Олимписки игри

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Олимписки игри
Olympic rings with transparent rims.svg
Организации
Повелба • МОК • НОК • Симболи
Спортови • Натреварувачи
Табела на медали • Победници • Церемонии
Игри
Антички олимписки игри
Летни олимписки игри
Зимски олимписки игри
Параолимписки игри
Младински олимписки игри


Олимписките игри се голем меѓународен настан, вклучувајќи летни и зимски спортови, во кои илјадници спортисти учествуваат во различни натпревари. Олимписките игри се сметаат за најголемо спортско натпреварување во светот каде што учествуваат повеќе од 200 земји. Денес се одржуваат на секој две години, наиземнично Зимски и Летни Олимписки игри, а во меѓувреме се одржуваат сезонски митинзи. Од 2008г. градот домаќин ѓи организира и Олимписките и Параолимписките игри, во кој се натпреваруваат спортисти со телесна попреченост. Параолимписките игри се одржуваат веднаш по Олимписките игри. Првично, Олимписките игри се одржувале во Олимпија, Грција 8-ми век п.н.е. до 4 век. Барон Пјер де Кубертен го основал Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) во 1894 година. Од таа година МОК стана извршно тело на Олимпиското движење, чија структура и активности се дефинирани од страна на Олимписките повелба. Олимписките игри биле обновени во 1896год.


Еволуцијата на Олимпиското движење во текот на 20 и 21 век резултираше со неколку измени на Олимписките игри. Некои од овие промени вклучуваат создавање на Зимски игри за зимски и спорови на мраз, Параолимписките игри за спортисти со физички хендикеп и Младинските игри за млади спортисти. МОК мораше да се адаптира на различните економски, политички и технолошки промени во 20 век. Како резултат на тоа игрите од целосен аматеризам како што го замислува Кубертен, почнаа со вклучување и на професионални спортисти. Зголемувањето на влијанието на Мас Медиумите доведе до големи коорпоративни спонзорства и комерцијализација на игрите. Светските Војни доведоа до откажување на игрите во 1916, 1940, и 1944 година. Големите протести за време на Студената војана доведоа до ограничено учество на игрите во 1980 и 1984.


Олимпиското движење се состои од Меѓународни спортски федерации (МСФ), Национални олимписки комитети (НОК), и организирање на комисиите за секој Олимписки игри. Како тело за донесување одлуки, МОК е одговорен за изборот на град-домаќин за секој Олимписките игри. Град-домаќин е одговорен за организирање и финансирање на прославата на Игрите во согласност со олимписки повелба. Олимписката програма која се состои од спортовите кои треба да се одиграат на игрите, исто така се утврдени од страна на МОК. Прославата на опфаќа многу ритуали и симболи, како што се олимпиското знаме и факелот, како и свеченото отворање и затворање на игрите. Има над 13.000 спортисти кои се натпреваруваат на летни и зимски олимписки игри во 33 различни спортови и околу 400 дисциплини. Пласираните на првите три мести во сите дисциплини добиваат Олимписки медали, златен за прво, сребрен за второ и бронзен за трето место.


Игрите пораснаа до степен што скоро секоја нација се натпреварува. Таквиот раст создаде бројни проблеми како што се бојкоти, допинзи, поткуп на службени лица па дури и тероризам. Секои две години мадиумската експонираност на Олипмиските игри овозможија помалку познати спортисти да се здобијат со национална, а во некои служаи и маѓународна слава. Игрите, исто така, претставуваат голема можност за градот-домаќин да се покаже во најдобро светло пред целиот свет.


Антички Олимписки игри


Античките Олимписки игри беа серија на натпреварувања одржани помеѓу претставници на неколку градови-држави и кралства од Античка Грција, во кои главно се одржуваа атлетски игри но имаше и борби и трки со коли. За време на Олимписките игри сите борби и војни против учесниците градови-држави беа одложени до завршувањето на игрите. Потеклото на овие Олимписки игри е обвиткано во мистерија и легенда. Еден од најпопуларните митови е дека Херакле и неговиот татко Зевс ги создале или се предци на игрите. Според легендата, Херакле е првиот кој ги нарекол игрите “Олимписки”, и го формира концептот за нивно одржување на секои четири години. Друга легенда опишува дека, откако Херакле ги завршил 12те подвизи, го изградил Олимпискиот стадион во чест на Зевс. По завршувањето на подвизите, тој изодел права линија од 200 чекори и ја нарекол оваа оддалеченост “стадион” (грчки: στάδιον, латински: стадион, "сцена"), која подоцна стана и мерка за една од натпреварувачките дисциплини во игрите. Друг мит ги поврзува првите игри со античкиот Грчки концепт за Олимписко примирје (ἐκεχειρία, ekecheiria). Како најшироко прифатен датум за почеток на старите Олимписки игри е 776 година п.н.е. бидејќи се пронајдени натписи со имињата на победниците на трките во трчање кои се одржувале секои четири години. Античките игри вклучувале трчање, пентатлон (составен од скокање во далечина, фрлање диск, фрлање копја, трка на една нога и борење), бокс, борење итн. Традицијата вели дека Кореобус (Coroebus), готвач од градот Ерлис, бил првиот Олимписки шампион.


Олимписките игри биле од фундаментално религиско значење, вклучувајќи спортски настани заедно со ритуалот на давање на жртва во чест на Зевс (чија славна статуа од Phidias, застана во неговиот храм во Олимпија) и Пелопс, божествен херој и митски цар на Олимпија. Пелопс бил познат по трките со кочија со Кралот Онеомус од Писатис. Победниците во игрите биле гледани со голема восхит и почит и овековечени со песни и статуи. Игрите се одржувале секои четири години и овој период познат како “Олимпијада” бил користен од страна на Грците како една од мерките за мерење на времето. Игрите беа дел од циклус познат како Панхеленските игри во кои беа вклучени Pythian игрите, Nemean игрите и Isthmian игрите.


Олимписките игри го достигнаа својот зенит во 6-тиот и 5-тиот век пред нашата ера, но откако Римјаните почнаа да навлегуваат во Грција, моќта и важноста на игрите значително опадна. Не постои точен податок за тоа кога игрите завршиле, но како најприфатен датум се смета 393 година од н.е. кога царот Теодосиус Први наредил сите пагански култови и практики да се отстранат. Друг датум кој исто така се смета за крај на игрите е и 426 година од н.е. кога наследникот Теодосиус Втори наредил уништување на сите грчки храмови. По падот на Олимписките игри, тие не беа одржани се до крајот на 19-ти век.


Модерните Олимписки игри[уреди]

Претходници на модерната олимпијада


Првиот значителен обид за да се емулираат Античките Олимписки игри бил L'Olympiade de la République, национален олимписки фестивал кој се одржувал еднаш годишно 1796-1798 во тогашната Револуционерна Франција. Во натпреварувањето имало вклучено неколку дисциплини од Античката Олимпијада. Игрите во 1796 исто така биле одбележани и со воведувањето на метричкиот систем во спортот.


Во 1850 година била отворена нова Олимписка класа од д-р Вилијам Пени Брукс во Мач Венлок, Шорпшир Англија. Во 1859 д-р Брукс го променил името во Венлок Олимписки игри. Овој годишен спортски настан се одржува и денес. Венлок Олимпиското општество било создадено на 15 ноември 1860 од страна на д-р Брукс.


Помеѓу 1862 и 1867 во Ливерпул годишно се одржувал Големиот Олимписки фестивал. Осмислени од Џон Хали и Чарлс Мели, во соработка со д-р Брукс, овие игри се елитистички по природа бидејќи само мажи се натпреварувале. Некои од натпреварувачите со себе ги носели и своите тренери. Програмата за Атина 1896 била слична со онаа од Ливерпул, но тоа било очекувано поради тоа што д-р Брукс влкучил дел од програмата од Атина 1896 во игрите во Ливерпул. Во 1865 д-р Брукс, Џон Хали и Е.Г Равенштајн ја основаат Националната Олимписка асоцијација, претходник на Британскиот Олимписки Сојуз. Членовите на оваа асоцијација се темел на Меѓународната Олимписка повелба. Во 1866 во Велика Британија, Кристал Палас, Лондон биле организирани национални Олимписки Игри.


Преродба


Грчкиот интерес за заживување на Олимписките игри започна со Грчката Војна за независност од Отоманската Империја во 1821 година. Прв кој го предложи ова беше поетот и Уредник на Весник Панагиотис Соутсос во неговата поема “Дијалогот на мртовците” oбјавена во 1833 година. Евангелис Запас богат Грчко-Римски филантроп во 1856 година прв се понудил и напишал писмо до кралот Ото да ги финансира и прероди Олимписките игри. Запас ги спонзорираше првите Олимписки игри во 1859 година кои се одржале на градскиот плоштад во Атина. Спортисти од Грција и Отоманската империја земаа учество во игрите. Запас го финансирал и реновирањето на стадионот Panathenaic за да може да биде домаќин на Олимписките игри што ќе се одржуваат во иднина.


Стадионот Panathinaiko беше домаќин на Олимписките игри во 1870 година и 1875 година. Триесет илјади гледачи присуствувале на игрите во 1870г. но за игрите во 1875 година нема официјален податок за тоа колку гледачи присуствувале. Во 1890година откако присуствувал на Олимписките игри од Венлок Олимпиското општество, Барон Пјер де Кубертен добил идеја да го основа Меѓународниот Олимписки Комитет(МОК). Кубертен врз основа на идеите на Брукс и Запас сакал да воспостави Меѓународни ротирачки Олимписки игри кои ќе се одржуваат секои четири години. Тој ги презентирал овие идеи за време на првиот Олимписки конгрес на новосоздадениот МОК. Оваа средба се одржала од 16 до 23 Јуни 1894 година, на Сорбона Универзитетот во Париз. На последниот ден од Конгресот, било одлучено дека првите Олимписки игри, по покровителство на МОК ќе се одржат во Атина во 1986год. МОК го избра грчкиот писател Димитриј Викелас како прв претседател на Комитетот.


Олимписките Игри 1896


Првите Олимписки игри организирани под покровителство на МОК се одржаа на стадионот Panathenaic во Атина 1896год. На овие игри се се натпреваруваа 14 нации, 241 спортист во 43 дисциплини.Запас и неговиот братучед Константинос Запас и довериа на Грчката Влада да ги финансира Олимписките игри во иднина. Довербата беше искористена за финансирање на игрите во 1986год. Џорџ Авероф има голема заслуга за реновирањето на стадионот во подготовките за игрите во 1986год. Грчката Влада исто така учествуваше во финансирањето, средства кои се очекувало да бидат повратени преку продажба на карти за игрите и од продажба на симболот на Олимписките игри. Грчките службеници и јавноста биле ентузијасти во однос на искуството за организирање на овие игри. Ова мислење го делеа и многу спортисти кои дури и побарале Олимписките игри да се одржуваат само во Атина. МОК не го одобрил ова барање. Планот на Комитетот е модерните Олимписки игри да се одржуваат на меѓународно ниво. Според тоа било одлучено вторите Олимписки игри да се одржат во Париз.


Измени и адаптации


По успехот во 1896 Олимписките игри влегле во период на стагнација, период во кој дури и опстанокот на игрите бил доведен во прашање. Олимписките игри одржани во Париз во 1900год. и на Светскиот Саем во Сент Луис биле катастрофални. Игрите во Париз немале стадион но сепак овие игри се запаменети по тоа што за прв пат во историјата жени земаат учество во игрите. На игрите во Сент Луис учество зеле 650 спортисти од кои 580 биле од САД. Но хомогената природа на прославите е една од црните точки на Олимпиското движење. Игрите се вратија во вистинската светлина во 1906год. во Атина во вид на Олимписки меѓуигри како спомен за Олимписките игри од 1896. Овие игри не се официјално признати од страна на Меѓународниот олимписки комитет и це нема одржано ваков вид на игри после 1906год. Овие игри кои беа одржани на стадионот Panathenaic во Атиина, привлекоа многу учесници, и создаде голем јавен интерест. Ова го означи почетокот на порастот на популарноста и големината на Олимписките игри.


Зимски Олимписки игри


Зимските Олимписки игри се создадени за спортовите на снег и мраз кои логично неможат да се одржат за време на Летните игри. Уметничко лизгање (во 1908 и 1920) и хокеј на мраз (во 1920) беа дел од Летните олимписки игри. МОК сакал да ја прошири оваа листа и да опфати и други зимски спортови. На олимпискиот Конгрес одржан во Лозана, 1921год. било одлучено да се одржи зимска верзија на Олимписките игри. Зимска спортска недела (односно 11 дена) се одржала во Шамони, Франција во 1924год.; овој настан се смета за првите Зимски олимписки игри. МОК одлучил Зимските олимписки игри да се одржуваат на секои четири години во истата година како и Летните игри. Оваа Традиција беше зачувана до 1992год. во Албертвил, Франција; после тоа, со почетокот на игрите во 1994год. зимските олимписки игре се одржуваат на секоја трета година послe секоја Олимпијада.


Параолимпијада


Во 1948год. Сер Лудвиг Гатман одлучил да помогне во рехабилитацијата на војниците од Втората Светска Војна, организирајќи повеќе спортски настан помеѓу неколку болници во исто време како и игрите во Лондон 1948год. Овој настан познат како Стоук Мандвил игрите, станал годишен настан. Во текот на следните дванаесет години Гатман и другите продолжиле со своите напори да го искористат спортот како начин на рахабилитација. За Олимписките игри во Рим 1960год. Гатман донесе 400 спортисти да се натпреваруваат во “Паралелна Олимпијада” која стана позната како првата Параолимпијада. Од тогаш, Параолимписките игри се одржуваат во секоја олимписка година. Почнувајќи од Олимписките игри 1988 одржани во Сеул, Јужна Кореја, градот-домаќин на Олимпијадата е домаќин и на Параолимписките игри. Во 2001год. МОК заедно со Меѓународниот Параолимписки Комитет потпишале договор кој гарантира дека градовите-домаќини ќе ги организираат и Олимписките и Параолимписките игри. Договорот стапи на сила на Летните олимписки игри во Пекинг 2008год. и Зимските игри во Ванкувер 2010год. Претседателот на Лондонскиот организиациски комитет Лорд Коу, за Летните Игри во Лондон 2012 изјави: “Ние сакаме да го смениме јавното мислење кон хендикепот, го прославиме совршенството на Параолимпискиот спорт и да се овековечи уште од самиот почеток дека двете Игри се интегрирана целина”


Младински Олимписки игри


Во 2010год Олимписките игри беа дополнети со Младински Олимпски игри, кои даваат шанса на спортистите помеѓѕ 14 и 18год. да се натпреваруваат. Младинските игри беа осмислени од претседателот на МОК, Жак Рок во 2001год. и одобрени на 119 конгрес на МОК. Првите Младински Олимписки игри беа одпжани во Сингапур од 14 до 18 Август 2010год. додека првите Зимски Младински игри ке бидат одржани во Инсбрук, Австрија две години подоцна. Овие игри ќе траат пократко од сениорската олимпијада; Летната верзија ќе трае 12 дена додека зимската 9 дена. МОК овозможува 3500 спортисти и 875 претставници на учествуваат на Летните Младински игри, и 970 спортиси и 580 претставници во Зимските Младниски игри. Распоредот ќе биде ист како и оној на Сениорските игри така да можеби ќе има мали проблеми во организацијата, но ќе има редуцирање на некои спортови и дициплини.


Неодамнешни Олимпијади


Од 241 учесник од 14 земји во 1896год. бројот порасна до 10 500 натпреварувачи од 204 земји на Летните игри во 2008год. Обемот и степенот на Зимските Олимписки игри е помал. На пример, Торино беше домаќин на 2580 спортисти од 80 земји кои се натпреваруваа во 84 дисциплини, за време на Зимските Олимписки игри во 2006год. За време на игрите повеќето спортисти и официјални лица се сместени во Олимпиското село. Ова село е наменето да биде единствен дом на учесниците во Олимпијадата. Во селото има кафитерии, болница и места за религиско изразување. МОК дозволи формирање на Национални Олимписки Комитети, кои ќе ги претставуваат земјите што не ги исполнуваат строгите барања за политички суверенитет кои ги задаваат другите интернационални организации. Како резултат на тоа, колониите и земјите кои не се независни им е дозволено да учествуваат на Игрите. Пример за овој вид земј и се Порторико, Бермудите и Хок Конг, кои се натпреваруваат како независни, а всушност законски се дел од друга држава. Сегашната верзија на Повелбата не дозволува нови национални олимписки комитети кои ќе претставуваат “независна држава призната од меѓународната заедница”. Затоа не дозволи формирање на национален олимписки комитет за Свети Мартин и Куарсао кога тие добија ист уставен статус како и Арубиа 2010год. иако претходно го призна националниот олимписки комитет на Аруба во 1986.


Меѓународниот Олимписки Комитет


Олимпиското движње опфаќа голем број на национални и меѓународни спортски огранизации и федерации, признаени медија партнети, спортисти, судии, официјални лица и сите други што работат и ги почитуваат правилата на Олимписката повелба. Како заштитна организација на Олимпикото движење, МОК е одговорен за избирање на градот-домаќин на игрите, надгледување на подготовката на Олимпијадата, ажурирање и одобрување на спортската програма и преговарање за спонзорства и правата за емитување. Олимпиското движење е составено од три главни елементи: • Меѓународни Федерации (МФ); органи за управување кои вршат надзор на спорт на меѓународно ниво. Пример, Интернационалната федерација и асоцијација на фудбалот (ФИФА), е (МФ) за фудбалот и Интернационалната Федерација за Одбојка е (ФИВБ) е (МФ) за обојката. Во моментов постојат 35 меѓународни федерации во Олимпиското движење, што го претставуваат секој Олимписки спорт. • Националните Олимписки Комитети (НОК) го претставуваат и регулираат Олимписото движење во рамките на секоја земја. Пример, Националниот Комитет на САД, е НОК на САД. Во моментов постојат 205 Национални Олимписки Комитети признаени од Меѓународниот Олимписки Комитет. • Организациски Комитети за Олмписките игри (ОКОИ) ги претставува привремените комитети за организација на специјалната прослава на Олимписките игри. ОКОИ се распушта на крајот на Игрите, откатко финалниот извештај ќе биде доставен до МОК.

Франускиот и Англискиот се официјални јазици на Олимпиското движење. Друг јазик кој се користи е и јазикот на земјата во која се одржува Олимпијадата. Секое прогласување (како што е најавата на секоја земја учесничка за време на парадата на наците) се зборува на овие три јазици, или на двата главни во зависност од тоа дали земјата домаќин припаѓа на англиско или француско говорно подрачје.


Критики


МОК е често критикуван како непослушна организација, со неколку членови на комитетот со доживотен работен статус. Раководството на МОК, претседателите Ејвори Брандејџ и Хуан Антонио Самаранч се особено контроверзни. Брандејџ беше претседател 20год. и за време на неговиот мандат ги заштити Олимписките игри од политичка вмешаност. Беше обвинет за расизам, за начинот на кој се справи со апархејдот на Јужно Африканската делегација, и за анти-семитизмот. Под претседателството на Самаранч, МОК беше обвинет и за непотизам и за корупција. Врската на Самаранч со режимот на Франко во Шпанија исто така беше ставен на големи критики. Во 1998год. беше разоткриено дека неколку членови на МОК земале мито од членовите на Комитетот на Солт Лејк Сити за добивање на правото на организација на Зимските Олимписки игри 2002, за да се осигураат нивните гласови Солт Лејк Сити да биде домаќин на игрите. МОК спроведе истрага што резултираше со оставка на 4 членови и протерување на други 6. Скандалот предизвика понатамошни реформи што ќе го променат начинот на кој ќе се бира градот-домаќин на игрите и да се избегнат вакви слични случаи во иднина. Документаарка на ББЦ насловена “Панорама”Купување на игрите, емитувана во август 2004год. истражуваше за земањето на мито во процесот за добивање на организацијата на Летните Олимписки игри во 2012год. Документарката тврдеше дека е можно да се поткупат членовите на МОК да гласаат за одреден град да биде домаќин. Откако доживеа тесен пораз, Парискиот градоначалник, Бертран Делано конкретно го обвини Британскиот премиер Тони Блер и Лондонскиот комитет (предводен од поранешниот шампион Себастијан Коу) за прекршување на правилата за добивање на организацијата. Тој го наведе Францускиот претседател Жак Ширак за директен сведок; Ширак даде неколку интервјуа за неговата вмешаност. Никогаш не беше спроведена целосна истрага за овие тврдења. Понудата на Торино за организација за игрите во 2006год. исто така беше обвиткана во контроверзии. Познатиот член на МОК, Марк Ходлер, силно поврзан со конкурентната понуда од Сион, Швајцарија, овини за наводно подмитување на претставниците на МОК од страна на Организацискиот Комитет на Торино. Ова обвинување доведе до голема истрага. Овие наводи доведоа до тоа, голем број од членовите на МОК да се насочат против кандидатурата на Сион, а со тоа и потенцијално помогнаа Торино да ја добие организацијата на игрите.


Комерцијализација


МОК првично се спротиставуваше на финансирање од страна на големите корпорациски спонзори. Беше така се до пензионирањето на претседателот Ејвори Бранејџ, во 1972год. кога МОК започна да ја проучува моќта на телевизијата и профитабилното рекламирање кој се достапни. Под водство на Хуан Антонио Самаранч, Игрите почнаа да се осврнуваат кон меѓународни спонзори кои се обидоа да ги поврзат своите производи со Олимпискиот бренд.


Буџет


Во текот на првата половина на 20тиот век МОК имаше мал буџет. Како претседател на МОК од 1952 до 1972, Ејвори Бранејџ ги отфрли сите можности за поврзување на Олимписките игри со комерцијален интерест. Брандејџ веруваше дека лобите или фоајето на коорпоративните интереси прекумерено ќе влијае на донесувањето на одлуките на МОК. Отпорот на Брандејџ кон ваквиот прилив на приходи значеше дека МОК остави на Организационите Комитети да преговараат за свои спонзорства и употреба на Олимписките симболи. Кога Брантејџ се пензионираше МОК имаше 2 милона Американски долари во средства... осум години подоцна касата на МОК порасна на 45 милиони Американски долари. Ова првенствено се должи на промената во идеологијата кон проширување на игрите преку коорпоративно спонзорство и продажба на телевизиските права. Кога Хуан Антонио Самаранч беше избран за претседател на МОК во 1980год. негова желба беше да го направи МОК финансиски незавсен. Летните Олимписки игри од 1984год се пресвртница во историјата на Олимписките игри. Организацискиот Комитет со седиште во Лос Анџелес, предводен од Питер Веберот беше во состојба да генерира суфицит од 225 американски долари што е невиден износ во тоа време. Организацискиот Комитет бил во можност да создаде толкав суфицит со продажбата на ексклузивни спонзорски права на одредени компании. МОК се обиде да стекне контрола врз овие спонзорски договори. Самаранч помогна да се утврди Олимписката Програма (ОП) во 1985, со цел да се создаде олимписки бренд. Членството во ОП беше и сеуште е ексклузивно и скапо. Членарината за 4год. изнесува 50 милиони американски долари. Членовите на ОП добиваат ексклузивни глобални рекламни права за нивните производи, и користење на Олимпискиот симол, испреплетените прстени, во нивните публикации и реклами.


Влијанието на телевизијата


Летните Олимписки игри во Берлин 1936год. беа првите игри кои се емитуваа на телевизија, иако беа само за локалната публика. Зимските Олимписки игри во 1956год. беа првите игри што се емитуваа на меѓународно ниво, додека за следните Зимски игри телевизиските права за прв пат беа продадени на одредена телевизиска мрежа во случајот ЦБС за америчките права, која плати 394.000 американски долари и на Европската радиодифузна унија(ЕРУ) која плати 660.000 американски долари. Во следните децении Олимписките игри станаа еден од идеолошките фронтови за Студената Војна. Суперсилите се бореле за политичка надмоќ, додека МОК сакал да го искористи овој зголемен интерест преку емитување на медиум. Продажбата на телевизиските права овозможи на МОК да го зголеми изложувањето на Олимписките игри, а со тоа и генерирање на поголем интерест, што од своја страна создаде повеќе жалби за големината на рекламите на телевизијата. Овој цилкус на МОК му овозможи постојано да ги надоместуваат надоместоците за тие права. На пример, ЦБС плари 375 милиони американски долари за Игрите во Нагано 1998год, додека НБЦ плати 3.5 милијарди американски долари за телевизиские права за сите Олимписки игри од 2000год до 2012год. Публиката се зголеми експоненцијално од 60тите години на 20век па се до неговиот крај. Ова се должи на употребата на сателити и можноста да се пренесува програма во живо низ целиот свет во 1964год, како и на воведувањето на телевизор во боја во 1968год. Проценката на глобалната гледаност на Олимписките игри во Мексико Сити во 1968год. беше околу 600 милиони гледачи, додека за игрите во Лос Анџелес 1984год, бројот на гледачи се зголеми на 900 милиони; тој број порасна на 3.5 милијарди за Летните Олимпшиски игри о Барселона во 1992год. Сепак за Летните Олимписки игри во Сиднеј 2000 година, НБЦ изнесе најнизок ранг на гледаност за било кои Летни или Зимски Олимпијади од 1968год. Ова се препишува на два фактори: еден од нив беше зголемената конкуренција од кабеслките канали и втората беше интернетот, преку кого се следеа резултати и видеа во реално време односно директно. Телевизиските компании сеуште се потпираа на одложен пренос на програмата во зависнот од временската зона на земјите, што полека стануваше застарена техника во новота инорматичка ера. Падот на рејтингот значеше дека телевизиските студија мора да дадат бесплатно рекламирачко време. Со толку високи трошоци за емитување на Игрите, влијанието на интернетот и зголемената конкуренција од кабелските оператори, телевизиското лоби побара отстапки од МОК за да го зголеми рејтингот. МОК реагираше со тоа што направи голем број промени во Олимписката програма. На летните Олимписки игри, гимнастичките дисциплини беа продолжени за два дена од седум на девет, и Шампионска Гала беше додадена со цел да се зголеми интересот. МОК исто така ги прошири и пливачките и нуркачките спортови, двете популарни дисциплини со голема база на телевизиски гледачи. Конечно, Американското Телевизиско лоби успеа да диктира или влијае кога по одредени настани тие беа во можност да ги емитуваат Игрите во живо во ударен термин во САД. Резултаите од овие напори беа измешани; гледаноста на Зимските игри во Торино 2006 година, беше значително помала од онаа во 2002 година, додека имаше мал пораст на гледаноста на игрите одржани во Пекинг во 2008 година.


Контроверзии


Продажбата на Олипискиот бренд е контроверзна. Аргументот е дека игрите станаа различни од секој друг комерцијализиран спортски спектакл. Имаше и одредена критика кон МОК за сатурацијата во пазарот за време на игрите во Атланта, 1996год и за Сиднеј,2000. Градовите биле преплавени со корпорации, трговците продавале стока и производи поврзани со Олимписките симболи. МОК исто така наведе дека ќе го реши овој случај за во игрите во иднина да нема преголем маркетин. Друга критика на игрите е дека тие се финансирани од страна на градот-домаќин и националните влади; МОК не е изложен на никаков трошок, а сепак ги контролира сите права и профитот од Олимпискиот Симбол. МОК исто така зема процент од сите спонзорства и емитување на игрите. Градовите продолжуваат да се борат за добивње на организавијата на игрите иако не постои сигурност дека ќе ги повратат своите инвестиции.


Симболи


Олимпиското движење користи симболи за ги претстави идеалите вклопени во Олимписката Повелба. Олимпискиот симбол, попознат како Олимписките прстени, се состои од пет испреплетени прстени, кои го претставуваат еднинството на петте населени континенти ( Америка, Европа, Африка, Азија, Австралија). Обоената верзија на прстенита, сино, жолто, црно, зелено и црвено – претставени на бела површина го формираат Олимпиското знаме. Овие бои се избрани бидејќи секоја нација има најмалку една од нив на своето државно знаме. Знамето е усвоено во 1914 година, а за прв пат беше искоритено за игрите во Антверпен, Белгија во 1920 година. Оттогаш се изложува во текот на секоја прослава на игрите.

Олимпиското мото е Citius, Altius, Fortius, латински израз што значи "побрзо, повисоко, посилно". Идеалите на Кубартан се изразени во Олимпиското кредо. Најважно во олимписките игри не е да се победи, туку да се земе учество, како и во животот, најважна работа не е триумфот туку борбата. Основно нешто не е да се победи, туку да се бориш од се срце за победата. Неколку месеци пред почетокот на Олимпијадата, олимпискиот оган се пали на голема церемонија која се одржува во Олимпија каде се повторуваат античките Грчки ритуали. Женски изведувач, која глуми свештеник, го пали факелот со помош на сончевата светлина преку конкавно огледало, потоа го предава факелот на првиот од илјадници носители кои штафетно го пренесуваат до Олимпискиот стадион каде се одржуваат игрите, каде што игра важна улога во отварањето. Иако огнот е симбол на игрите од 1928 година, тој вистински беше претставен во 1936 година, како дел од обидот на Германската Влада да ја промовира својата Национал- Социјалистичка идеологија. Олимписката маскота, фигура во вид на животно или човек, која го претставува културното наследство на земјата домаќин е воведена во 1968 година. Игра важна улога во промоција на идентитетот на игрите од Летните Олимписки игри во 1980 година кога младото мече од Русија, Миша стана светска ѕвезда. Маскотата на најновите Летни Олимписки игри од 2008 година во Пекинг беше “Фува” суштество кое ги претставува петте елементи фенгуши до Кинеската култура.



Церемонии[уреди]

Отварање


Како што е наложено од страна на Олимписката повелба, најразлични ритуали се изведуваат за време на отварањето на Олимпијадата. Повеќето од овие ритуали се основани за време на Летната Олимпијада во Атверпен, 1920 година. Церемонијата обично започнува со дигање на знамето и свирење на химната на земјата-домаќин. Потоа се изведуваат уметнички прикази, пеење, танц и театар дел од културата на земјата-домаќин. Уметничките презентации се зголемија во обем што секој организатор се обидува да направи што поголема церемонија што ќе го надмине својот претходник и ќе биде долго запаметена. Церемонијата за отварањето на Летните игри во 2008 година во Пекинг наводно чини 100 милиони американски долари, повеќето искористени за уметничкиот сегмент. По уметничкиот дел од церемонијата, има парада на спортистите во стадионот, групирани по нации. Традиционално, Грција е прва што влегува, во чест на потеклото на Олимписките игри. Потоа нациите влегуваат во стадионот по азбучен редослед, според јазикот одбран од земјата домаќин, се до спортистите на земјата-домаќин кои излегуваат последни. За време на игрите во Атина, 2004 година, Грчкото знаме излезе прво, додека грчката делегација излезе последна. Се одржуваат говори за формално отворање на игрите. Конечно, Олимпискиот факел стигнува на стадионот и се предава на последнтиот носител, најчесто познат спортист од земјата-домаќин, кој го пали Олимпискиот оган.


Церемонијата на затворање на Олимписките игри


Свеченоста на затворање на игрите се изведува по завршувањето на сите спортски настани. Носители на знамиња од сите земји учеснички влегуваат во стадионот, следени од спортистите кои влегуваат сите заедно. Се подигнуваат три национални знамиња, а во исто време се свират и соодветните химни на: Грција, во чест на родното место на игрите, химната и знамето на земјата-домаќин и химната и знамето на организаторот на наредните Олимписки игри. Претседателот на Организациониот комитет и Претседателот на МОК ги одржуваат завршни говори и игрите се официјално затворени со што се гаси и Олимпискиот оган. Познато како Антверпен церемонија, Градоначалникот на градот-домаќин на игрите предава специјално знаме на Претседателот на МОК кој потоа го предава знамето на Градоначалникот на следниот град-домаќин н игрите. По овие задолжителни ритуали, нацијата на следниот град-домаќин на кратко изведува уметнички церемонии, театар, танц претставувајќи ја својата култура.


Церемонијата на доделување на медалите


Доделување на медалите се одржува по завршувањето на секој Олимписки настан. Победникот, второпласираниот и третопласираниот застануваат на подиум со три нивоа соодветно, за да ги добијат своите медали. Откако медалите ќе бидат доделени од старна на претставник на МОК, се издигнуваат знамињата на нациите на трите натпреварувачи и се свири химната на победникот. Волонтери, граѓани од земјата-домаќин исто така учествуваат во церемонијата на доделување на медалите помагајќи на претставниците на МОК, а воедно се и знамоносачи. За секоја Олимписка дисциплина, медалите се доделуваат најкасно еден ден по крајот на дисциплината. За машкиот маратон кој обично се одржува изутрината на последниот ден на Олимписките игри, медалите се доделуваат на затварањето на игрите.


Олимписки спортови


Олимписката програма се состои од 35 спортови, 30 дисциплини и околу 400 настани. На пример, борење е спорт кој се одржува за време на Летните Олимписки игри, а се состои од две дисциплини: грчко-римски и слободен стил. Понатаму е расчленет на 14 настани за мажи и 4 настани за жени, секој претставува различна класа во тежина. Летната Олимписка програма вклучуваат 26 спортови, додека Зимската 15. Атлетика, пливање, мечување, и гимнастика се спортови кои никогаш не биле изоставени од Олимписката програма. Крос-кантри скијање, уметничко лизгање, хокеј на мраз, нордиска комбинација, ски скоковите, и брзо лизгање се спортови кои се одржани на секоја Зимска Олимпијада од нејзиното основање во 1924 година. Сегашните олимписки спортови како што се бадминтон, кошарка, одбојка прво се појавија како надополнување додека сега се дел од Олимписката програма. Некои спортови кои беа вклучени во постарите Олимпијади не се веќе дел од Олимписката програма. Олимписките спортови се регулирани од Меѓународна Спортска федерација (МОФ) призната од страна на МОК како глобален супервизор на овие спортови. Има 35 спортски федерации признаени од МОК. Постојат спортови кои се признаени од МОК но не се дел од Олимписката програма. Овие спортови не се сметаат за Олимписки спортови, но можат да бидат промовирани како такви за време на ревизијата на програмата која се случува за време на првата сесија на МОК по завршувањето на Олимписките игри. За време на ваквите ревизии, некои спортови можат да бидат додадени, а некој исклучени од програмата врз база на двотретинско мнозинство гласови од членовите на МОК. Има признати спортови кои никогаш не биле вклучени во Олимписката програма, вклучувајќи ги шахот и сурфањето. Во ноемви 2004 година МОК основа Комисија за Олимписката програма која за задача ќе има да ги разгедува сите Олимписки спортови и сите други спортови кои не признаени од МОК , а не се во програмата. Целта беше да се воведе систематски пристап кон воспоставувањето на Олимписката програма. Комисијата формулираше седум критериуми според кои ќе се суди дали некој спорт ќе биде вклучен во програмата. Критериумите се: историја и традиција на спортот, универзалноста, сликата, популарноста на спортот, здравјето на спортистите, колку е развиена федерацијата што раководи со спортот и трошоците за одржување на спортот. Од оваа студија, пет спортови се појавија како кандидати за да влезат во програмата за игрите во 2012 година во Лондон: голф, карате, рагби, ролери и сквош. Овие спортови беа разгледани од страна на извршниот одбор на МОК на Генералната Седница одржана во Сингапу во 2005 година. Од петте спортови кои беа препорачани само два влегоа во финале, карате и сквош. Ниеден не го освои потребното двотретинско мнозинсто и поради тоа не беа промовирани како нови спортови во Олимписката програма. Во октомври 2009 година МОК гласаше за воведување на голфот и рагбито во Олимписката програма за Летните олиписки игри во 2016 и 2020 година. 114тата Седница на МОК одржана во 2002 година ја ограничи програмата за Летните Олимписки игри на максимум 28 спортови, 31 настан и 10.500 спортисти. Три години подоцна на 117тата Седница беше направена првата поголема ревизија на програмата, што резултираше со ислкучување на безболот и софтболот од Летната Олимпијада во Лондон 2012. Поради тоа што немаше доволно гласови за воведување на два нови спортови, програмата за 2012 ќе содржи само 26 спортови. За Олимпијадите во 2016 и 2012 ќе бидат додадени и рагби и голф така што ќе биде вратен бројот на максимум 28 спортови.


Аматеризам и Професионализам


Етосот на аристократијата како што е примерот на англиските независни училишта во голема мера беа под влијание на Пјер Де Кубертен. Независните училишта веруваа дека спортот е важен дел од образованието, став кој потекнуваше од изреката “sana in corpore sano” што значи “во здраво тело здрав дух”. Според овој етос, најдобар беше оној кој е добар во повеќе работи, а не само во една. Исто така и превладуваше концептот на праведност според кој тренирањето и обуката се еднакви со мамење. За оние кои тренираат спорт професионално се смета дека имаат неправдена предност пред оние на кои спортот и е само хоби. Изоставувањето на професионални спортисти предизвика големи контроверзии во текот на модерните Олимписки игри. На шампионот во пенатлон и декатлон Џим Торп за време на Олимписките игри во 1912 година, му беа одземени медалите откатко беше откриено дека имал играно полу-професионален безбол. Медалите му беа постхумно доделени од МОК во 1983. Швајцарија и Австрија ги бојкотираа Зимските Олимписки игри бо 1936 година, во подршка на нивните тренери, на кои не им беше дозволено да се натпреваруваат бидејќи заработуваат од спортот и за тоа се сметаат за професионалци. Во текот на осумдесетите години на 20ти век, сторигите аматерски правила омекнаа. Државното спонзорирање на земјите од Источниот блок на “спортисти аматери кои живеат од спортот” дополнително ја уништи идеологијата за чисто аматерство и ги доведе во предност во однос на самофинансираните аматери од Западниот земји. Во текот на седумдесетите години, аматерските правила полека се исфрлаа од Олимписката повелба. По игрите во 1988 година МОК одлучи професионалние спортисти легално да можат да учествуваат во игрите, предмет на одобрување од страна на Меѓународната федерација. Почнувајќи од 2004 година, единствените спортови во кои се натпреваруваат непрофесионалци се бокс и борење, иако и тоа бара дефиниција за аматеризам врз основа на правилата на борба, а не врз основа на исплатата, иако некои боксери и борачи примаат паричен надоместок од Националните Олимписки федерации.



Контроверзии[уреди]

Бојкоти


Австралија, Велика Британија и Швајцарија се единствените нации кои имаат учествувано на сите Олимписки игри од нивното основање во 1896 година. Повеќето земји ги пропуштаат Олимписките игри заради недостатокот на квалитетни спортисти, но некои не учествуваат поради други причини. Ирска ги бојкотираше игрите во Берлин 1963 година, бидејќи МОК инсистираше Ирска треба да се ограничи и да не го претставува целиот остров. Имаше три држави кои ги бојкотираа Олимписките игри 1956 во Мелбурн: Холандија, Шпанија и Швајцарија одбија да присуствуваат поради репресија на Унгарското востание од страна на Советскиот Сојуз, но пратија екипа во поло на игрите во Стокхлом; Камбоџа, Египет, Ирак и Либан ги бојкотираа игрите поради кризата Суецкиот канал; Кина ("Народна Република Кина") ги бојкотираше игрите поради што му беше дозволено на Тајван ("Република Кина") да се натпреварува во игрите. Во 1972 и 1976 година голем број од Африканските земји се закануваа дека ќе ги бојкотираат игрите ако МОК не забрани учество на Јужна Африка и Родезија поради нивните сеграгациски режими и на Нов Зеланд затоа што националниот рагби тим направил турнеа во Јужна Африка. МОК ги призна првите два предлози но го отфрли предлогот за Нов Зеланд бидејќи рагбите не е Олимписки спорт. Дваесет Африкански земји заедно со Гвајани и Ирак, предводени од Танзанија ги бојкотираа игрите во Монтреал иако некои од нините спортисти веќе имаа настапено. Тајван, исто така, одлучи да ги бојкотира овие Игри, бидејќи ‘Народна Република Кина’ изврши голем притисок врз Организацискиот Комитет на Монтреал да забрани на “Република Кина” да настапи на игрите под тоа име. Тајван одби компромисот да настапи по знамето и химната на Република Кина, но да го смени името. Тајван не настапуваше се до 1984 година кога се врати на Игрите по името Кинески Тајпеи со ново знаме и нова химна. На Игрите во 1980 и 1984 година, спротиставените страни од Студената Војна си ги бојкотираа игрите. 65 земји одбија да настапан на Игрите во Москва 1980 година поради Советската инвазија над Авганистан. Бојкотот го редуцираше бројот на 81 земја учесничка , најмал број од 1956 година. Советскиот Сојуз заедно со 14 други земји од Иточниот блок (без Роаманија) ги бојкотираа игрите во Лос Анџелес, 1984 година тврдејќи дека не може да ја гарантира безбедноса на своите спортисти. Советскиот Сојуз ја бранеше својата одлука да не настапи на Игрите бидејќи ‘шовинистичките чувства и анти Советска хистерија се случува во САД”. Земјите што ги бојкотираа игрите организираа Пријателски Игри одиграни во јули и август истата година. Имаше повици за бојкотирање на кинеските производи за време на игрите во Пекинг 2008 година, во протест на човековите права во Кина, и нарушените односи помеѓу Тибет и Дарфур. На крајот, ниедна нација не го подржа бојкотот. Во август 2008 година, Владата на Грузија повика на бојкот на Зимските Олимписки игри коитреба да се одржат во Сочи, Русија 2014 година, поради учеството на Русија во војната во Јужна Осетија во 2008година.


Политиката и Игрите


Олимписките Игри се коритени како платформа за промовирање на политички идеали уште од нивното основање. Нацистичка Германија сакаше да ја претстави Националистичката Социјалистичка партија како мирољубива и добронамерна кога ги организираше игрите во 1936 година, иако ги искористиа игрите да прикажат Архиевска супериорност. Германија беше најуспешна нација на Игрите, што ја потврди супериорноста но значајни победи оствари и Афроамериканецот Џеси Овенс кој освои четит златни медали, и Унгарскиот евреин Ibolya Csák, ги одбележаа игрите. Советскиот Сојуз не учествуваше се до Летните Олимписки игри во Хелсинки 1952 година. Наместо тоа Советскиот Сојуз организираше мегународен спортски настан кој се викаше “Спартакаид”. За време на меѓувоениот период од 1920-тите и 1930-тите, комунистички и социјалистички организации во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, се обидоа да ги споротистават она што тие го нарекуваа Буржоазиски Игри и Игри на рабтниците.Тоа беше така се до Летната Олипијада во 1956 година кога Советскиот Сојуз стана спериорна сила и на најдобар начин го искористија публицитетот што го здобија со победата на Олимпјадата. И спортистите исто така ја искоритија својата слава за да промовираат одредени политички аспекти. На летните Олимписки игри во Мексико Сити 1968 година, Американските спортисти Томи Смит и Џони Карлос, кои завршија прв и трет на трката на 200 метри, го изведоа поздравот за Моќ на црнците за време на доделувањето на медалите. Второпласираниот Петер Норман од Австралиј носеше беџ со натпис за Заштита на човековите права, во подршка на Смит и Карлос. Претседателот на МОК Ејвори Брандејџ препорача на САД или да ги прати двајцата спортисти дома или да се повлече својот атлетски тим. Во моментов, Вледата на Иран прави големи напори за да избегне било какви натпревари помеѓу нивните и натпреварувачите на Израел. Иранскиот џудист Араш Миресмаели не настапи на мечот против натпреварувача од Израел за време на Летните Олимписки игри во 2004 година. Иако беше дискфалификуван поради својата тежина, тој беше награден 125.000 американски долари сума која Иранската Влада ја исплати на секој освојувач на златен медал. Тој официјално беше ослободен од секакви обвиненија за намерно избегнување на мечот, но прифаќањето на наградата покренува сомнеж.


Допинг


Во почетокот на 20тиот век многу спортисти почнаа да користат стумулативни средства или дроги за подобрување на нивните перформанси. На пример, победникот на маратонот во 1904 година, тренерот на Томас Хикс му дал стрихнин и коњак. Единствениот смртен случај поврзан со допингот се случи во Рим, 1960 година. За време на една велосипедска трка Данскиот натпреварувач Кнуд Енемарк Јенсен, падна од својот велосипед и подоцна почина. Истрагата покажа дека тој бил под дејство на амфетамини. Во шеесетите години на 20ти век Спорстките федерации почнаа да ја забрануваат употребата на стимулативните дроги. Во 1967 година МОК го зазеде истиот став. Првиот Олимписки спортист кој покажа позитивни резултати за користење на стимулативни дроги е Ханс-Гунар Линјевал, Шведски пенатлонец кој на Летните игри во 1968 година го изгуби својот медал поради користење алхохол. Најпозната дискфалификација заради употреба на стимулативни средства е онаа на Канадскиот спринтер Бен Џонсон кој победи на трката на 100 метри на игрите во Сеул, 1988 година, покажа позитивни резултати на супстанцијата станазолол. Неговиот златен медал му беше одземен и доделен на второпласираниот Карл Луис, кој беше позитивно тестиран на забранети стимулатини средства пред Олимпијадата. Кон крајот на 20 век, МОК превзема построги мерки во борбата против користење на допингот, формирајќки ја Светската Анти-Допинг Организација (САДО) во 1999год. Имаше нагло зголемување на користење допинг за време на Игрите во 2000 и 2002 година. Неколку освојувачи на медали беа во кревање и Крос-Кантри скијање беа дискфалификувани поради употреба на допинг. Во 2006 година само еден спортист покажа позитивни резултати на тестот за допинг и му беше одземен медалот. МОК воспостави режим на тестирање за дрога, кој претставува репер за многу други спортски федерации како да се борат против стимулативните средства во спортот. За време на Олимписките игри во Пекинг 3667 спортисти беа тестирани од МОК под надзор на САДО. И урината и крвта се користи за откривање на допинг кај спортистите. На повеќе спортисти има беше забрането да настапат на игрите од страна на Националните Олимписки федерации, а само тројца спортисти не се појавија на тестовите за допинг за настап на игрите во Пекинг.


Полова дискриминација


На женските спортистки прв па им беше дозволено да учествуваат на Олимпијадата во Париз во 1900 година, но за Летната Олимпијада во 1992 година, 35 нации пратија само машки делегации. Овој број се намали брзо во наредните неколку години. Во 1996 година, Лита Фаирман беше првата жена која се натпреварувала за Иран на една Олимпијада, во стрелање. Во 2000год, Бахраин за прв пат прати две жени натпреварувачки; фатема Хамид Гераши и Маријам Мохамед Хади ал Хили. Во 2004 година, Робина Муким Јаар и Фриба Јазаре беа првите жени кои настапија за Авганистан на Олимписките игри. Во 2008 Обединетите Арапски Емирати за прв пат прати женски натпреварувачки. Матиха Ал Мактум и Латифа Ал Амктум и двете од владејачкото семејство од Дубаи.

До 2010 само три земји никогаш немаа пратено женски натпреварувачи на една Олимпијада: Брунеи, Саудиска Арабија и Катар. Бурнеи има учествувано само три пати на Олимиските игри со само еден натпреварувач на сите три Олимпијади, додека Саудиска Арабија и Катар регуларно се натпреваруваат само со машки тимови. Во 2010, МОК објави дека ќе се обиде да ги “Притисне” овие нации да овозможат учество на женски спортистки на Летната Олимпијада 2012 година. Анита ДеФранз, Претседател на Комисијата за спортот и жените на МОК сугерираше дека ако некоја нација забрани учество на жени на Олимписките игри, на истата таа нема да и биде дозволено да се натпреварува на Олимпијадата. Кратко потоа, Олмиската Комитет на Катар објави дека ќе испрати ”четири женски спортистки во стрелање и мечување” за Летната Олимијада во Лондон, 2012. Саудиска Арабија е единствената земја која со своето законодавство експлицитно забранува учество на женски спортистки на Олимиските игри. Во 2008 година Али Ал-Ахмед претседател на Gulf Affairs повика да и биде забрането на Саудиска Арабија да учевствува на игрите, опишувајќе ја забраната на Арабија за настап на жените на Игрите не ја почитува повелбата на МОК. Тој истакна “За последните 15 години, многу невладини меѓународни организиации од целиот свет се обидуваа да лобираат на МОК за подобро спроведување на сопствените закони за спречување на полова дискриминација... Додека нивните напори резултираа со зголемување на бројот на жени на Олимијадите, МОК не сакаше да заземе силна позиција и да се закани на земјите кај кои има дискриминација дека нема да и дозволи да се наптреваруваат на игрите”. Во јули 2010 годна, една независна организација изјави “Претисокот кон МОК за отсранување на Саудиска Арабија од игрите се зголемува бидејќи само таа не дозлволува настап на женски натпреварувачки .... Дали Саудиска Арабија треба да прати тим составен смао од мажи... тоа ќе наиде на големи протести од борците за еднакви права и дали тоа ќе го наруши угледот на игрите”. Единствениот спорт во кој учествуваат мажи и жени заедно е “јавањето коњ”. Од 2008 има повеќе медали за мажи отколку за жени. Со вклучување на Женски бокс за Летната Олимпијада во Лондон 2012 година, жените ќе бидат во можност да се натпреваруваат во истите спортови како и мажите.


Насилство


Три Олимпијади мораше да бидат откажани поради Војни: игрите во 1916 година беа откажани поради Првата Светска Војна и Летните и Зимски игри во 1940 и 1944 беа откажани поради Втората Светска Војна. Војната во Јужна Осетија меѓу Грузија и Русија избувна за време на денот на отварањето на игрите во 2008 година во Пекинг. Заедно, Претседателот на САД, Џорџ Буш и тогашниот Претседател на Русија Владимир Путин, зборуваа за конфликтот на ручек организиран од страна на кинескиот Претседател Ху Џинтао. Кога Саликвадзе од Грузија го освои првото место во стрелање со воздушен пиштол, се качи на подиумот веднаш до второпласираната Русинка, Наталија Падерина. По добивањето на медалот тие се ракуваа што стана еден од најпопуларните настани од Олимијадата во Пекинг. И тероризмот има влијание врз Олимпијадата. Во 1972, кога Олимписките игри беа одржани во Минхен, Германија, 11 членови на Израелскиот Олимписки тим беа киднапирани од страна на терористичката организација “Black September” настан познат како “Минхенски масакар”. Терористите веднаш убија двајца од спортистите додека другите девет беа убиени за време на неуспешното ослободување. Еден германски полицаец и пет терористи исто така исчезнаа. За време на Олимпијадата во атланта 1996 година, бомба експлодираше во Олимпискиот парк при што две лица загинаа, а 111 други беа повредени. Бомбата беше поставена од Ерик Роберт Рудолф домашен терорист , кој во моментов е во затвор каде ја издрува доживотната казна. Безбедноста на Олимписките игри е предемет на зголемено влијание по нападот на 11 септември.



Државјанство[уреди]

Правила за државјанство


Олимписката повелба вели дека спортистот е државјанин на земјата за која настапува. Спортисти со двојно државјанство можат да се натпреваруваат за двете земји се додека има поминато три години од кога последен пат настапувал за неговата поранешна земја. Меѓутоа ако НОК и МФ договорат, Извршниот одбор на МОК може да го намали или отаже овој временски период. Треба да се напомене дека овој период се однесува на оние спортисти кој веќе настапувале за една нација и сакат да се натпреваруваат за друга. Ако еден спортист добие второ државјанство не треба да чека одреден временски период за да настапува за својата втора нација. МОК се занимава со прашања само кога индивидуални нации даваат државјанство на спортистите.

Причини за менување на државјанството

Понекогаш, спортистите земаат друго државјанство со едниствена цел да се натпреваруваат на игрите. Ова најчесто се случува затоа што немаат доволно спонзори да се натреваруваат или затоа што не се квалификувале со нивната оригинална земја. Ова се случува затоа што веќе има квалификувани спортисти во оригиналната земја и тие сакаат да бидат во можност да се натпреваруваат на Олимпијадата, а во исто време и да помогнат на тимот на новата земја. Помеѓу 1992 и 2008 има околу 50 спортисти кои емигрирале во САД и се натпреварувале за олимпискиот тим на САД, а претходно се натпреварувале за друга нација.


Растечки тренд на промена на државјанство


Контроверзниот тренд на промена на државјанството се чини дека се зголемува, особено во САД. Од 1992 околу шеесет спортисти се натпреварувале за олимпискиот тим на САД, а претходно се настапувале за друга нација, но само од 2000 година, странски спортисти придонесуваат во бројрот на медали на САД. Хаким Олајџувон, Нигериец, кошаркар освојувач на медал на Олимписките игри во 1996 година е единствениот спортист кои има донесено медал за САД во деведесетите години на 20ти век. Ова може да влијае на домашните спортисти од САД кои немаат шанса да се наптреваруваат за својат нација, да се одлучат да земат ново државјанство и да се натпреваруваат за друга нација. Како и да е, спортистите родени надвор од САД можат да помогнат на оваа нација само во спортовите во кој САД претходно имал проблеми да настапува и да ја зголемат можноста освоување на медали од страна на САД. И покрај големиот придонес голем број спортисти влегуваат во Олимпискиот тим на САД, повеќето од нив се одлучни да останат таму без оглед на нивниот статус како спортисти.


Проблеми во менување на државјанството


Еден од најпознатите случаи за промена на државјанството е оној на Зола Бад, јужноафриканска атлетичарка, која емигрираше во Велика Британија и го промени своето држаавјансто поради неможноста да учествува за својата држава на која и беше забрането да учевствува поради апартхедската ера. Бад имаше право на Британско државјанство затоа што нејзиниот дедо бил роден таму, но британските граѓани ја обвинија Владата за забрзување на процесот за дпделување државјанство на Бад. Кенискиот Американец, Бернард Лагат, тркач, доби американско државјанство во мај 2004 година и го објави тоа во март 2005год.Според Кенискиот Устав, секој кениски граѓанин кој ќе земе државјанство од друга нација, автоматски го губи кениското државјанство. Лагат се натпреваруваше за Кенија на ирите во 2004 година, кога веќе го имаше добиено американското давјанство. Според Кенија, кога Лагат се натпреварувал во 2004 то повеќе не бил Кениец, што го доведе во опасност неговиот сребрен медал. Лагат изјави дека го почнал процесот за добивање на американско државјанство во 2003 година и дека не знаел и не очекувал да добие државјанство до 2004 година. Кошаркарката Беки Хемон, не беше во составот на САД за Олимписките игри но сакаше да настапува пред да стане премногу стара, па затоа емигрираше во Русаија каде претходно имаше настапувано во тамошното првенство за време на паузата во WNBA. Хемон беше критикувана од американската јавност па дури и от тренерот на Американската женска кошаркарска репрезентација дури беше наречена и непатриотка. Крис Каман, американски кошаркар, зеде Германско државјанство за да настапи и помогне на Германија да се квалификува за Олимпијадата во 2008 година, бидејќи го немаа сторено тоа од 1992 година. На Каман му беше лесно да добие германско државјанство бидејќи неговите пра баба и дедо биле германци. Канадската натпреварувачка во уметничко лизгање Танит Белбин, зеде американско државјанство за игрите во Торино, 2006 година бидејќи нејзиниот партнер Бен Аугусто беше Американец. Тогашниот претседател Буш во 2005, потпиша посебен закон за Белбин и други двајца руски спортисти добијат Американско државјанство и да се квалификуват за игрите во 2006. Белбин и Аугусто освоија сребрен медал со што САД изби пред Канада во вкупниот број на медали и беше втора, веднаш зад Германија.


Шампионите и медалите


Спортистите или тимовите пласирани на првите три места добиваат медали. ПОбедниците добиваат златни медали кои до 1912 беа чисто злато, а сега се направени од позлатнео сребро, но како и да е секојзлатен медал мора да содржи најмалку 6 грама злато. Втотопласираниот добива сребрен медал, а третопласираниот бронзен медал. Во натпревари каде во финалето има само двајца натпреварувачи и каде неможе да има трето место(како што е боксот), двајцата полуфиналисти добиваат бронзени медали. На Олимпијадата во 1896 година се доделуваа медали на прво и второ пласираните , златен и бронзен. Тековниот формат на доделување на три медали потекнува од Олимпијадата во 1904 година. Од 1948 година па наваму четврто, петто и шесто пласираниот добиваат сертификати кои официјално се познати како “Викторија Дипломи”; во 1984 година беа додадени и дипломи за седмо, осмо и девето пласираните. На игрите во 2004 година на добитниците на златен, сребрен и бронзен медал им беа доделувани и маслинови венци. МОК не води статистика за освоените медали но Националните Олимписки Комитети според медалите гледаат кој е поуспешен на игрите.


Домаќини на Олимписките игри


Градот-домаќин за олимписките игри обично се бира седум години пред почетокот на игрите. Процесот на селекција се врши во две фази во период од две години. Потенцијалните домаќини на игрите поднесуваат кандудатура до Националниот Олимписки Комите; понекогаш се случува два града од иста земја да испратат кандидатура. Тогаш Нациналниот Олимписки комитет организира внатрешен избор, затоа што само еден град од еден Национален Комитен може да учевствува во финалниот избор. Откатко крајниот рок за поднесување на предлогод од страна на Олимписките Комитети е достигнат, започнува првата фаза каде што градовите апликанти потполнуваат прашалинк во врска со неколку клучни критериуми во врска ос организацијата на Олимписките игри. Апликантите мора да дадат гаранции дека тие ќе работат според Олимписката повелба и според било какви други прописи утвредни од извршниот одбор на МОК. Кога прашалниците ќе бидат потполнети, МОК ги разгледува и одлучува дали апликантите ќе добијат кандидатски статус. Откако се избрани кандидатите, тие мора да достават поголема и подетална презентација на нивниот проект како дел од кандидатските фајлови. Секој град е целосно анализиран од комисијата за оценување на МОК. Оваа емисија ќе ги посети градовите кандидати, ќе ги интервјуира локалните власти, ќе го разгледува сите места каде што треба да се одржуваат игрите и ќе ги предаде своите наоди еден месец пред конечната одлука на МОК. За време на процесот на интервјуирање, градовите мора да гарантираат дека се способни да ги финансираат игрите. По работата на комисијата за оценување, листата на кандидати се изнесува пред Генералното Собрание на МОК, што се одржува во земја која нема град кандидат за организатор. Членовите наа послдното Собрание на МОК го имаат финалниот збор за тоа кој ќе ги организира игрите. Откако ќе биде избран, Комисијата на Градот-домаќин заедно со Националниот Комитет од таа држава, потпишуваат договор со МОК, за тој град и официјално да стане домаќин на Олимијадата. До 2016, Олимписките игри ќе бидат одиграни во 44 градови од 23 земји, само осум пати надвор од Европа и Северна Америка. Од Летните игри во Сеул, Јужна Кореја во 1988 година, Олимписките игри се во Азија и Океанија се одржаа четири пати, нагло зголемување на бројот од претходните 92 години од модерната Олимписка историја. Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 во Бразил, ќе бидат првите кои ќе се одржат во Јужна Америка. Никогаш град од Африка нема доставено понуда за организација на игрите. САД има организирано четири летни и четири зисмки Олмпијади, повеќе од било кој друг. Како земји кои ги имаат организирано Летните Олимписки игри двапати, се појавуваат Велика Британија која има организирано две, а во 2012 година ќе организира својата трета Летна Олимпијада, Германија, Австралија, Франција и Грција. Градови кои ги имаат организирано игрите двапати се Лос Анџелес, Париз, Атина и Лондон, со игрите во 2012, Лондон ќе стане првиот град кои ги има организирано игрите три пати, повеќе од кој било друг град. Во однос на зимските Олимписки игри, Франција има организирано три Олимпијади, додека Швајцарија, Италија, Јапонија, Австрија и Норвешка по два пати. Последните Зисмки игри беа одржани во Ванкувер, втори Зимски игри за Канада и трети вкупно. Наредната Зимска Олимпијада ќе се одржи во Сочи, Русија што ќе о боде прв пат на Русија да биде домаќин на Олимпијадата.


Градови на летните олимписки игри

| width="200px" |   | style="vertical-align: top;" | Градови на зимските олимписки игри

| width="10px" |   | style="vertical-align: top;" | |}

Надворешни врски[уреди]