Прејди на содржината

Европски олимписки комитети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европски олимписки комитети
Основана1968
ВидСпортски федерации
СедиштеРим, Италија
Членство49 национални олимписки комитети
Службени јазициАнглиски, Француски
претседателПатрик Хики
ПотпретседателАлександар Кожловски
Мреж. местоeurolympic.org

Европски олимписки комитети или ЕОК (англ. European Olympic Committees, EOC) е меѓународна спортска организација со седиште во Рим, Италија. Во неа членуваат 49 национални олимписки комитети (НОК-ови).

Земји-членки

[уреди | уреди извор]

На табелава се наведени сите членки на организацијата, заедно со годината на основање и признавање од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), доколку се разликува од годината на основање на НОК-от.

ЗемјаКоднационален олимписки комитетОснованНавод
 Албанија ALB Национален олимписки комитет на Албанија 1958/1959
 Андора AND Андорски олимписки комитет 1971/1975
 Ерменија ARM Национален олимписки комитет на Ерменија 1990/1993
 Австрија AUT Австриски олимписки комитет 1908/1912
 Азербејџан AZE Национален олимписки комитет на Аџербејџан 1992/1993
 Белорусија BLR Национален олимписки комитет на Белорусија 1991/1993
 Белгија BEL Олимписки комитет на Белгија 1906
 Босна и Херцеговина BIH Олимписки комитет на Босна и Херцеговина 1992/1993
 Бугарија BUL Бугарски олимписки комитет 1923/1924
 Хрватска CRO Хрватски олимписки одбор 1991/1993
 Кипар CYP Кипарски олимписки комитет 1974/1978
 Чешка CZE Чешки олимписки одбор 1899/1993
 Данска DEN Национален олимписки комитет и спортски сојуз на Данска 1905
 Естонија EST Естонски олимписки комитет 1923/1991
 Финска FIN Фински олимписки комитет 1907
 Франција FRA Француски олимписки комитет 1894
 Грузија GEO Национален олимписки комитет на Грузија 1989/1993
 Германија GER Германски олимписки спортски сојуз 1895
 Обединето Кралство GBR Британско олимписко здружение 1905
 Грција GRE Грчки олимписки комитет 1894/1895
 Унгарија HUN Унгарски олимписки комитет 1895
 Исланд ISL Национално олимписко и спортско здружение на Исланд 1921/1935
 Ирска IRL Олимписки совет на Ирска 1922
 Израел[1] ISR Олимписки комитет на Израел 1933/1952
 Италија ITA Национален олимписки комитет на Италија 1908/1915
 Латвија LAT Латвиски олимписки комитет 1922/1991
 Лихтенштајн LIE Лихтенштајнски олимписки спортски сојуз 1935
 Литванија LTU Национален олимписки комитет на Литванија 1924/1991
 Луксембург LUX Луксембуршки олимписки и спортски комитет 1912
 Македонија MKD Македонски олимписки комитет 1992/1993
 Малта MLT Малтешки олимписки комитет 1928/1936
 Молдавија MDA Национален олимписки комитет на Молдавија 1991/1993
 Монако MON Моначки олимписки комитет 1907/1953
 Црна Гора MNE Црногорски олимписки комитет 2006/2007
 Холандија NED Холандски олимписки комитет 1912
 Норвешка NOR Норвешки олимписко-параолимписки комитет и спортско здружение 1900
 Полска POL Полски олимписки комитет 1918/1919
 Португалија POR Олимписки комитет на Португалија 1909
 Романија ROU Романски олимписки и спортски комитет 1914
 Русија RUS Олимписки комитет на Русија 1989/1993
 Сан Марино SMR Санмарински национален олимписки комитет 1959
 Србија SRB Олимписки комитет на Србија 1911[2]/12 Архивирано на 23 март 2009 г.
 Словачка SVK Словачки олимписки одбор 1992/1993
 Словенија SLO Олимписки комтиет на Словенија 1991/1993
 Шпанија ESP Шпански олимписки комитет 1912
 Шведска SWE Шведски олимписки комитет 1913
 Швајцарија SUI Швајцарско олимписко здружение 1912
 Турција TUR Национален олимписки комитет на Турција 1908/1911
 Украина UKR Национален олимписки комитет на Украина 1990/1993

План за Европски игри

[уреди | уреди извор]

Претседателот на организацијата Патрик Хики изјавил дека 15 европски спортски федерации планираат да воведат „Европски игри“ по примерот на постоечките Азиски и Панамерикански игри.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Израел влегол во ЕОК во 1994 г. Сè до 1981 членувал во Федерацијата на Азиските игри (претходник на Олимпискиот совет на Азија).
  2. Олимпискиот комитет на Србија е основан во 1911, како наследник на Српскиот олимписки клуб (ОКС Архивирано на 23 март 2009 г.)
  3. План за „Европски игри“ Архивирано на 5 април 2012 г. - Around the Rings (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]