Прејди на содржината

Брендон Мекналти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брендон Мекналти
Мекналти на Светското првенство 2017
Лични податоци
Цело имеБрендон Александер Мекналти
ПрекарБАМ, Мекнати
Роден2 април 1998(1998-04-02)(26 г.)
Феникс, Аризона,  САД
Висина1,83 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2012
2013–2014
2015–2016
Флај Рејсинг
Лендис-Трек
ЛУКС Сајклинг Дивилопмент
Професионални клубови
2017–2019
2020-
Рели Сајклинг
ОАЕ Тим Емирати
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Класик Сид-Ардеш (2022)
Последна промена
3 ноември 2022

Брендон Александер Мекналти (англиски: Brandon Alexander McNulty; р. 2 април 1998 во Феникс) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипта Хјуман Пауеред Хелт.ОАЕ Тим Емирати.[1]

На Светското јуниорско првенство 2016, Мекналти станал четврти Американец кој станал светски јуниорски првак по Тејлор Фини, Џеф Еваншајн и Грег Лемонд, освојувајќи го хронометарот за 35 секунди.[2]

Рана кариера

[уреди | уреди извор]

Мекналти пораснал во Феникс, Аризона и во слободно време возел планински велосипед со неговиот татко и неговите пријатели. Мекналти имал талент и ја освојувај скоро секоја трка во планински велосипедизам на која настапил додека возел во јуниорските категории 11-12. Мекналти постепено преминувал на друмски велосипедизам. По неколку победи на локални трки во Белгија во 2014 година, Мекналти привлекол внимание на Бо Никман, менаџер на ЛУКС Сајклинг. Никман, го видел талентот на Мекналти, по што го пратил кај тренерот Барни Кинг. 2015 била пробив за Мекналти, во која победил на етапната трка Долина на сонцето. Мекналти станал национален јуниорски хронометарски првак истата година и учествувал на светското првенство во Ричмонд.

Во 2016 година, Мекналти имал уште поголем успех, победувајќи на Тур де л’Абитиби и на Трофео Карслберг, како и повторно станал национален јуниорски хронометарски првак. Повторно настапил на светското првенство и станал четврти Американец кој станал светски јуниорски првак по Тејлор Фини, Џеф Еваншајн и Грег Лемонд, освојувајќи го хронометарот за 35 секунди.[2]

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Мекналти станал професионалец во 2017 година, но и покрај бројните понуди за екипи од Светската турнеја, се одлучил да вози за американската континентална екипа Рели Сајклинг.[3] Го освоил националното хронометарско првенство под 23 години и завршил втор на светското првенство таа година.

Во 2018 година, Мекналти продолжил да вози за Рели Сајклинг, која станала професионална континентална екипа истата година. Мекналти го имал својот прв настап на трка од Светската турнеја, на Трката околу Калифорнија, каде завршил четврти на шестата етапа (кралска етапа) и на крајот завршил седми, со три и пол минути зад победникот Еган Бернал. Во втората половина на сезоната бил во Европа. Откако завршил трет на Тур Алзас, Мекналти имал добри резултати на неговата прва Тур де л’Авенир каде завршил втор на планинска етапа зад колумбискиот возач Иван Соса, покажувајќи ја својата вештина за качување. На Светското друмско првенство, Мекналти завршил седми во дисциплината поединечен хронометар.

Во 2019 година, Мекналти дошол до својата прва професионална победа на обновената трка Џиро ди Сицилија на претпоследната етапа до Рагуза, со што го презел водството во генералниот пласман. На следната етапа до Етна завршил четврти и го освоил генералниот пласман.

Негово прво учество на некоја голема трка било на Џиро д’Италија 2020,[4] каде завршил на 15. место во генералниот пласман. Возел на Тур де Франс 2021 каде му бил помошник на колегата Тадеј Погачар, кој ја освоил трката.

Мекналти настапил на друмската трка на Летните олимписки игри 2020 кон крајот на 2021 година и бил во можност да победи. Подоцна во трката на помалку од 25 милји бил меѓу преостанатата група, која го содржела победникот и на околу 15 милји нападнал. Само Ричард Карапас можел да го следи и двајцата започнале да прават разлика. На повеќе од 10 милји биле пред групата, но на само 5 милји до целта, Карапас се одвоил и стигнал сам до златниот медал, додека Мекналти отпаднал и завршил со групата. И покрај тоа што не освоил медал, неговиот резултат бил најдобар од американски велосипедист на Олимпијадата во претходните 20 години.[5]

Мекналти ја започнал 2022 силно со победа на неколку трки и учествувал на Париз-Ница со намера за висок пласман во генералниот пласман. Неговите надежи исчезнале рано во трката откако бил фатен во накрсни ветрови, со што загубил надеж за пласман меѓу првите десет.[6] Размислувал да се откаже од трката, но на крајот одлучил да продолжи и завршил во бегството на петтата етапа. На само 40 километри нападнал и ниеден не можел да го следи. Продолжил да го гради своето водство пред бегството и ја освоил етапата за скоро две минути.

Настапил на Тур де Франс 2022 како еден од главните помошници за Погачар, заедно со Мајка, Солер и Бенет; меѓутоа сите од нив биле надвор од трката до последните критични две високопланински етапи. На етапата 17, Мекналти возел темпо кое ја растурило целата група на фаворити со исклучок на неговиот предводник Погачар и Јонас Вингегор. Ја поминал целта трет и станал прв Американец кој ја освоил наградата најборбен возач по Дејвид Забриски, кој ја освоил наградата на рамна етапа во 2012 година.[7]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2015
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
1. Краен пласман Мировна трка за јуниори
1. Етапа 2a (ITT)
2. Краен пласман Тур де л’Абитиби
1. Етапа 1
1. Етапа 3 (ITT)
3. Светско јуниорско хронометарско првенство
4. Краен пласман Три дена Ван Аксел
1. Етапа 2 (ITT)
2016
1. Светско јуниорско хронометарско првенство
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
1. Краен пласман Тур де л’Абитиби
1. Етапа 3 (ITT)
1. Краен пласман Трофео Карслберг
1. Етапа 2b (ITT)
7. Краен пласман Тур ди По де Во
1. Етапа 2b (ITT)
2017
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Светско хронометарско првенство под 23 години
3. Краен пласман Тур Алзас
1. Пролог (ТТТ)
2018
3. Краен пласман Тур Алзас
1. Етапа 1 (TTT)
5. Краен пласман Волта Интернасионал Кова да Беира
7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Светско хронометарско првенство под 23 години
2019
1. Краен пласман Џиро ди Сицилија
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 3
3. Светско хронометарско првенство под 23 години
7. Краен пласман Тур Поату-Шарант ан Нувел-Аквитен
9. Краен пласман Трка околу Оман
2020
4. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
7. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2021
6. Олимписки игри - друмска трка
6. Бриселски велосипедски класик
2022
1. Класик Фон-Ардеш
1. Трофео Калвија
1. Етапа 5 Париз-Ница
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2. Трофео Поленса-Порт д’Андрат
4. Трофео Сера де Трамунтана
Награда за борбеност на етапата 17 на Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2020 2021 2022
Џиро 15
Тур 69 20
Вуелта

— = не учествувал; СО = се откажал

  1. „UAE Team Emirates“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на January 2, 2021. Посетено на January 2, 2021.
  2. 2,0 2,1 „World Championships: McNulty wins junior men time trial“. Cycling News. 12 октомври 2016. Посетено на 23 октомври 2016.
  3. Драјер, Фред (19 јуни 2017). „Why Brandon McNulty chose to race in the U.S., not Europe“. VeloNews.com. Посетено на 20 мај 2018.
  4. „103rd Giro d'Italia: Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на October 2, 2020.
  5. „Taylor Phinney Disappointed At Just Having Missed a Medal at the 2012“. Outside Magazine, Velo News. 29 July 2012. Архивирано од изворникот October 22, 2020.
  6. „Paris-Nice: Brandon McNulty solos to stage 5 win, Primož Roglič takes race lead“. Yahoo News via Velo News. 10 March 2022.
  7. O'Shea, Sadhbh (20 July 2022). „Tour de France: Brandon McNulty named most aggressive rider after helping Tadej Pogačar to stage win: The American helped pace Tadej Pogačar for most of the final 30 kilometers, setting up the Slovenian for the stage victory“. Velo News by Outside Magazine. Посетено на 21 July 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]