Прејди на содржината

Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француската Република
République française  (француски)
Знаме Грб
Гесло
  • "Liberté, égalité, fraternité (француски)
  • "Слобода, еднаквост, братство!"
ХимнаLa Marseillaise  (француски)
Марсејеза

Местоположбата на  Франција  (зелено) – на Европскиот континент  (светлозелено и сиво) – во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Франција  (зелено)

– на Европскиот континент  (светлозелено и сиво)
– во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Франција  (зелено)

– на Европскиот континент  (светлозелено и сиво)
– во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Париз
48°52′N 2°19,59′E / 48.867° СГШ; 2.000° ИГД / 48.867; 2.000
Службен јазик француски
Демоним Французи

(Француз(ин)/Французинка)

Уредување Унитарна Полупретседателска Република
 •  Претседател Емануел Макрон
 •  Премиер Мишел Барние
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Национално собрание
Формирање
 •  Крштевање на Хлодовик I 25 декември 496 
 •  Верденски договор август 843 
Површина
 •  Вкупна 640,679 км2 (43та)
Население
 •  проценка за 2024 г. 68,373,433 (20та)
 •  Густина 106 жит/км2 (106та)
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен $3.988 Трилиони (10та)
 •  По жител $60,339 (26ти)
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $3.130 Трилиони (7ма)
 •  По жител $47,359 (23та)
Џиниев коеф. (2022)29.8
низок
ИЧР (2024) 0.918
многу висок
Валута Евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .fr
Повик. бр. +33

Франција (француски: France) официјално Француската Република (француски: République française) — држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (матичен дел) со 66,142,961 жители (1 јануари 2024). Во нејзиниот состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население 68,373,433 жители (Јануари 2024).

Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку Евротунелот, кој минува под големиот проток Ламанш.Франција е Република, организирана како унитарна Полупретседателска Република. Таа е развиена држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009).

Главен, а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз. Службен јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители, по Демократска Република Конго со околу 67 милиони. Главна религија во Франција е христијанска со 51 %, 39 % се атеисти а 7% од населението се муслимани.

Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.Таа припаѓа на Еврозоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE).Како воена сила, Франција ја поседува главната војска во Европската Унија при што таа е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.Шеф на државата е Претседателот а кабинетот го возглавува премиерот.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името Франција доаѓа од латинскиот збор, „Francia“, што буквално би значело „земја на Франките“. Има најразлични теории за потеклото на името на Франките. Според една, тоа потекнува од прагерманскиот збор frankon кој се преведува како копје. Воедно, секирата на Франките била позната како франциска. Друга предложена етимологија е дека на старогермански јазик, Франк значело слободен или збор спротивен на зборот роб. Овој збор сè уште постои во францускиот јазик franc (искрен, отворен), а воедно се користел како назив на француската валута франк, сè до воведувањето на еврото во 2000 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Современа Франција ги има скоро истите граници како и некогашниот регион Галија населен со племето Келти, наречени Гали. Римскиот цар Гај Јулиј Цезар ги покорил Галите во I век п.н.е [1] кога тие го прифатиле латинскиот јазик и култура, а потоа со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес е вториот најзастапен јазик во светот. Христијанството првпат се појавило во II и III век, а целосно се воспоставило во IV и V век, а свети Жером напишал дека Галија е единствениот регион кој е „слободен од ерес“.

Франција во 1477 година. Црвена линија: Границите на Кралството Франција; Светлосино: кралското подрачје

Во IV век, источната граница на Галија по текот на реката Рајна бил освоен од германски племиња, главно Франки, од кои произлегло старото име „Francie“. Модерното име „Франција“ произлегува од француските кралевите од Капетинската династија. Франките биле првото племе германски освојувачи од Европа по падот на Римското Царство кои се преобратиле во христијанство наместо во аријанство (нивниот крал Хлодовик го сторил тоа во 498); оттука Франција го стекнала називот „Најстарата ќерка на Црквата“ (La fille ainée de l’Église), а Французите поради тоа себеси се нарекувале „Најхристијанско Кралство Франција“. Постоењето како посебен ентитет започнало со Верденскиот договор (843), со поделбата на Каролинската Империја на Карло Велики на Источна Франкија, Средна Франкија и на Западна Франкија. Западната Франкија е приближно оној регион што го зазема денешната држава Франција. Каролинзите владееле со Франција до 987 година, кога Иго Капет, војвода на Франција и гроф на Париз, бил крунисан за француски крал. Неговите наследници, Капетите, династијата Валоа и Бурбоните, набрзо ја унифицирале земјата преку серија на војни. Крстоносна војна започнала во 1209 за да се елиминираат еретичките катари од Окситанија (јужен дел на денешна Франција). На крајот, биле уништени како катарите така и независноста на Јужна Франција.[2] Во 1337, на почетокот на првиот бран на црната смрт, Англија и Франција тргнале во војна една против друга и истата била позната под името Стогодишната војна.[3].

Монархијата го достигнала својот најголем подем во XVII век за време на владеењето на Луј XIV од Франција. Во тоа време Франција го имала најбројното население во Европа и имала огромно влијание врз европската политика, економија и култура. Францускиот јазик станал, и одредено време останал, заеднички јазик на дипломатијата и на надворешните односи. Франција била земја на интелектуалците, а големи научни дострели биле постигнати токму од страна на француските научници во XVIII век. Згора на тоа, Франција стекнала и свои колонии во Америка, Африка и Азија.

Кралство и република

[уреди | уреди извор]
Традиционалниот грб на француските кралеви — цветови крин
Декларација за правата на човекот и на граѓанинот од 1789.

Традиционален грб на кралска Франција бил цветови крин. Декларација за права на човекот и граѓаните од 1789 година.

На францускиот престол се менувале династиите Капет (987—1328), Валоа (1328—1589) и Бурбоните (1589—1789).

Од монархија до република

[уреди | уреди извор]
Заземањето на Бастилја на 14 јули 1789 година

Монархијата владеела со земјата сè до Француската револуција, во 1789 година. Луј XVI и неговата жена Марија Антоанета, биле погубени (во 1793), заедно со други илјадници француски граѓани во текот на владеењето на теророт.[4] После серија кратки шеми на влади, Наполеон Бонапарт ја презел контролата врз Републиката во 1799 година, прогласувајќи се себеси за прв конзул, и подоцна за император по што денес е познат како првиот император (1804—1814). Во текот на неколку војни, неговите војски го освоиле поголемиот дел од континентална Европа, со членови од семејството Бонапарт назначени за владетели во новоосвоените земји. Околу милион Французи загинале во текот на војните што Наполеон ги водел во Европа.[5]

После последниот пораз на Наполеон во 1815 година кај Ватерло, француската монархија повторно била воспоставена, но со нови уставни ограничувања. Во 1830 година,народно востание ја воспоставило конституционалната јулска монархија, која траела до 1848 година. Кусотрајната Втора Република завршила во 1852 година кога Луј-Наполеон Бонапарт го прогласил Второто Царство. Власта на Луј-Наполеон завршила по поразот во Француско-пруската војна од 1870 и неговиот режим бил заменет со Третата Република.

Колонијализам

[уреди | уреди извор]

Франција поседувала колонии, во најразлични облици, од почетокот на XVII век, па сè до 1960 година. Во XIX и во XX век, нејзината колонијална империја била втора по големина во светот, после Британската Империја. Меѓу 1919 и 1939 година, втората француска колонијална империја поседувала над 12.347.000 квадратни километри земја. Вклучувајќи го континенталниот дел на Франција, целосното француско подрачје достигнувало 12.898.000 квадратни километри во 1920-тата и 1930-тата, што изнесува 8,6 % од светската површина.

Во текот на XVII и XVIII век, Франција основала колонии и во Северна Америка, (Нова Франција — по долниот тек на реката Сент Лоренс во Канада), во САД, во Луизијана и на Карибите. Нова Франција била изгубена во војната со Британците во 1763 година, додека пак Наполеон им ја продал Луизијана на САД во 1803 година. По Втората светска војна, дел од француските колонии меѓу кои и Виетнам (поранешна Индокина) и Алжир ја стекнале својата независност после крвави воени конфликти.

Современа историја

[уреди | уреди извор]

Франција била победничка сила во Првата светска војна и во Втората светска војна. Човечките и материјалните загуби во првата војна, во која загинале 1,4 милиони Французи [6] биле далеку поголеми од оние што таа ги претрпела во текот на втората, иако само мал дел од нејзината територија бил окупиран во текот на Првата светска војна. Според бројот на жртвите на страната на сојузниците, Франција го зазема второто место со 25 % односно 5,6 милиони, од којшто 1,357 милиони загинати војници, а 4,266 милиони ранети војници. Дотогаш една од водечките колонијални сили во светот морала да се брани. За разлика од Првата светска војна каде што Франција ја имала една од водечките улоги, во Втората светска војна таа брзо била освоена и поразена уште во јуни 1940 година. Германците ја поразиле со брзи тенковски продори. Периодот меѓу војните забележал низа социјални реформи воведени од страна на владата на Народниот фронт. После германската блицкриг (blitzkrieg) кампања за време на Втората светска војна континенталниот дел на Франција бил поделен на окупирана северна зона и на југ, Франција на Виши, или режим кој бил марионета и лојален на окупаторите. За време на Втората светска војна во Франција делувало движењето на Отпорот. Во ноември 1942 година, Германците ја окупирале и Југоисточна Франција. Франција била ослободена од страна на англо-американско-канадската војска кој се истоварила во јуни 1944 година на Нормандија (Види — Битка на Нормандија). Антифашистичката влада во Франција била формирана од генералот Шарл де Гол. Загубата на војници во оваа светска војна не бил многу голем, но најмногу страдала еврејската заедница.

Шарл де Гол

Четвртата Република била воспоставена после Втората светска војна. Франција се обидела да ги задржи своите колонии и да ја сочува својата колонијална империја, но наскоро влетала во големи неволји поради битките за независност на колониите. Обидот во 1946 година да се врати контролата врз Француска Индокина довел до Првата војна за Индокина, која завршила со пораз на Французите во Битката на Диен Биен Пу во 1954. Само неколку месеци подоцна, Франција се соочила со нов, дури и потежок конфликт во Алжир.

Дебатата околу тоа дали треба или не треба да се задржи контрола во Алжир и иселувањето на околу еден милион европски доселеници, ја потресла земјата и за малку ќе довела до граѓанска војна. Во 1958 година, слабата и нестабилна Четврта Република била заменета со Петтата Република, која се одликувала со зајакнување на функцијата на претседателот. Улогата на Шарл де Гол била да ја задржи земјата во целост додека излегувала од периодот на конфликти и кризи. Алжирската војна и Франко-француската граѓанска војна што се водела во главниот град Алжир, завршила со мировни преговори во 1962 година по што Алжир ја стекнал својата независност.

Во последните децении, помирувањето и соработката на Франција со Германија се од централно значење за политичката и економската интеграција на растечката Европска Унија, вклучувајќи го и воведувањето на еврото во јануари 1999 година. Францускиот електорат гласаше против ратификацијата на Договорот за воспоставување на Устав за Европа во мај 2005 година, но потоа беше ратификуванЛисабонскиот договор од страна на парламентот во февруари 2008 година.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Сателитска слика на Франција

Додека континентална Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.[7] Овие територии имаат различни форми на управување и се нарекуваат прекуморски департмани и прекуморски територии.

Европскиот дел на Франција зазема 547,030 квадратни километри (211,209 sq mi),[8] заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на релјеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. На 4.807  метри над морското ниво, највисоката точка на Европа, врвот Монблан, се наоѓа на Алпите на границата меѓу Франција и Италија.[9] Континенталниот дел на Франција има исто така и раширени речни системи меѓу кои реката Лоара, Гарона, Сена и Рона, која го дели Централниот Масив од Алпите и се влева во Средоземното Море кај местото Камарг, најниската точка на Франција (2 m / 6.5 ft под морското ниво).[9] Корзика се наоѓа во Средоземното Море.

Француската економска зона се протега на 11 милиони км² (4 милиони квадратни милји) океан низ светот.[10]

Целосното копно на Франција, заедно со ДОМ и ТОМ (без Адели Ленд), изнесува 674.843  квадратни километри, 0,45 % од целосното копно на Земјата. Франција поседува втора по големина економска зона (EEZ) на светот, 11.035.000 квадратни километри, приближно 8 % од целосната површина на сите економски зони во светот, и се наоѓа веднаш зад Соединетите Држави (11.351.000 км2 / 4,383,000 sq mi) пред Австралија (8.232.000 км2 ).[11]

Европскиот дел на Франција се наоѓа меѓу 41° и 51° северна географска ширина, во западниот дел на Европа, па оттука лежи во северната температурна зона. Северот и северозападот имаат умерена клима, додека комбинација од морски влијанија, широчината и височината предизвикува разновидна клима во останатиот дел на континентална Франција.[12] На југоисток преовладува средоземна клима. Во западниот дел, климата главно е океанска со висок степен на врнежи, меки зими и свежи до топли лета. Во внатрешниот дел климата станува континентална со жешки, лета, постудени зими и со помалку врнежи. Климата на Алпите и другите планини главно е алпска, со голем број денови со температури под нулата и со 150 снежни денови каде снегот трае до 6 месеци.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]

Види:Список на градови во Франција.

Париз - Градот на светлината.

Најголеми и најважни градови се: Париз 12 милиони жители,Лион 1,8 милиони,Марсеј 1,6 милиони,Лил 1,3 милиони, Тулуза 1,15 милиони,Бордо 1,1 милион,Ница 1,0 милион, итн.

Бројот на население од 1 јануари 2009 во Франција е:

  • Франција (метрополитенски (европски) дел)- 62 448 977 милиони.
  • Франција (прекуморски дел)- 2 624 505 милиони
  • Вкупно: 65 073 482 милиони.

Франција е втора земја по население во Европската Унија и претставува 13 % од вкупното население.

 
Најголеми градови во Франција
попис 2010
Бр. Регион Нас. Бр. Регион Нас.
Париз
Париз
Марсеј
Марсеј
1 Париз Ил де Франс 2.243.833 11 Рен Бретања 207.178 Лион
Лион
Тулуза
Тулуза
2 Марсеј Прованса-Алпи-Азурен Брег 850.726 12 Ремс Голем Исток 179.992
3 Лион Оверњ-Рона-Алпи 484.344 13 Авр Нормандија 175.497
4 Тулуза Окситанија 441.802 14 Сент Етјен Оверњ-Рона-Алпи 171.260
5 Ница Прованса-Алпи-Азурен Брег 343.304 15 Тулон Прованса-Алпи-Азурен Брег 164,532
6 Нант Лоарски Крај 284.970 16 Гренобл Оверњ-Рона-Алпи 155.637
7 Стразбур Голем Исток 271.782 17 Дижон Бургундија-Франш Конте 151.212
8 Монпелје Окситанија 257.351 18 Анже Лоарски Крај 147.571
9 Бордо Нова Аквитанија 239.157 19 Вилербан Оверњ-Рона-Алпи 145.150
10 Лил Горна Франција 227.560 20 Сен Дени Реинион 145.022

Религија

[уреди | уреди извор]
Верници во Франција
Христијани
  
51,0 %
Атеисти
  
39,1 %
Муслимани
  
7,7 %
Други
  
2,2 %

Франција е земја каде што слободата на мислата и на религијата се зачувани уште од 1789 година врз основа на Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот. Републиката се заснова врз принципот на лаицизмот (или „слободата на совеста“, вклучувајќи го и недостатокот од него) применет од страна на Жил Фери во 1880-тите и законот од 1905 година за поделбата на црквите и на државата. Римокатолизмот е мнозинската религија на францускиот народ. Таа повеќе не се смета за државна религија, како што било до пред 1789 година и револуцијата.

Според последните податоци кои биле направени во 2024 година, 51% од населението на Франција се Христијани, 39% се атеисти, околу 7% се муслимани и 2% се други.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Француската Република е унитарна полупретседателска република со силни демократски традиции. Уставот на Петтата република бил изгласан на референдум на 28 септември 1958. Извршната власт сама по себе има два лидера: претседател на Републиката, актуелен шеф на државата Емануел Макрон бил избран на непосредни избори за период од 5 години (порано биле 7), и владата, водена од назначен претседател на влада, односно премиер.

Францускиот парламент е составен од Национално собрание (Assemblée Nationale) и сенат. Пратениците на Националното собрание се со мандат од 5 години. Собранието има моќ да го распушти кабинетот, па оттука мнозинството на собранието го определува изборот на владата. Сенатот се бира за период од 6 години (порано 9), а половина од мандатите се ставаат на избор секоја трета година почнувајќи од септември 2008 година.[13] Моќта на сенатот е лимитиран во случај на несогласување, сепак националното собрание го има последниот збор, освен кога се однесува за некои уставни прашања.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Со БДП од 2.865 милијарди долари, француската економија е петта економија во светот. Земјата има развиено стопанство, земјоделство и висококвалификувана работна сила. Динамичниот услужен сектор овозможува развој на голема економска активност. Франција е една од најголемите земји извознички во светот, најмногу извезува земјоделски производи, вино, машини, софтвер. Исто така, таа е голем извозник на електрична енергија.

Јавниот долг на Франција постојано растел во последните четири децении, зголемувајќи се од 85% во БДП во 2010 година на 98% во БДП на крајот на 2018 година.[14]

Во третиот квартал на 2019 година, стапката на невработеност во Франција изнесувала 8,6%.[15]

Слободата го води народот (1830) од Ежен Делакроа ја портретира Јулската револуција користејќи ги стилските погледи на романтизмот. Со оглед дека Слободата е дел од мотот „Слобода, еднаквост, братство", оваа слика станала примарен симбол на Француската Република

Франција со векови била центар на западниот културен развој. Многу француски уметници биле меѓу најреномираните од своето време, а Франција сè уште е прочуена во светот поради својата богата културна традиција.

Политичките режими секогаш го поттикнувале уметничко творештво, а создавањето на Министерството за култура во 1959 година помогна да се зачува културното наследство на земјата и да се направи достапно за јавноста. Министерството за култура било многу активно од своето создавање, доделување субвенции за уметници, промовирање на француската култура во светот, поддршка на фестивали и културни настани, заштита на историски споменици. Француската влада, исто така, ги брани аудиовизуелните производи направени во земјата.

Франција ја посетуваат најголем број туристи годишно, во голема мера благодарение на бројните културни објекти и историски згради, распрскани низ целата територија. 1.200 музеи годишно примаат повеќе од 50 милиони посетители.[16] Најважните културни локации ги води владата, на пример преку јавната агенција Центар за национални споменици, која е одговорна за околу 85 национални историски споменици.

43.180 градби се заштитени како историски споменици, главно вклучуваат замоци и верски објекти (катедрали, базилики, цркви), но исто така и статуи, споменици и градини. Во списокот на светско наследство на УНЕСКО е впишано 41 место во Франција.

Уметност

[уреди | уреди извор]

Почетоците на француската уметност биле под големо влијание на фламанската и италијанската уметност во времето на ренесансата. Жан Фуке, најпознатиот средновековен француски сликар, бил првиот кој патувал во Италија да ја доживее раната ренесанса од прва рака. Ренесансното сликарско „Фонтенблоовско училиште“ било директно инспирирано од италијански сликари, како што се Франческо Приматичо и Росо Фјорентино, кој работел и во Франција. Два од најпознатите француски уметници од времето на барокот, Никола Пусен и Клод Лорен, живееле во Италија.

Клод Моне го основал импресионистичко движење (Жена со чадор , 1886, Музеј Орсе.

17 век бил периодот кога класицизмот француското сликарство станало истакнато и индивидуализирано. Премиерот на Луј XIV, Жан-Батист Колбер, во 1648 година ја основал Кралската академија за сликарство и вајарство за да се заштитат овие уметници, а во 1666 година тој ја создал уште активната Француска академија во Рим за француските уметници имаат директни односи со нивните италијански колеги.

Француските уметници го развиле стилот рококо во 18 век, како поинтимна имитација на стариот барокен стил, делата на уметниците поддржувани од дворот, Антоан Вато, Франсоа Буше и Жан-Оноре Фрагонар, како најрепрезентативни. Француската револуција донела големи промени, Наполеон ги фаворизирал уметниците од неокласицистички стил како Жак-Луј Давид и високо влијателната Академија на ликовни уметности, дефинирани во стил познат како академизам. Во тоа време Франција станала центар на уметничкото творештво, во првата половина на 19 век доминирале две последователни движења, прво романтизмот со Теодор Жерико и Ежен Делакроа и реализмот со Жан-Батист-Камиј Коро, Гистав Курбе и Жан-Франсоа Миле, стил кој на крајот еволуирал во натурализмот.

Мислителот од Огист Роден (1902), Музеј Роден, Париз

Во втората половина на 19 век, влијанието на Франција на сликарството станува уште поважно, со развојот на нови стилови во сликарството како што се импресионизмот и симболизмот. Најпознати импресионистички сликари од овој период се Камиј Писаро, Едуар Мане, Едгар Дега, Клод Моне и Огист Реноар [17] Втората генерација на импресионистички сликари, Пол Сезан, Пол Гоген, Анри де Тулуз-Лотрек и Жорж Пјер Сера, исто така биле авангарда на уметничките еволуции,[18], како и фовистите Анри Матис, Андре Дерен и Морис де Вламенк [19][20]

На почетокот на 20 век, кубизмот бил развиен од Жорж Брак и шпанскиот сликар Пабло Пикасо, кој живеел во Париз. Други странски уметници, исто така се населиле и работеле во или во близина на Париз, како што се Винсент ван Гог, Марк Шагал, Амедео Модиљани и Василиј Кандински.

Многу музеи во Франција се целосно или делумно посветени на скулптури и сликарски дела. Огромна колекција на стари ремек-дела создадени пред или во текот на 18-от век се изложени во музејот во државна сопственост Лувр, како што се Мона Лиза, исто така позната и како Џоконда. Додека палатата Лувр е долго време музеј, музејот Орсе бил отворен во 1986 година и од старата железничка станица Гар д’Орсе, при голема реорганизација на национални уметнички колекции, за да се соберат француските слики од втората половина на 19 век (главно импресионизам и фовистички движења) [19][20]

Модерните дела се претставени во Националниот музеј на модерната уметност, кој во 1976 година се преселил во центарот Жорж Помпиду. Овие три државни музеи ги посетуваат блиску до 17 милиони луѓе годишно.[21] Други национални музеи со сликарски изложби се Големата палата (Гран пале) (1,3 милиони посетители во 2008 година), како и музеи во сопственост на градовите. Најпосетуван од нив е Музејот на модерна уметност на градот Париз (0,8 милиони посетители во 2008 година) каде се изложени современи дела.[21] Вон Париз сите големи градови имаат свои Музеи на ликовна уметност со дел посветен на европското и француското сликарство. Некои од најдобрите збирки се наоѓаат во музеите во Лион, Лил, Руан, Дижон, Рен и Гренобл.

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Внатрешноста на Светата капела прикажува насликани камени сводови и витраж
Светата капела на Луј IX Светиот го прикажува француското влијание на верската архитектура.

Во текот на среден вексредниот век, многу утврдени замокзамоци биле изградени од феудалните благородници за да ја обележат нивната моќ. Некои француски замоци кои преживеале се Шинон, Шато д’Анжер, масивниот Шато де Венсен и таканаречените Катарски замоци. Во оваа епоха, како и во поголемиот дел на Западна Европа, во Франција се користела романската архитектура. Од црквите во овој стил во Франција посебно се истакнуваат базиликата Сен Сернен во Тулуза, најголемата црква во романски стил во Европа[22] и остатоците од опатијата Клини.

Готската архитектура, првично наречена Opus Francigenum со значење „француска работа",[23] се зачнала на Ил де Франс и била првиот француски архитектонски стил што бил копиран во цела Европа.[24] Во Северна Франција се наоѓаат некои од најважните готски катедрали и базилики, а прва меѓу нив е базиликата Сен Дени (која се користела како кралска некропола). Други важни француски готски катедрали се Богородичната црква во Шартр и Богородичната црква во Амјен. Кралевите биле крунисувани во друга важна готска црква, Богородичната црква во Ремс.[25] Покрај црквите, готската архитектура се користела за бројни верски палати, од кои најважна е Папската палата во Авињон.

Конечната победа во Стогодишната војна означила важна фаза во еволуцијата на француската архитектура. Тоа било време на француската ренесанса и повеќе уметници од Италија. Многу резидентни палати биле изградени во долината на Лоара од 1450 година со Шато де Монсоро како прва референца.[26][27] Такви резидентни дворци биле Шато де Шамбор, Шато де Шенонсо и Шато д’Амбоаз.

Берзанскиот плоштад во Бордо, пример на француската барока архитектура.

По ренесансата и крајот на средниот век, барокната архитектура го заменила традиционалниот готски стил. Меѓутоа, во Франција, барокната архитектура имала поголем успех во световниот домен отколку во духовниот.[28] Во световниот домен, Версајскиот дворец има многу барокни особини. Жил Ардуен Мансар, кој ги дизајнирал проширувањата во Версај, бил еден од највлијателните француски архитекти на барокната ера. Познат е по својата купола на Домот на инвалидите.[29] Некои од највпечатливите провинциски барокни архитектури се наоѓаат на места кои сè уште не биле француски, како што е плоштадот Станислас во Нанси. На воената архитектонска страна, Вобан ги дизајнирал некои од најефикасните тврдини во Европа и станал влијателен воен архитект. Како резултат на тоа, имитации на неговите дела може да се најдат насекаде низ Европа, Америка, Русија и Турција.[30][31]

Opéra Garnier interior showing chandeliers and gilded decoration
Опера Гарние, Париз, симбол на францускиот стил Второ Царство

По револуцијата, републиканците го претпочитале неокласицизмот, иако тој бил воведен во Франција пред револуцијата со објекти како парискиот Пантеон или Капитолот во Тулуза. Изградени за време на Првото Француско Царство, Триумфалната капија и црквата Сен Мари-Меделин претставуваат најдобар пример за архитектурата во стилот ампир.[32]

Под Наполеон III, се појавил нов бран на урбанизам и архитектура. Биле изградени екстравагантни градби како необарокната Опера Гарние. Урбаното планирање било многу организирано и ригорозно, на пример Османовото реновирање на Париз. Архитектурата поврзана со оваа ера се нарекува ампир стил. Во тоа време дошло до повторен силен готски избувнување во Европа и Франција. Кон крајот на 19 век, Гистав Ајферл дизајнирал многу мостови, како вијадуктот Гарабит и останува еден од највлијателните проектанти на мостови во негово време иако најмногу е познат по култната Ајфелова кула.

Во 20 век француско-швајцарскиот архитект Ле Корбизје дизајнирал неколку објекти во Франција. Не толку одамна, француските архитекти ги комбинирале модерните и старите архитектонски стилови. Луврската пирамида е пример за модерна архитектура додадена на постара зграда. Најтешки градби за интегрирање во градовите во Франција се облакодерите, бидејќи се видливи од далеку. На пример, во Париз, од 1977 година, новите згради морале да бидат под 37 метри.[33] Најголемата финансиска област во Франција е Дефанс, каде што се наоѓаат бројни облакодери. .[34] Други масивни градби кои се предизвик за интегрирање во нивната околина се големите мостови. Пример за начинот на кој тоа е направено е Вијадутот Мијо. Некои познати современи француски архитекти се: Жан Нувел, Доминик Перо, Кристијан де Портзампарк и Пол Андре.

Книжевност

[уреди | уреди извор]
Молиер е автор со најизведувани дела во Комеди франсез
Виктор Иго е еден од најважните француски романописци и поети

Најраната француска книжевност датира од средниот век, кога она што денес е познато како модерна Франција немала еден единствен јазик. Имало неколку јазици и дијалекти, а писателите користеле свој правопис и граматика. Авторите на некои француски средновековни текстови се непознати, како што се Тристан и Изолда и Ланселот-Грал. Други автори се познати, на пример, Кретјен де Троа и војводата Вилијам IX од Аквитанија, кои пишувале на окситански јазик.

Голем дел од француската средновековна поезија и книжевност била инспирирана од француските легенди како што е „Песната за Ролан“ и разни јуначки песни (шансон де жест). Романот за Ренар, напишан во 1175 година од Перу де Сен Клуд, ја раскажува приказната за средновековниот лик Ренар (Лисец) и е друг пример на рани француски книжевни дела. Битна фигура во француската книжевност во 16 век бил Франсоа Рабле, чија новела Гаргантуа и Пантагруел до денешни дни останала прочуена и ценета. Друга голема фигура во француската книжевност во овој век бил Мишел де Монтењ. Неговото најпрочуено дело Есеи, го создал книжевниот жанр есеј.[35] Француската поезија во овој век била овоплотена од Пјер де Ронсар и Жоашен ди Беле. Овие двајца писатели го основале книжевното движење Ла Плејад.

Во текот на 17 век, Мадам де Лафајет анонимно го објавила Принцезата де Клев, роман што се смета за еден од првите психолошки романи на сите времиња.[36] Жан де Лафонтен е еден од најпознатите баснописци на тоа време, напишал стотици басни, некои далеку попознати од другите, како што е на пример Мравката и штурецот. Генерации француски студенти морале да ги учат неговите басни, што било сметано како помагање на учењето мудрост и здрав разум за младите луѓе. Некои од неговите стихови влегле во популарниот јазик и станале поговорки, како што е "À l'œuvre, on connaît l'artisan." (Занаетчијата се познава по делото).[37]

Жан Расин, чие неверојатно мајсторство на александринецот и на францускиот јазик било со векови фалено, создал претстави како што се Федра или Британикус. Тој, заедно со Пјер Корнеј (Сид) и Молиер, се смета за еден од трите големи драматурзи од златното доба на Франција. Молиер, кој се смета за еден од најголемите мајстори на комедијата на западната литература[38], напишал десетина драми, меѓу кои и Мизантроп, Скржавецот, Вообразениот болен и Граѓанинот благородник. Неговите драми се толку популарни во светот што францускиот јазик понекогаш се нарекува „јазикот на Молиер“ (la langue de Molière)[39],исто како што англискиот јазик се смета за „јазикот на Шекспир“.

Француската книжевност и поезија доживеале уште поголем процут во XVIII и XIX век. Најпознати дела на Дени Дидро се Фататистот Жак и Внукот на Рамо. Меѓутоа, тој е најпознат по тоа што бил главен уредник на Енциклопедијата, чија цел беше да ги сумира сите сознанија од неговиот век и да им ги претстави на луѓето, со цел да се бори против незнаењето и опскурантизмот. Во текот на истиот век, Шарл Перо бил плоден писател на познати детски бајки, вклучувајќи ги мачорот во чизми, Пепелашка, Заспаната убавица и Сината брада. На почетокот на 19 век, симболичката поезија била важно движење во француската книжевност, со поети како Шарл Бодлер, Пол Верлен и Стефан Маларме.[40]

Во 19 век се издале дела на многу угледни француски автори. Виктор Иго понекогаш се смета за „најголемиот француски писател на сите времиња“[41] извонреден во сите книжевни жанрови. Предговорот на неговата претстава Кромвел се смета за манифест на романтичното движење. „Контемплации“ и „Легендата на вековите“ се сметаат за „поетски ремек-дела“[42], а неговиот стил се споредува со оној на Шекспир, Данте и Хомер.[42] Неговиот роман „Клетници“ е нашироко познат како еден од најголемите романите што некогаш биле напишани[43], а "Богородичната црква во Париз" останува неизмерно популарен.

Други големи автори од овој век се Александар Дима (Тројцата мускетари и Грофот Монте Кристо), Жил Верн (Дваесет илјади милји под морињата), Емил Зола (Ругон Макарови), Оноре де Балзак (Човечка комедија), Ги де Мопасан, Теофил Готје и Стендал (Црвено и црно, Пармскиот картузијански манастир), чии дела се меѓу најпознатите во Франција и светот. Наградата „Гонкур“ е француска книжевна награда за првпат доделена во 1903 година.[44]

Истакнати писатели од 20 век се Марсел Пруст, Луј-Фердинан Селин, Албер Ками и Жан-Пол Сартр. Антоан де Сент Егзипери го напишал Малиот принц, кој со децении останал популарен кај децата и возрасните ширум светот.[45] Од 2014 година, француските автори се најбројни добитници на Нобеловата награда за литература.[46] Првата Нобелова награда за литература ја добил францускиот автор Сили Придом, додека последен бил Патрик Модијано кој ја добил наградата во 2014 година.[46] Жан-Пол Сартр бил првиот кој ја одбил Нобеловата награда во 1964 година.[46]

Филозофија

[уреди | уреди извор]

Сè до појавата на хуманизмот во ренесансата, во средновековната филозофија преовладувала схоластиката. Модерната филозофија во Франција почнала во 17 век со филозофијата на Рене Декарт, Блез Паскал и Никола Малбранш. Декарт ја оживеал западната филозофија, која опаднала по грчката и римската ера.[47] Неговите Размислувања за првата филозофија го промениле примарниот објект на филозофската мисла и покренале некои од најфундаменталните проблеми за други филозофи како Спиноза, Лајбниц, Хјум, Беркли и Кант.

Frans Hals painting of René Descartes facing right in black coat and white collar
Рене Декарт, основач на модерната филозофија.

Француските филозофи ги дале некои од најважните политички трудови во времето на просветителството. Во За духот на законите, баронот Де Монтескје дал теорија за начелото за поделба на власта, која била вградена во сите либерални демократии по првичната примена во Соединетите Држави. Волтер го отелотворува просветителството со своите одбрани на правата за бесплатно судење и слобода на вероисповед.

Француската мисла во 19 век била насочена кон одговори на општествената неволја која ја следела Француската револуција. На филозофите рационалисти како Виктор Кузен и Огист Конт, кои повикувале на нова социјална доктрина, им опонирале реакционерните мислите како Жозеф де Местр, Луј де Боналд и Фелисите Робер де Ламене, кои ги обвинувале рационалистите за отфрлање на традиционалниот ред. Заедно со Британецот Едмунд Берк, Де Местр се смета за еден од основачите на европскиот конзервативизам, додека Конт се смета дека е основач на позитивизмот, што Емил Диркем го преформулирал како основа за социјалните истражувања.

Во 20 век, делумно како реакција на перципираните ексцеси на позитивисмот, францускиот спиритуализам напредувал со мислители како Анри Бергсон и истиот имал влијание на американскиот прагматизам и Вајтхедовата верзија на филозофија на процес. Во меѓувреме, француската епистемологија станала истакната школа на мисла со Анри Поенкаре, Гастон Башлар, Жан Кавајес и Жил Вујмен. Под влијание на германската феноменологија и егзистенцијализмот, филозофијата на Жан-Пол Сартр имала големо влијание по Втората светска војна и на крајот на 20 век Франција станала лулка на постмодерната филозофија со Жан-Франсоа Лиотар, Жан Бодријар, Жак Дерида и Мишел Фуко.

Франција како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. Плутарх тврдел дека милион луѓе (веројатно една четвртина Гали) загинале, милион биле поробени, 300 племиња биле покорени а 800 града биле уништени за време на Галските војни.
  2. Massacre of the Pure Архивирано на 20 јануари 2008 г.. Time. 28 април 1961.
  3. Don O’Reilly. „Hundred Years' War: Joan of Arc and the Siege of Orléans Архивирано на 9 ноември 2006 г.
  4. Vive la Contre-Revolution!. The New York Times. 9 јули 1989.
  5. Napoleon and German identity Архивирано на 13 мај 2012 г.. Magazine article by Tim Blanning; History Today, Vol. 48, April 1998.
  6. France’s oldest WWI veteran dies. BBC News. 20 јануари 2008.
  7. Sovereignty claims in Antarctica are governed by the Antarctic Treaty System
  8. CIA (2007). „The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2007-12-06.
  9. 9,0 9,1 CIA (2006). „The World Factbook: Field Listing - Elevation extremes“. Архивирано од изворникот на 2018-11-23. Посетено на 2006-12-14.
  10. (француски) French Ministry of Foreign Affairs. „La France en bref“. Архивирано од изворникот на 2008-02-21. Посетено на 2008-03-20.
  11. Согласно една поинаква пресметка цитирана од страна на Pew Research Center, економската зона на Франција изнесува 10.084.201 км2, сепак зад онаа на Соединетите Држави (12.174.629 км2 ), и сепак пред Австралија (8.980.568 км2 / ) и Русија (7.566.673 км2 ).
  12. Ministry of Foreign Affairs (2005). „Discovering France: Geography“. Архивирано од изворникот на 2007-01-06. Посетено на 2006-12-29.
  13. „Rôle et fonctionnement du Sénat“. French Senate. 2006. Посетено на 2006-04-20.
  14. tradingeconomics.com (пристапено на 10.2.2020)
  15. www.investopedia.com (пристапено на 10.2.2020)
  16. Ministère de la Culture et de la Communication, "Cultura statistics", Key figures
  17. „Guide to Impressionism“. Nationalgallery.org.uk. Посетено на 22 July 2011.
  18. (француски) RFI, Le néo-impressionnisme de Seurat à Paul Klee Архивирано на 10 октомври 2017 г. 15 March 2005
  19. 19,0 19,1 National Gallery of Art (United States), The Fauves (dossier) Архивирано на 5 ноември 2010 г.
  20. 20,0 20,1 (француски) RFI, Vlaminck, version fauve Архивирано на 10 октомври 2017 г., 25 February 2008
  21. 21,0 21,1 (француски) Ministry of Tourism, Sites touristiques en France Архивирано на 11 мај 2011 г. page 2 "Palmarès des 30 premiers sites culturels (entrées comptabilisées)" [Ranking of 30 most visited cultural sites in France]
  22. „Toulouse's Saint Sernin, Largest Romanesque Church in Europe“. Europeupclose.com. 22 February 1999. Архивирано од изворникот на 10 July 2011. Посетено на 22 July 2011.
  23. Brodie, Allan M. (2003). „Opus francigenum“. Oxford Art Online. Oxford Art Online. Oxford University Press. doi:10.1093/gao/9781884446054.article.t063666. Посетено на 13 January 2019.
  24. „The Gothic Period“. Justfrance.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 22 July 2011.
  25. (француски) Histoire et Architecture Архивирано на 9 август 2016 г. – Site officiel de la Cathedrale de Notre-Dame de Reims Архивирано на 17 јули 2016 г.
  26. „Come to visit the most beautiful village in France in Montsoreau“. Val de Loire Travel. Посетено на 10 October 2018.
  27. Loire, Mission Val de. „Charles VII et Louis XI -Know -Val de Loire patrimoine mondial“. loirevalley-worldheritage.org. Посетено на 10 October 2018.
  28. (француски) Claude Lébedel – Les Splendeurs du Baroque en France: Histoire et splendeurs du baroque en France page 9: "Si en allant plus loin, on prononce les mots 'art baroque en France', on provoque alors le plus souvent une moue interrogative, parfois seulement étonnée, parfois franchement réprobatrice: Mais voyons, l'art baroque n'existe pas en France!"
  29. Hills, Helen (2003). Architecture and the Politics of Gender in Early Modern Europe. Ashgate Publishing. стр. 86. ISBN 978-0-7546-0309-2.
  30. „Fortifications of Vauban“. Whc.unesco.org. 8 July 2008. Посетено на 9 August 2010.
  31. „Official site of the UNESCO“. Unesco.org. Посетено на 9 August 2010.
  32. Paris: City Guide. Lonely Planet. 2008. стр. 48. ISBN 978-1-74059-850-7.
  33. Henri SECKEL (8 July 2008). „Urbanisme : Des gratte-ciel à Paris : qu'en pensez-vous? – Posez vos questions“. MYTF1News. Архивирано од изворникот на 29 October 2010.
  34. In the heart of the main European Business area Архивирано на 29 јули 2010 г. – NCI Business Center
  35. „Montaigne“. Humanistictexts.org. Архивирано од изворникот на 25 May 2011. Посетено на 22 July 2011.
  36. „La Princesse de Cleves by Madame de Lafayette, adapted by Jo Clifford“. Radiodramareviews.com. 28 February 2010. Архивирано од изворникот на 10 August 2011. Посетено на 22 July 2011.
  37. Jean de La Fontaine, Fables (1668–1679), I., 21, Les Frelons et les Mouches à miel; reported in Thomas Benfield Harbottle and Philip Hugh Dalbiac, Dictionary of Quotations (French and Italian) (1904), p. 1.
  38. "Author of some of the finest comedies in the history of the theater". Hartnoll, Phyllis (ed.). The Oxford Companion to the Theatre, 1983, Oxford University Press, p. 554.
  39. Randall, Colin (25 October 2004). „France looks to the law to save the language of Molière“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 22 July 2011.
  40. (француски) Le symbolisme français Архивирано на 7 март 2018 г.
  41. „Victor Hugo est le plus grand écrivain français“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 23 July 2013.
  42. 42,0 42,1 „Victor Hugo 1802–1885“. Enotes.com. Архивирано од изворникот на 2012-11-16. Посетено на 16 July 2011.
  43. „All-Time 100 Best Novels List“. Adherents.com. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 22 July 2011.
  44. (француски) La première Académie Goncourt Архивирано на 25 април 2011 г. – Site officiel de l'Académie Goncourt Архивирано на 19 ноември 2008 г.
  45. „The Little Prince“. Completelynovel.com. Архивирано од изворникот на 2018-09-30. Посетено на 22 July 2011.
  46. 46,0 46,1 46,2 Modiano strengthens France's literature Nobel dominance Архивирано на 18 октомври 2014 г., Global Post, 9 October 2014
  47. „The Beginning of Modern Sciences“. Friesian.com.
  48. Францускиот тестамент на семрежното место на Три
  49. YouTube, John Cale: Paris 1919 (Full Album) (пристапено на 13.2.2018)
  50. Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Култура
Општо