Џиро д’Италија 2020 (позната и како Трка околу Италија 2020) — 103. издание на велосипедскатаголема тркаЏиро д’Италија, која се одржала помеѓу 3 и 25 октомври, откако првично била одложена поради пандемијата на КОВИД-19.[1] Првично требало да се одржи од 9 до 31 мај 2020 година, како прва голема трка во сезоната. Почетокот на Џиро 2020 бил планиран да се одржи во Будимпешта, Унгарија, што ќе било 14. пат Џиро да започне надвор од Италија[2] и првпат некоја голема трка да започне во Унгарија.[3]
Трката била нарушена поради пандемијата на КОВИД-19 во Италија[4] и во март 2020 година била одложена, како и останатите трки во раниот дел од сезоната во Италија.[5] Кога владата на Унгарија објавила дека тие нема да дозволат да се случи почетокот на Џиро 2020, организаторот RCS Sport одлучил да ја одложи трката за подоцнежен датум.[6] На 15 април, UCI објавиле дека обете големи трки, Џиро и Вуелта ќе се одржат наесен по Светското друмско првенство.[7] На 5 мај, UCI објавиле дека Џиро ќе се одржи помеѓу 3 и 25 октомври.[1]
Трката била освоена од Тео Гејган Харт од Обединетото Кралство, кој завршил 39 секунди пред Австралиецот Џеј Хиндли.[8]
Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] Дополнително, три професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи. Екипите биле објавени на 16 јануари 2020 година.[10] На 13 октомври 2020 година, пред почетокот на десеттата етапа, Мичелтон-Скот и Џамбо-Висма ги повлекле сите преостанати возачи од трката поради позитивни тестови на КОВИД-19.[11]
На втората етапа, Жоао Алмеида, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичка циклама, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Гана и Алмеида биле исто така првите двајца возачи во пласманот за млад возач, Микел Бјерг, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.
На третата етапа, Жоао Алмеида, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
На етапите 4–10, Харм Ванхауке, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 11–14 и 16–18, Џеј Хиндли ја носел белата маичка од истата причина, како Брендон Мекналти на етапата 15.
На етапата 21, Тео Гејган Харт, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Џеј Хиндли ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.