Србија
| Република Србија Република Србија
Republika Srbija |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: Боже правде Bože pravde Бог на правдата |
||||||
|
Местоположба на Србија (темно и светло зелено) - Косово (светло зелено)
во Европа (зелено + темно сиво) |
||||||
| Главен град (и најголем) |
Белград |
|||||
| Службен јазик | српски | |||||
| Признаени регионални јазици | унгарски, хрватски, словачки, романски, русински | |||||
| Демоним | Србин | |||||
| Уредување | Парламентарна република | |||||
| • | Претседател | Томислав Николиќ | ||||
| • | Премиер | Александар Вучиќ | ||||
| • | Претседател на парламент | Маја Гојковиќ | ||||
| Законодавство | Национално собрание | |||||
| Основање | ||||||
| • | Призната од Византија | 780 | ||||
| • | Прва независност | 850 | ||||
| • | Прво кралство | 1077 | ||||
| • | Српска Империја | 1345 | ||||
| • | Изгубена независност | 1540[1][2][3] | ||||
| • | Српска револуција | 15 февруари 1804 | ||||
| • | Независност | 1867/ 1878 | ||||
| • | Обединување со Војводина | 1918 | ||||
| • | Независна република | 5 јуни 2006 | ||||
| Површина | ||||||
| • | Вкупна | 88 361 км2 (113-та) | ||||
| • | Вода (%) | 0.13 | ||||
| Население | ||||||
| • | проценка за 2003 г. | 7 243 007 [4] (без Косово) | ||||
| • | Густина | 107.46 жит/км2 (94-та) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
| • | Вкупен | $79.662 милијарди[5] | ||||
| • | По жител | $10.792[5] (без Косово) | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
| • | Вкупно | $50.061 милијарди[5] | ||||
| • | По жител | $6.782[5] (без Косово) | ||||
| Џини (2013) | 38[6] среден · 72ра |
|||||
| ИЧР (2013) | ▲ 0.745[7] висок · 77ма |
|||||
| Валута | Српски динар (RSD) |
|||||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
| • | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| НДД | .rs (.yu) | |||||
| Повик. бр. | 381 | |||||
Србија (српски: Србија или Srbija) — држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динарските Планини на запад, и долината на Морава - важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија. Релативно кон нејзината историја, култура и релативно мала територија, Србија е различна во нејзиниот транзиционален карактер. Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска. Истотака се граничи со Албанија преку спорниот регион Косово. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-централна Европа.
По нивното доселување на Балканот, Србите воспоставија неколку држави во Средниот Век. Српското Кралство доби признавање од Рим и Константинопол во 1217; државниот статус беше зголемен до Српска Империја, во 1346 г. До средината на 16. век, целата територија на модерна Србија беше под Отоманската империја, понекогаш прекинувана од страна на Хабсбурците. Во раниот 19. век, српската револуција воспостави народна држава како прв регион кој имаше уставна монархија, каде пополека ја прошири својата територија и го пионираше пресекувањето на феудализмот во Европа. По катастрофалните случувања во Првата Светска Војна, и здружувањето на Хабсбуршката Војводина и Срем со Србија, државата ја формираше Југославија со другите Јужни Словени, којашто постоеше во неколку различни формации до 2006. Во фебруари 2008, парламентот на УНМИК овото администрирано Косово прогласи независност од Србија, кое доби мешани одговори од страна на меѓународните влади.
Србија е составена, според ООН, од две покраини и Централна Србија. Покраините на Србија се Косово и Војводина со главен град Белград. Поголемиот дел на Србија и Војводина се Срби, додека во Косово над 90% се Албанци. Официјален јазик во државата е српски и најголема религија е православието.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Средновековна Србија[уреди | уреди извор]
Корените на српската држава датираат од првата половина на 9 век. Кралството Србија е основано во 11 век, а во 13 век тоа еволуира во Српска Империја.
Под Османлиска и Хабзбуршка власт[уреди | уреди извор]
Територијата на денешна Србија во составот на Османлиската империја била во периодот од 15 век до 20 век. Во составот на империјата најпрвин биле вклучени југоисточните делови на Србија, околу градот Ниш. Веќе во 1459 година целото српско деспотство, а во периодот од 1526 до 1552 година и цела Војводина. Османлиската империја издвојувала големи победи во Маричката битка во 1371 година и Косовската битка во 1389 година.
Кон крајот на 17 век, Австриското царство ги поразиле османлиите. Во времето кога српската територија станала повторно упориште на австриската власт, српските војници активно се вклучиле во австриската армија. Тогаш, Османслиската империја ги изгубила сите територии во подунавско, Северна Србија и Северна Босна, делови од Далмација, Мала Влашка и Пелопонез. Од 1718 година, Хабзбуршката династија го добила и Белград во својот состав.
Југославија[уреди | уреди извор]
По 1918 година, Србија е основачка членка на Југославија во нејзините различни форми (Кралство Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија). Од 2003 таа била составен дел од државната заедница Србија и Црна Гора сè до распадот на истата на 3 мај 2006.
Географија и клима[уреди | уреди извор]
Србија се наоѓа на крстопатот од централна, јужна и источна Европа, помеѓу Балканскиот полуостров и Панонската низина. Голем потенцијал во Србија има речниот транспорт. Иако не излегува на море, во Србија има околу 2000 колометри пловни реки и канали од кои најголем е Дунав-Сава-Тиса со кој се поврзува со Западна Европа, Јужна Европа и Источна Европа. Регионални речн и пристаништа се Белград, Нови Сад и Смедерево.
Северната третина од земјата се наоѓа во Централна Европа, додека источниот дел од Србија зазема дел од Влашката низина. Остатокот од земјата е прекриен со планински венци. Најголем врв во Србија е Ѓеравица.
Национални паркови на Србија се:
- Фрушка Гора (250 km2)
- Копаоник (120 km2)
- Тара (220 km2)
- Ѓердап (640 km2)
- Шар Планина (390 km2)
Политички систем[уреди | уреди извор]
На 4 февруари 2003 година Сојузна Република Југославија одлучила да се ослабе соработката на заедницата што проследило со создавање на новата држава Србија и Црна Гора, додека пак оваа заедница довела до осамостијување на двете републики во јуни 2006 година.
Моментален претседател на Србија е Борис Тадиќ кој бил повторно избран на претседателските избори на 4 февруари 2008 година со освоени 50.5% од гласовите.
Парламентарните избори во Србија се одржале на 21 мај 2008 година кога победила коалицијата „За европска Србија“ со договор со останати помали партии и се сосставила владата на чело со Мирко Цветковиќ.
Денешните политики на Србија се поделени помеѓу европски ориентираните партии и националистичките партии. Има и предлози за повторно воспоставување на српската монархија, а при тоа членовите на кралското семејство изразиле интерес за тоа.
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Србија е поделена на 24 окрузи плус Град Белград. Регионите понатака се поделени на општини. Во рамките на Србија опстојуваат две покраини, од кои едната има неодреден меѓународен статус. Војводина е едната покраина и има 7 окрузи и 46 општини, додека другата е Косово која прогласила своја независност од Србија, но нема целосно меѓународно признание. Прогласувањето на косовската независност се случила на 17 февруари 2008 година, но официјален Белград не ја признава. 90-тина држави во светот го признале Косово до 2009 година.
Остатокот од територијата на Србија се нарекува Централна Србија. Централна Србија не е административна единица и нема регионална влада.
Демографија[уреди | уреди извор]
- Србија (попис од 2002, без Косово): 7.498.001[8]
- Централна Србија: 5.466.009
- Војводина: 2.031.922
Косово има 2.126.708 жители.
Србите се најголема група во државата, со значително малцинство како што се: Унгарци, Бошњаци, Роми, Хрвати, Чеси, Македонци, Словаци, Романци,Бугари и Германци. Пред Втората светска војна германското население во Србија било поголемо и имало над 500.000 Германци.
Според пописот во 2002 година, етничкиот состав на Србија е:
| Етнички состав на Србија | |||||||||||||
| Етничка група | Население | ||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Срби | 6.212.000 | (82.86%) | |||||||||||
| Унгарци | 293.172 | (3.91%) | |||||||||||
| Бошњаци | 136.464 | (1.82%) | |||||||||||
| Роми | 107.971 | (1.44%) | |||||||||||
| Југословени | 80.978 | (1.08%) | |||||||||||
| Хрвати | 70.602 | (0.94%) | |||||||||||
| Словаци | 57.900 | (0.89%) | |||||||||||
| Maкедонци | 25.847 | (0.49%) | |||||||||||
| Германци | 5.200 | (0,1%) | |||||||||||
| Други | 474.323 | (9.79%) | |||||||||||
| Вкупно | 7.498.001 | ||||||||||||
Војводина[уреди | уреди извор]
Во Војводина живеат повеќе од 26 етнички групи меѓу кои,Унгарци, Словаци, Хрвати, Црногорци, Романци, Македонци (во југоисточниот дел на Војводина), Роми и други. Војводина има население од 2.031.922 жители.medju koi se razbira se srbite kako nacionalno svojstvo na drzavata.
Косово како составен дел на Србија[уреди | уреди извор]
Во Косово живеат претежно Срби, Албанци и мал број Босанци, Турци, Роми, Македонци (Горанци) и други. Вкупното население на Косово е 2.126.708 жители.
Религија[уреди | уреди извор]
Со векови во Србија билa присутнa големata религиja, православие на кои подоцна се додал и исламот. Така, во Војводина 5% од населението се католици или протестанти, додека Белград и Централна Србија се православни над 99%. Косово има над 50% муслимани. Најголема православна црква во Србија е Српска православна црква.
Поголеми градови[уреди | уреди извор]
Поголеми градови во Србија се: главниот град Белград (2.000.000 жители), Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Приштина. Покрај овие, во приложение е листа на градови во Србија:
| Град | Население | |
|---|---|---|
| Урбан дел | Метрополитенски дел | |
| Белград | 1,576,124 | 1,710,000 |
| Нови Сад | 292,508 | 380,291 |
| Ниш | 236,722 | 255,295 |
| Крагуевац | 175,473 | 211,580 |
| Суботица | 99,471 | 147,758 |
| Зрењанин | 79,545 | 131,509 |
| Лесковац | 78,030 | 156,252 |
| Смедерево | 77,808 | 109,867 |
| Панчево | 77,087 | 127,162 |
| Крушевац | 75,256 | 131,368 |
| Чачак | 73,217 | 117,012 |
| Ужице | 63,577 | 83,022 |
| Валево | 61,035 | 96,761 |
| Кралево | 57,411 | 121,707 |
| Шабац | 55,240 | 122,893 |
| Врање | 55,052 | 87,288 |
| Нови Пазар | 54,604 | 85,249 |
| Сомбор | 51,471 | 97,263 |
Македонците во Србија[уреди | уреди извор]
Во Србија живеaт и 25.847 Македонци, кои во покраината Војводина се признати како национално малцинство. Македонците во Србија најмногу се населени во Војводина (Качарево, Јабука, Зрењанин, Панчево) и главниот град Белград каде по последниот попис од 2002 година се попишани 8.372 Македонци [1]. Македонците во Србија се организирани во своја македонска национална заедница на чело со Гојко Илиевски.
Економија[уреди | уреди извор]
Со БНП по глава на жител од 10.792 долари годишно Србија се смета за економија со среден развој. Странските директни инвестиции во земјата во 2006 година инесувале 5,85 милијарди долари, додека во 2007 година изнесувале 4,2 милијарди долари. Развојот на БНП се зголемил за 6,3% во 2005, 5,8% во 2006 и 7,5% во 2007 година.
На почетокот на транзицијата економијата на Србија била во застанување поради економските санкции од ООН и поради политиката која ја водела тогашното раководство на земјата. Во октомври 2000 година, власта на Србија ја реформирала економијата на земјата и се осврнала кон трговија со ЕУ.
Официјална валута во Србија е српски динар.
Култура[уреди | уреди извор]
Поради својата местоположба како крстопат во регионот, Србија во својата култура вклучува голем број на елементи од околните култури и поранешни големи империи.
Според „Енциклопедија на светската историја“ Србија е опишана како најзападноевропизиран народ од православните народи. социјално и културно.
Србија како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Србија се јавува како тема во уметноста и во популарната култура. Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на Србија, како:
- „Србија се буди“ (Srbija se budi) - песна на Десанка Максимовиќ.[9] [10]
- „Србија е голема тајна“ (Srbija je velika tajna) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.[11]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ tributary state of Hungary
- ↑ „03“. Zvrk.co.rs. http://www.zvrk.co.rs/Mskola/Istorija/srpskaistorija/srpskadespotovina/03.htm. конс. 1 октомври 2011 г.
- ↑ „East Central Europe in the Middle Ages, 1000-1500, By Jean W. Sedlar“. Books.google.com. http://books.google.com/books?id=ANdbpi1WAIQC&pg=PA391. конс. 1 октомври 2011 г.
- ↑ Census.gov (2013). „Country Rank. Countries and Areas Ranked by Population: 2013“. U.S. Department of Commerce. архивирано од оригиналот на 9 мај 2013. http://www.webcitation.org/6GUHbJYCI. конс. 9 мај 2013 г.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Serbia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=942&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=21&pr.y=6. конс. 22 април 2009 г.
- ↑ „Country Comparison :: Distribution of Family Income – Gini Index“. Central Intelligence Agency. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2172rank.html. конс. 30 август 2014 г.
- ↑ „2014 Human Development Report“. 14 март 2013. стр. 21–25. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. конс. 27 јули 2014 г.
- ↑ „Microsoft Word - Delovi_knjiga_III.doc“ (PDF). http://webrzs.stat.gov.rs/axd/Zip/VJN3.pdf. конс. 1 октомври 2011 г.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 100-104.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 203-204.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 200-201.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
| Повеќе за Србија на збратимените проекти на Википедија | |
| Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
| Податотеки на Ризницата ? | |
| Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
| Новинарски известувања на Викивести ? | |
| Мисли на Викицитат ? | |
| Изворни текстови на Викиизвор ? | |
| Прирачници на Викикниги ? | |
| Информации за патување во Википатување ? ? | |
- Национална туристичка организација на Србија
- Vrnjačka Banja Portal
- Српска влада
- e-влада на Србија
- Претседател на Србија
- Собрание на Србија
- МНР на Србија
- Национална банка на Србија
- Канцеларија за статистика на Србија
- Шеф на држава и кабинет
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА - запис за „Србија“ (англиски)
- Србија на UCB
Поврзано[уреди | уреди извор]
| Одредници од СРБИЈА | |||||||||||
|
|||||||||||
|
|||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
|