Друмски велосипедизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Велосипедисти на Трката околу Франкфурт 2005 во Германија

Друмски велосипедизамвелосипедски спорт кој се одржува на поплочени патишта. Терминот „друмски велосипедизам“ обично се применува за настани каде настапуваат возачи кои стартуваат истовремено и каде победник е оној, кој прв ја минува линијата на крајот на патеката (индивидуалните и екипните хронометри се друга форма на велосипедско тркање на патиштата).

Историски, земји со најдолга традиција во овој спорт и со најмногу натпреварувачи биле Белгија, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија. Меѓутоа, на спортот му се зголемува популарноста и во земји како што Австралија, Венецуела, Русија, Словачка, Јужна Африка, Нов Зеланд, Норвешка, Велика Британија, Ирска, Полска и САД.

Друмскиот велосипедизам започнал како организиран спорт во 1868.[1] Првото светско првенство било во 1893 и велосипедизмот станал дел од модерните Олимписки игри по нивното отпочнување во Атина во 1896.

Друмскиот велосипедизам во неговата современа форма потекнува од крајот на 19 век. Спортот бил популарен во земјите од Западна Европа, Франција, Шпанија, Белгија и Италија. Некои од најраните друмски велосипедски трки во Европа станале едни од најголемите спортски настани. Овие почетни трки биле Лиеж-Бастон-Лиеж (основана 1892), Париз-Рубе (1896), Тур де Франс (1903), Милано-Сан Ремо и Џиро ди Ломбардија (1905), Џиро д’Италија (1909) и Трка околу Фландрија (1913). Тие обезбедиле шаблон за другите трки низ целиот свет. Додека спортот се ширел низ светот, овие историски трки останале најпрестижни за секој велосипедист да ги освои.

Велосипедски првенства[уреди]

Наводи[уреди]

  1. On Your Bicycle, James McGurn, John Murray 1987