Карл Густав Јунг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карл Густав Јунг

Карл Густав Јунг (Carl Gustav Jung) (26 јули 18756 јуни 1961) бил швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија.

Јунг е роден во малото швајцарско село Кесвил, како син на Пол Јунг, протестантски свештеник и Емили Прaјсверк Јунг. Иако растел во повеќебројна фамилија и прилично едуцирани луѓе, Јунг бил осамен што го наведувало кон доста фантазирање и дневно сонување што понатаму ќе има големо влијание врз неговата теоретска и практична работа.

Уште на шестгодишна возраст почнал да учи латински што кај него побудило интерес за изучување на јазикот и литературата особено античката. Покрај повеќето модерни западноевропски јазици, научил да чита и неколку древни, меѓу коишто и санскритскиот.

Како адолесцент, Јунг бил прилично осамен и не му обрнувал многу внимание на училиштето. Кога заминал за Базел, се сместил во интернат каде станал објект за потсмев и љубоморно малтретирање. Почнал да ја користи болеста како оправдание по што развил засрамувачка тенденција да се онесвестува кога ќе почувствувал притисок.

Иако неговиот прв избор бил да студира археологија, сепак, продолжил со студии по медицина на универзитетот во Базел. Додека работел под раководство на познатиот невролог Крафт-Ебинг, се насочил кон психијатријата како негова идна професија.

По дипломирањето, почнал да работи во психијатриската болница Бургелцли во Цирих под менторство на Ојген Блојлер, експерт за шизофренија (воедно и човек кој прв го сковал овој термин). Држел и часови на циришкиот универзитет, работел приватно и во тој период ги открива асоцијациите на зборови.

Во 1903 година се оженил за Ема Раушенбах.

Како голем обожавател на Фројд, Јунг се сретнал со него во 1907 година, во Виена. Приказната вели дека откако Фројд се сретнал со него, ги откажал сите состаноци закажани за тој ден и разговарале цели 13 часа. Во Јунг, Фројд видел голем психоаналитичар и свој иден наследник.

Но Јунг никогаш целосно не се согласил со Фројдовата теорија. Во 1909 година, за време на едно патување кон Америка нивната соработка започнува да заладува. Во текот на патувањето, повеќе од забава отколку сериозно, ги анализирале соништата еден на друг. Во еден момент, Фројд почнал да пројавува голем отпор кон начинот на кој Јунг ги правел анализите дури и побарал да прекинат затоа што почувствувал како да го губи авторитетот. Од оваа реакција, Јунг бил прилично навреден. Го прекинал претседателствувањето со Меѓународното психоаналитичко здружение и оформил свое учење.

Втората светска војна, за Јунг, била особено болен период за самоистражување. Тогаш се всушност зачетоците на една од најинтересните теории за личноста што воопшто му се понудени на светот.

После војната, Јунг многу патувал. Меѓу другото, посетил многу племенски заедници во Африка, Америка и Индија. Во 1946 година се пензионирал, а по смртта на неговата сопруга во 1955 почнал да се повлекува и од јавниот живот. Шест години подоцна починал и тој.

Творештво[уреди]

Повеќето од делата што Јунг ги напишал не се лесни за читање. Особено се обемни трудовите во кои пишувал за аналитичките методи и поврзаноста на психотерапијата со религиското убедување. Како најзначајни за проучување на неговите концепти, се бележат:

  • “Man and His Symbols”,
  • “Psychological Types”,
  • “The Collected Works of Carl G. Jung”
  • “The Basic Writings of C.C. Jung”.

Надворешни врски[уреди]