Џо Домбровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џо Домбровски
Домбровски во 2011 година
Лични податоци
Цело имеЏозеф Лојд Домбровски
ПрекарЛетачкиот Вирџиниец
Роден12 мај 1991 (1991-05-12) (29 г.)
Маршал, Вирџинија,  САД
Висина1,85 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн Фирст
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2007-2008
2008-2010
2010
НКВК/Инова Хелт Систем
Хејмаркет Бајсиклс п/б Фанкшн Дринкс
Хагенс Берман Аксеон (стажант)
Професионални клубови
2011-2012
2013–2014
2015-
Хагенс Берман Аксеон
Тим Скај
Канондејл-Гармин
Значајни победи
Етапни трки
Џиробио (2012)
Трка околу Јута (2015)
Последна промена
3 февруари 2019

Џозеф Лојд „Џо“ Домбровски (англиски: Joseph Lloyd "Joe" Dombrowski; 12 мај 1991) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн Фирст.[1][2] Домбровски станал професионалец во 2011 година.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Домбровски најпрвин започнал со планински велосипедизам на мала возраст, но во наредните години се определил за друмски велосипедизам. Во 2011, Домбровски потпишал со Хагенс Берман Аксеон. Низата на успеси му го донеле признанието за силен талент, а добрите резултати во неговата последна година во преименувата екипа Хагенс Берман Аксеон, го зголемиле интересот од повеќе екипи.[3] Најголем резултат е десеттото место на САД Про Сајклинг Челинџ, настапувајќи против познати американски велосипедисти, како што се Кристијан Ванде Велде, Тиџеј ван Гардерен и Леви Лајпхајмер.

Тим Скај[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, Домбровски потпишал со екипата Тим Скај за сезоните 2013 и 2014.[4] [5][6] Во текот на сезоната 2013, Домбровски му помагал на колегата Крис Фрум да успее во некои повеќеетапни трки.[7][8] Во текот на сезоната 2014, врз Домбровски успешно била изведена операција на артерија.[9][10]

Канондејл-Гармин[уреди | уреди извор]

Домбровски потпишал со Канондејл-Гармин за сезоните 2015 и 2016.[11][12] Додека се подготвувал за Вуелта а Еспања, ја освоил Трката околу Јута 2015, победувајќи ја шестата етапа за обезбедување на победата. Подоцна, бил вклучен во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015 и имал одличен резултат на единаесеттата етапа, кралската етапа, но потфрлил да направи поголем резултат на трката, завршувајќи на 46. место.[13] Повторно потпишал со Канондејл-Драпак за сезоните 2017 и 2018.[14][15] Останал со екипата во 2019 година.[16]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во текот на сезоната, Домбровски престојува во Ница, Прованса-Алпи-Азурен Брег, Франција.[17] Меѓутоа, кога се враќа во САД, престојува во неговиот роден град.[18][19]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2011
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 5
8. Краен пласман Флеш ду Суд
2012
1. Краен пласман Jersey pink.svg Џиробио
1. Етапа 4
1. Етапа 8
3. Краен пласман Трка Џила
4. Краен пласман Трка околу Јута
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
10. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
10. Краен пласман Класик Каскад
2013
1. Етапа 1 (ТТТ), Џиро дел Трентино
6. Јапонски куп
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 6
2. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Краен пласман Тур де Сан Луис
2016
8. Краен пласман Трка околу Јута
2018
5. Краен пласман Класик Колорадо
6. Краен пласман Трка околу Јута

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 34 69 63
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 46 88 101

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Тим Канондејл-Гармин (TCG) - САД". Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 19 јануари 2015.
  2. 2,0 2,1 "Џо Домбровски". Канондејл-Гармин. Колорадо: Slipstream Sports LLC. Посетено на 19 јануари 2015.
  3. Грегор Браун (14 февруари 2013). "Velo International Under-23 Rider of the Year: Joe Dombrowski; International Best Team Director: Allan Peiper". VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 9 јануари 2014.
  4. "Тим Скај потпиша со американскиот двоец". Тим Скај. Манчестер, Англија: Tour Racing Limited. 1 октомври 2012. Посетено на 28 декември 2013.
  5. "Тим Скај потпиша со Домбровски и Босвел". Cyclingnews.com. Future plc. 1 октомври 2012. Посетено на 9 јануари 2014.
  6. Даниел Мекмахон (26 октомври 2012). "Девет прашања со Ијан Босвел и Џо Домбровски". Bicycling. Емаус, Пенсилванија: Rodale, Inc. Посетено на 19 јануари 2014.
  7. Грегор Браун (18 февруари 2013). "Успешно деби на Џо Домбровски од Скај во Оман". Cycling Weekly. Лондон, Англија: IPC Media. Посетено на 18 јануари 2014.
  8. Џеф Малмгрен (22 јули 2013). "Marshall's Dombrowski helped Team Sky prepare for Tour de France win". Fauquier Times. Times Community Media. Посетено на 18 јануари 2014.
  9. Метју Боден (8 август 2014). "Dombrowski has surgery on leg artery, looks to future". VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 12 август 2014.
  10. Стивен Фаранд (16 септември 2014). "Трансфери: Домбровски од Тим Скај во Кенондејл". Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 септември 2014.
  11. Пат Малак (14 октомври 2014). "Домбровски се надева за свеж почеток во 2015". Cyclingnews.com. Бат, Англија: Future plc. Посетено на 14 октомври 2014.
  12. Метју Боден (8 октомври 2014). "П&О Домбровски: Преселба во Канондејл, времето со Скај и операцијата". VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. Посетено на 14 октомври 2014.
  13. "Вуелта а Еспања 2015". Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  14. "Cannondale–Drapac renew with Dombrowski". Cyclingnews.com. Immediate Media Company Limited. 18 јули 2016. Посетено на 18 јули 2016.
  15. Мајкл Бетер (19 јули 2016). "A mid-season chat: Joe Dombrowski talks beer, cars, and renewed contract with Cannondale-Drapac". CyclingTips. BikeExchange Pty. Ltd. Посетено на 19 јули 2016.
  16. "Dombrowski extends with EF Education First-Drapac". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 16 октомври 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  17. "Neo-pro Joe Dombrowski running with the pack". VeloNews. Competitor Group, Inc. 12 декември 2012. Посетено на 9 јануари 2014.
  18. Рик Месе (1 октомври 2012). "Can Joe Dombrowski ride out of Lance Armstrong's shadow?". Washington Post. The Washington Post Company. Посетено на 9 јануари 2014.
  19. Даниел Мекмахон. "Joe Dombrowskis rookie season act". Cycling Reporter. Daniel McMahon. Посетено на 9 јануари 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]