Олимписка повелба
Олимписки игри |
---|
Главни теми |
Игри |
Олимписка повелба — збир на правила и одредби за организирање на Олимписките игри, и за управување на Олимпиското движење. Последната промена на повелбата била на 9 септември 2013 година.
Усвоен од страна на МОК, станува збор за кодиикација на основните начела, правила и закони. Францускиот и англискиот јазик се службените јазици на Олимписката повелба.
Намена
[уреди | уреди извор]Низ историјата на Олимписките игри, Олимписката повелба била решението на олимписките спорови. Како што е напишано во воведот на самата повелба, Олимписката повелба има три главни цели:
- да воспостави начела и вредности на олимпизмот
- да служи како закон на МОК
- да ги одбрани правата и обврските на четирите главни тела на Олимпиското движење:МОК, спортската федерација и националните олимписки комитети, и Организирачки комитет за Олимписките игри.
Главни делови
[уреди | уреди извор]Во своите пет поглавја и 61 член, Олимписката повелба детално ги опишува правилата и одредбите. Оваа статија ги појаснува само најважните делови за управувањето на Олимписките игри, Олимпиското движење и неговите составни делови: МОК, спортската федерација и националните комитети.
I Поглавје: Олимпиското движење и неговите дејства
[уреди | уреди извор]Член 2: Целта на МОК е да го промовира олимпизмот низ светот и да го води Олимпиското движење. Тука се вклучени моралот во спортовите, се охрабрува учеството во спортовите, да се осигура одржувањето на Олимписките игри во редовни периоди, заштита на Олимпиското движење, и охрабрување и поддршка на развојот на спортовите.
Член 6: Олимписките игри се натпревари меѓу спортиститево пединечни или екипни дисциплини а не меѓу држави.
Член 8: Олимискиот симбол се состои од пет прстени кои од лево кон десно се обоени сино, жолто, црно, зелено и црвено.
II Поглавје: Меѓународен олимписки комитет (МОК)
[уреди | уреди извор]Ова полавје ги опфаќа членството, состаноците и водечките доктрини на Меѓународен олимписки комитет (МОК).
III Поглавје: Меѓународни федерации
[уреди | уреди извор]Во третото поглавје се спомнуваат Меѓународните федерации на олимпиското движење. Меѓународните федерации се невладини организации кои ги управуваат спортовите на светско ниво и ги вклучуваат во себе националните организации за секој спорт поединечно. За секој спорт кој е дел од Олимписките игри, постои меѓународна спортска федерација. Овие меѓународни федерации сè со цел да се обезбеди развој на спортовите на начин кој е во согласност со Олимписката повелба и олимпискиот дух. Со техничка стручност во секој поединечен спорт, меѓународната федерација ги контролира способноста за натпреварување како и деталите на стадионот каде ќе се одржи спортското натпреварување.
IV Поглавје: Национални олимписки комитети (НОК)
[уреди | уреди извор]Член 28: Целта на Националните олимписки комитети е да го развијат, промовираат и заштитат Олимпиското движење во сопствените земји. Улогата на националните олимписки комитети во секоја земја е да го промовираат олимпизмот, да се осигури почитувањето на Олимписката повелба, и да охрабри моралност во развојот на спортовите. Тие се одговорни за претставувањето на својата земја на Олимписките игри, одлучуваат за градот домаќин на игрите и соработка со владините и невладините тела за време на игрите.
V Поглавје: Олимписки игри
[уреди | уреди извор]Ова поглавје се однесува на славењето на Олимписките игри, одбирањето на градот домаќин, достапноста на кодот за учество на игрите, оние спортови кои се вклучени во игрите, покриеноста со медиуми, списанија и порпагандни летоци се целосно дозволени.
Во продолжение, III поглавје на повелбата го разгледува протоколот за олимписките должности и настани. Овде се вклучени употребата на олимпиското знаме, пламен, и прославите за отворањето и затворањето на игрите. Петте прстени на Олимписките игри ги претставуваат петте континенти.
Основни начела на олимпизмот
[уреди | уреди извор]- Олимпизмоте животна филозофија, издигнувајќи ги и комбинирајќи како целина квалитетите на човековото тело, волја и ум. Мешањето на спортот со културата и образованието, олимпизмот се обидува да создаде начин на живеење заснован на радост, образовната вредност е добар пример, социјалната одговорност и почит за сеопфатноста на моралните начела.
- Целта на олимпизмот е да го смести спортот во служба на хармноничниот развој на човештвото, со цел да се промовира мирно општество со цел да се грижи за зачувување на човековото достоинство.
- Олимпиското движење е концентрирано, организирано, сеопфатно и постојано движење, спроведено од врховната власт на МОК, од сите поединци и групи кои се инспирирани од вредностите на олимпизмот. Ги покрива петте континенти. Го постигнува својот врв со зближувањето на светските спортисти на големите спортски фестивали, Олимписките игри. Нивниот симбол се петте меѓусебно испреплетени прстени.
- Занимавањето со спорт е човеково право. Секој поединец мора да ја има можноста да се натпреварува на спортски настани, без дискриминација од каов било вид иво олимпискиот дух, што побарува заеничко разбирање со дух на пријателство, солидарност и фер игра.
- Признавање дека спортот се случува во рамките на општеството, спортските организации во самото олимписко движење ќе ги имаат правата и обврските автономно, што вклучува и слободно воспоставување и контролирање на правилата на спортот, попределувајќи ја структурата и управувањето на организациите, имајќи го правото на слободни избори од секакво надворешно влијание и одговорноста да се обезбеди добро управување.
- Секаков облик на дискриминација кон некоја земја личност на основа на боја на кожа, вера, политичко определување, пол или поинаку е несовпадливо со Олимпиското движење.
- Припаѓањето на Олимпиското движење побарува и почитување на Олимписката повелба и признавање од страна на МОК.[1]
Во медиумите
[уреди | уреди извор]Олимписката повелба не е само неспроведена политика за Олимписките игри. Низ историјата, се коритела како водич за време на сослушувањата поврзани со игрите. Подолу се некои од неодамнешните примери:
- Мај 2004 година: Бернард Лагат стана американски граѓанин три месеци пред да трча во Атина и освои сребрен медал во 2004 година. Грешката била што медалот го освоил за Кенија, која не дозволува двојно државјанство, и Олимписката повелба побарува спортистот да е припадник на земјата за која се натпреварува. На Лагат му беше дозволено да го зачува медалот, но морал да почека да се натпреварува во други меѓународни атлетски дисциплини сè до 2007 година.
- Декември 2004 година: Беше откриено дека Мерион Џонс, петкратен медалист на игрите во Сиднеј 2000 година, моно е да ила на неколку забранети стероиди и хормони кога се натпреварувала. Бидејќи Олимписката повелба вели дека ниедна одлука преземена за време на Олимписките игри не може да биде повлечена по период од три години по затворањето на игрите, Џонс не можела да ги изгуби медалите без нејзина согласност со исклучок само доколку имало допингување. На Џонс подоцна и биле одземени сите олимписки медали сè до септември 2000 година по признанието од нејзина страна дека земала дроги за зголемување на способностите.
- 2011/2012 година: Хјуман Рајтс Воч ја обвини Саудиска Арабија дека не ја почитува Олимписката повелба систематски забранувајќи го учеството на жени во натпреварувањата во земјата,и недозволувајќи им и на саудиските женски спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри, с што го нарушувале четвртото, шестото и седмото основно начело на повелбата, што секој член на Олимпиското движење мора да ја почитува. Ова произлегло кога Анита Дефранц, претседателката на женската комисија за спорт при МОК, побарала на земјата да и се забрани учеството на Олимписките игри сè додека не се согласат да испратат женски натпреварувачки на Олимписките игри. Говорникот за МОК Емануел Моро, сепак, изјавил дека комитетот „нема да издаде такво барање до саудијците да имаат женски учесници на игрите во Лондон“, велејќи дека „МОК не дава ултиматуми ниту крајни рокови туку верува дека многу може да се постигне преку дијалог“.[2][3][4]
- 2012 година: Либанската џудо екипа на игрите во Лонон во 2012 година одбила да вежба до израелската екипа, па била подигната пречка која ги раздвоила едни од други. На двете екипи им било доделена салата во новиот Ексел центар во Лондон за нивните конечни подготовки. Сепак, екипата на Либан не сакала да се подготвува пред очите на израелската екипа и настојувале да се подигне некаква препрека меѓу нив. Организаторите го прифатиле барањето на либанскиот тренер за одвојувањето на екипите, подигнувајќи пречка со која либанската екипа не ја гледала израелската екипа.
Заштита на олимпизмот како верување
[уреди | уреди извор]Постои препорака од адвокатите во Велика Британија дека оние кои силно веруваат во олимписзмот може да бидат заштитени од дискриминација како што се заштитени оние кои се следбеници на исламот, христијанството, јудаизмот или пак другите религии и верувања.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Olympic Charter“ (PDF). International Olympic Committee. Посетено на 7 February 2014.
- ↑ "Ban Urged on Saudi Arabia Over Discrimination", New York Times, 15 February 2012
- ↑ "Qatar decision to send female athletes to London 2012 increases pressure on Saudi Arabia", Inside the Games, 1 July 2010
- ↑ "Hurdles the biggest Olympic barrier for Saudi women", Associated Press, 18 February 2012
- ↑ Heys, Tom (2012-08-22). „Journal - Olympism - a protected belief?“. Lewis Silkin. Посетено на 2014-02-06.