Олимписки симболи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Олимписки симболи симболи кои ги користи Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за означување на почетокот на Олимписките игри. Некои симболи, како што се пламенот, фанфарите и темата, се почесто се користат во текот на олимписките натпревари, додека други, како што е олимпиското знаме, може да се забележат низ текот на годините.

Мото[уреди | уреди извор]

Олимпиското мото е моќната изрека Citius, Altius, Fortius, која доаѓа од латинскиот јазик и значи „Побрзо, повисоко, посилно“.[1] Ова мото го предложил Пјер де Курбертен по создавањето на Меѓународниот олимписки комитет во 1894. Курбертен го позајми од својот пријател Анри Дидон, доменикански свештеник и атлетски ентузијаст.[2] Курбертен рече: „Овие три збора претставуваат програма на моралната убавина. Естетиката на спортот е нематеријална.“ Мотото беше презентирано во 1924 година на Олимписките игри во Париз.[3] Повеќе неформално, но добро познато мото е „Не е битно кој победува, битно е да се учествува“, кое исто така, го предложи Курбертен. Идејата за ова мото тој ја добил за време на проповедта од Епископот на Пенсилванија во 1908 год. на Олимписките игри во Лондон.[4]

Прстените[уреди | уреди извор]

Петте прстени - симбол на Олимписките Игри.

Петте прстени се испреплетени еден во друг, обоени во сина, жолта, црна, зелена и црвена боја на бела позадина, кои се познати како "Олимписки прстени". Симболот го дизајнирал Барон Пјер де Курбертен, ко-основач на модерните Олимписки игри во 1912. Најверојатно, неговата замисла била прстените да ги претставуваат петте континенти кои учествуваат во Игрите: Африка, Азија, Америка, Океанија и Европа.Грешка во наводот: Отворачката ознака <ref> не е добро срочена или има погрешно име. Според Курбертен, боите на прстени, заедно со белата позадина ги вклучуваат сите бои од знамињата на сите нации кои учествувале во Игрите во тоа време. По презентирањето на симболот, Курбертен ја даде следнава изјави во Olympique во август 1912:

...шесте бои (вклучувајќи ја белата позадина на знамето) споени на овој начин ја претставуваат бојата на секоја земја без исклучок. Сината и жолтата на Шведска, белата и сината на Грција, тробојните знамиња на Франција, Англија, Германија, САД, Белгија, Италија и Унгарија, и жолтото и црвеното на Шпанија, како и иновативните знамиња на Бразил и Австралија и оние на древните Јапонија и современата Кина. Ова, навистина, е меѓународен симбол.


Американскиот историчар Роберт Барни во неговата статија објавена во официјалното списание, Олимписка ревија, на Меѓународниот Олимписки Комитет во ноември 1992 година,  објаснува дека идејата за испреплетените прстени е произлезена од Пјер де Курбертен, кога Курбертен беше на чело на USFSA, асоцијација основана од сојузот на две француски спортски здруженија и се до 1925 година, бил одговорен за застапување на Меѓународниот Олимписки Комитет во Франција: амблемот на унијата се два испреплетени прстени (како пресек од два прстена, слично како венчални прстени) и првично идејата од швајцарскиот психијатар Карл Јунг: за кого, прстен го симболизира континуитет и човечкото битие.[5]

Во 1914 Конгресот беше суспендиран поради избувнувањето на Првата Светска Војна, но, симболот и знамето подоцна беа усвоени. Тие го добија своето прво официјално деби на Летните олимписки игри во 1920 година кои се одржаа во Антверпен, Белгија.[6]

Популарноста на симболот и неговата широка употреба почна за време на Летните олимписки игри во 1936 во Берлин. Карл Дием, претседател на Организацискиот Одбор на Летната Олимпијада од 1936, сакал свечената церемонија каде се носат факелите да се одржи на стадионот  во Делфи, местото на познатиот оракул, каде се одржувале Питиските игри. Поради ова, тој наредил да се изрезбарат Олимписки прстени во камен, а факелот да го донесат тројца придружници од таму до Берлин. Церемонијата се одржа, но канменот остана. Подоцна, двајца американски автори, Лин и Греј Пул, кога го посетиле Делфи во доцните 50-ти години, го виделе каменот и во нивната Историја на античките игриГрешка во наводот: Отворачката ознака <ref> не е добро срочена или има погрешно име. напишале дека дизајнот за Олимписките прстени потекнува од античка Грција. Ова стана познато како "Каменот на Карл Дием".Грешка во наводот: Отворачката ознака <ref> не е добро срочена или има погрешно име. Оваа случка создаде мит дека симболот има старо-грчко потекло.

Моменталниот приказ од страна на Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) е дека овој симболот стои зад фактот дека Олимпиското движење е интернационално и им посакува добредојде на сите земји кои сакаат да се приклучат.[7] Ова може да се прочита во Оимписката повелба, поточно Олимпискиот симбол претставува унија на "петте континенти" на светот и е собир на спортисти од целиот свет на Олимписките игри. Сепак, ниту еден континент не е претставен со определена боја на прстените. Пред 1951 година, во официјалниот прирачник стоеше изјавата дека секоја боја кореспондираат со одреден континент: сина за Европа, жолто за Азија, црна за Африка, зелена за Австралија и Океанија и црвена за Америка; ова подоцна беше отстрането, бидејќи нема докази дека Курбертен ја имал оваа замисла (цитат погоре е додаден подоцна).[8] Сепак, Асоцијацијата на Националните Олимписки Комитети го става логото на секоја членка во соодветниот пртенот.

Знаме[уреди | уреди извор]

Олимпиското знаме.
Олимпиското знаме се вее во Викторија, Канада, во чест на Зимските олимписки игри во 2010 во Ванкувер

Олимпиското знаме е создадено од Пјер де Курбертен во 1914.

Одредени знамиња[уреди | уреди извор]

Постојат одредени Олимписки знамиња, кои се покажани од градовите кои ќе бидат домаќини на следните Олимписки игри. Во текот на секоја церемонија за затворање на Олимписките игри, традиционално позната како Антверпен церемонија,[9] знамето го носи градоначалникот на еден градот-домаќин и го предава на следниот домаќин, и одкако ќе го превземат знамето тоа се изложува во градското собрание. Овие знамиња не треба да се помешаат со посебните Олимписки знамиња кои се дизајнирани и создаденаи специјално за секои игри, кои се вејат во стадионот на домаќинот, за потоа да заминат во историјата. Бидејќи не постои одредено знаме за оваа цел, знамињата кои се вејат на стадионите, генерално, имаат суптилни разлики, вклучувајќи ситни варијации на боите, и, повеќе значително, присуство (или отсуство) на бели контури околу секој прстен.

Знамето на Антверпен[уреди | уреди извор]

Првото Олимписко знаме беше претставено пред МОК за време на Летната олимпијада во 1920 во Антверпен, Белгија. На крајот на игрите, знамето исчезна, па мораше да се направи ново знаме за следните игри во Париз. И покрај тоашто се направи ново знаме, МОК официјално се уште го нарекува ова "Знамето на Антверпен", наместо на "Знамето на Париз".[10] Тоа знаме се предаваше на градот домаќин и на Летните и Зимските олимписки игри се до Зимските олимписки игри во 1952 во Осло, Норвешка, кога се создаде посебно Олимписко знаме кое ќе се користи само за Зимските олимписки игри (види подолу). Знамето од 1924 година се користеше за секоја Летна олимпијада се до Летните олимписки игри во 1988 во Сеул, кога замина во историјата.

Во 1997 година, на едне банкет организиран од американскиот Олимписки комитет, новинарот го интервјуираше Хал Хег Прист, кој го освои бронзениот медал во дисциплината скокови во вода како член на американскиот олимписки тим од 1920 год. Новинарот потсетува дека МОК не дознал што се случило со оригиналното Олимписко знаме. "Можам да ви помогнам со тоа," Прист рече, "Тоа е во мојот куфер." На крајот на Олимпијада во Антверпен, неговиот соиграч, Дјук Каханамоку се искачи на јарболот и го украде Олимпиското знаме. Цели 77 години знамето се чуваше во куферот. Знамето го врати Прист на свои 103 години,  за време на посебната церемонија што се одржа на Олимписките игри во Сиднеј во 2000.

Знамето на Осло[уреди | уреди извор]

Знамето на Осло знаме беше претставен пред МОК од градоначалникот на Осло, Норвешка, во текот на Зимските олимписки игри во 1952. Од тогаш, ова знаме се пренесува на следниот град-домаќин на Зимските олимписки Игри. Во моментов, актуелното знаме на Осло се чува во посебна кутија, а негова реплика се користи во текот на последниве завршни церемонии.

Знамето на Сеул[уреди | уреди извор]

Знамето на Јужна Кореја заедно Олимписки Знаме во Олимпискиот Парк, Сеул

Како наследник на знамето на Антверпен, знамето на Сеул знаме беше претставен пред МОК на Летната олимпијада во 1988 во град Сеул, Јужна Кореја, и од тогаш се пренесува на следниот град-домаќин на Летната олимпијада. Знамето на Сеул во моментов е изложена во Владината зграда во Токио.

Знамето на Рио де Жaнеиро

Наследничкото знаме на Сеул, знамето на Рио беше представено пред МОК на Летните олимписки игри во 2016 год. во Рио де Жанеиро, Бразил, и оттогаш се предава на следниот град-домаќин на Летните олимписки игри во Токио.

Знамето на Сингапур

Ново олимписко знаме се креираше во чест на јуниорите на Олимписките игри. Ова знаме е слично на олимпиското, но, на него го има градот-домаќин и годината, а за прв пат го представи председателот на МОК, Жак Рог на отворањето на орвите Младински олимписки игри. За време на затварањето на 26 август 2010 год., предатвниците на Сингапур го предадоа знамето на следниот комитет во Нанџиг, 2014 год.

Знамето на Инсбрук

Ново знаме се создаде во чест на новите Зимски младински олимписки игри, кое беше презентирано пред МОК во Инсбрук, Австрија во 2012 год.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What is the Olympic motto?“. International Olympic Committee. 2013. архивирано од изворникот на 18 септември 2015 г.. https://web.archive.org/web/20150918085634/http://registration.olympic.org/en/faq/detail/id/29. посет. 19 октомври 2014 г. 
  2. „Opening Ceremony“ (pdf). International Olympic Committee. 2002. стр. 3. http://www.olympic.org/Documents/Reports/EN/en_report_268.pdf. посет. 23 август 2012 г. 
  3. Games of the VIII Olympiad - Paris 1924 Архивирано 3 March 2007 во Wayback Machine.
  4. „The Olympic Summer Games“. International Olympic Committee. октомври 2013. архивирано од изворникот на 6 септември 2015 г.. https://web.archive.org/web/20150906110401/http://www.olympic.org/Documents/Reference_documents_Factsheets/The_Olympic_Summer_Games.pdf. посет. 29 декември 2015 г. 
  5. Robert Knight Barney (ноември 1992 г). This Great Symbol (PDF). „Olympic Review“ (301). http://www.la84foundation.org/OlympicInformationCenter/OlympicReview/1992/ore301/ORE301p.pdf. посет. 29 декември 2015 г. 
  6. Findling, John E.; Pele, Kimberly D., уред-ци (30 March 2004). Encyclopedia of the Modern Olympic Movement. Greenwood Press. стр. 65, 75. ISBN 978-0313322785. https://www.amazon.com/Encyclopedia-Modern-Olympic-Movement-Findling/dp/0313322783#reader_0313322783. посет. 29 декември 2015 г. 
  7. „The Olympic symbols“ (PDF). IOC. 2002. архивирано од изворникот на 16 март 2007 г.. https://web.archive.org/web/20070316083724/http://multimedia.olympic.org/pdf/en_report_672.pdf. посет. 18 март 2007 г.  [Broken link]
  8. Decision adopted by the Executive Committee. „Bulletin du Comité International Olympique (Olympic Review)“ (Lausanne: IOC) (25): 32. јануари 1951 г. http://www.la84foundation.org/OlympicInformationCenter/OlympicReview/1951/BDCE25/BDCE25s.pdf. 
  9. „Olympic Charter“. The International Olympic Committee. 2 август 2015. http://www.olympic.org/Documents/olympic_charter_en.pdf. посет. 29 декември 2015 г. 
  10. „Vancouver 2010: The Olympic Flags the Closing Ceremony of the Los Angeles 1984 Olympic Games, the flag was passed on to the next Olympic Games city, Seoul, and then retired. [emphasis added“]. http://www.vancouver2010.com/olympic-news/n/news/feature-stories/the-olympic-flags-and-emblem_38344IZ.html. посет. 1 март 2010 г.