американска артистка.
1908  Николас Калдор — британски економист.
1914  Никола Вражалски — македонски правник.
1923  Атанас Петровски — македонски филмски режисер и продуцент.
1923  Живко Стефановски — македонски функционер.
1932  Валтер Вандерли — бразилски органист и пијанист.
1932  Дарко Дамески — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
1935  Гери Пикок — американски џез-музичар.
1936  Френк Стела — американски сликар.
1942  Ијан Дјури — англиски рок-музичар и глумец.
1948  Стив Винвуд — англиски музичар.
1961  Били Дафи — британски рок-музичар, член на групата „Калт“.
1963  Панајотис Фасулас — грчки кошаркар.
1979  Хоаким Родригез — шпански велосипедист.
1988  Марсело — бразилски фудбалер.
1991  Џо Домбровски — американски велосипедист.

Починале:

1003  Силвестер II — римски папа.
1012  Сергиј IV — римски папа.
1860  Чарлс Бери — англиски архитект.
1884  Беджих Сметана — чешки композитор и диригент.
1904  Вангел Георгиев — андартски капетан.
1905  Атанас Шабанов-Тешовалијата — македонски ајдутин и револуционер.
1995  Круме Наумовски — македонски првоборец.
2008  Роберт Раушенберг — американски сликар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември