Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Украина
Україна  (украински)
Знаме Грб
Химна
Ще не вмерла Україна“ [1]
Уште не умрела Украина
Местоположбата на  Украина  (зелено)на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Украина  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Главен град Киев
50°27′ СГШ 30°30′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик украински
Признаени регионални јазици
Народности 
Демоним Украинец
Уредување унитарна полупретседателска република
 •  Претседател Петро Порошенко
 •  Премиер Володимир Гројсман
Законодавство Врховна рада
Создавање
 •  Киевска Русија 882 
 •  Козачка Република 1550 
 •  Украинска Народна Република 17 март 1917 
 •  УССР 30 декември 1922 
 •  Независност од СССР 24 август, 1991 
Површина
 •  Вкупна 603,628 км2 (44-та)
 •  Вода (%) 7%
Население
 •  проценка за 2008 г. 46.179.226[3] (27-ма)
 •  Попис 2001 48.457.102 
 •  Густина 77 жит/км2 (115-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $336.851 милијарди[4] 
 •  По жител $7.347[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $179.725 милијарди[4] 
 •  По жител $3,920[4] 
Џиниев коеф. (2014) positive decrease 24.1[5]
низок
ИЧР (2013)  0.734[6]
висок · 83та
Валута гривна (UAH)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .ua
Повик. бр. 380

Украина (украински: Україна) — држава во Источна Европа. Се граничи со Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црно и на Азовско Море. Главен град е Киев.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Се верува (најповеќе под влијание на руската и полската историографија)[7] дека името Украина доаѓа од старословенскиот поим украина што значи „гранична област“ или „крајина“[8]. Поимот може често да се сретне во Источнословенските хроники од 1187 година.[9] Поимот украини (множина) се користел и за Големото московско кнежество како и за Големото литванско кнежество. Во XVI и XVII век, овој поим се користел за земјите кои граничеле со номадскиот свет (Кримско ханство).

Многу современи украински историчари поимот „у-краина" го преведуваат како "во-земја", "татковина" или "наша-земја".[10] Овој превод е во согласност со оригиналното значење на на предлогот „у-“ во украинскиот јазик и именката „країна“ - „краина“.[11] При што треба да се разликува значењето на „гранична земја“ (украина vs. окраина)[10] кое неконзистентно се презема од бројни научни извори, често од неукраинско потекло,[9] додека преводот како "гранична земја" добро се усогласува со традиционалното значење во рускиот јазик на „у-“ и „краина“.[12]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Украина.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Украина.

Со 603.700 км² Украина е 44. најголема земја во светот и прва најголема држава на европскиот континент, сметајќи ги само земјите кои се протегаат целосно во Европа.

Пејзажот на Украина е составен од плодни низини и платоа. Во Украина има големи реки како на пример Днепар, Северски Донец, Днестар и јужен Бух. На југот на земјата делтата на Дунав ја создава границата помеѓу Украина и Романија. Единствените планини во земјата се Карпатите кои се наоѓаат на запад и највисок врв е Хора Ховерла со 2.061 m.

Климата во Украина е континентална, додека на југот се забележува и умерена медитеранска клима.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Украина.


Украина е република со мешан полупретседателски и полупарламентарен систем со посебна законодавна, извршна и судска власт. Претседателот се избира за мандат од пет години на претседателски избори и е на чело на државата.

Законодавната власт на Украина е во рацете на еднодомното собрание кој има 450 пратенички места и се нарекува Врховна рада. Собранието е одговорно за создавање на закони и како дел од тоа е и кабинетот на министри со премиерот на чело на истиот.

Највисока институција од судската власт во Украина е Уставниот суд, кој има моќ да поништи одредени закони ако не се во согласност со украинскиот Устав.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Украина е унитарна држава со унифициран правен и административен режим.

Украина е поделена на 24 области. Киев има специјален статус. Областите и републиката се поделени на преку 400 региони со просечна големина на регионите од 1.200 км² и со просечно население од 52.000 жители.

Украина има преку 400 градови од кои над 150 се поголеми, а преку 200 се паланки.

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Украина.
Зградата на Народната банка на Украина

За време на советската ера, економијата на Украина била втора најголема економија во СССР. Таа била важен индустриски и земјоделски центар. Со падот на СССР земјата почнала да се трансформира во пазарна економија. Владата на Украина започнала со имплементирање на нови закони и нова монетарна политика.

Во 2007 година, БНП на Украина бил рангиран на 29 место со 359.9 милијарди долари. БНП по глава на жител во 2008 бил 7.800, додека номиналниот БНП бил 198 милијарди долари.

Демографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Украина.

Украинците сочинуваат 77,8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите (17,3%) по кои следат Русините (0,9%). Важно е да се напомене дека украинската власт не ги признава Русините како посебен народ, туку како украински етнос, а нивниот русински јазик го смета за украински дијалект. Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0,8%), Белорусите (0,6%) и Бугарите (0,4%).

Сè до отцепувањето на Крим од Украина, Кримските Татари сочинувале 0,5% од населението. Тој број е значително намален поради тоа што највеќето од нив живеат на тој полуостров.

Службен јазик во Украина е украинскиот јазик, но од голема важност на економски и културен план е познавањето на рускиот јазик. Украински јазик зборува околу 55% од населението, додека руски јазик 45%.

Религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Украина.
Црквата Света Софија во Киев, претставува културно наследство заштитено од страна на УНЕСКО[13]

Околу 50,44% од населението на Украина се приврзаници на Украинската православна црква, околу 8% се католици, 7% приврзаници на Автокефалната украинска црква, 2% на Римокатоличката црква, околу 2% протестанти, 0,63% Евреи, 0,5% муслимани и т.н.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Украјна.
Верници во Украјна
Православни
  
75%
Католици
  
8%
Протестанти
  
5%
Евреј
  
5%
Муслимани
  
5%


Во текот на својата рана историја, Украина била населена со пагански племиња кои ја практикувале својата религија. Кон крајот на првиот милениум во земјата бил воведен византискиот ритуал. Се претпоставува дека апостол Андреј бил оној кој прв дошол на овие простории да ја проповеда новата религија. Јудаизмот на просторите на денешна Украина бил присутен пред повеќе од 2000 години, кога еврејските трговци патувале заедно до грчките колонии. Од XIII век еврејското присуство во Украина значително се зголемило. Подоцна во Украина бил основан и Хасидизмот. Муслиманската религија во Украина се појавила во времето на Златната орда и Отоманската империја. Кримските Татари го прифатиле исламот во времето на Златната Орда, а подоцна станале вазали на Отоманската империја. Во времето кога била била создадена Украинска ССР и земјата била во составот на СССР, атеистичкиот режим придонел за прогонување на голем број на христијански свештеници. Голем број на цркви биле или рушени или затварени.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Украина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Law of Ukraine. State Anthem of Ukraine“ (на украински). Врховна рада на Украина. 6 март 2003. http://zakon.rada.gov.ua/cgi-bin/laws/main.cgi?nreg=602-15. 
  2. „Law of Ukraine "On Principles of State Language Policy"“. Zakon2.rada.gov.ua. http://zakon2.rada.gov.ua/laws/show/5029-17. конс. 25 август 2012 г. 
  3. „Population“. State statistics Committee of Ukraine. 2008. http://www.ukrstat.gov.ua/operativ/operativ2008/ds/kn/kn_e/kn1008_e.html. конс. 20 декември 2008 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Ukraine“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=926&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=73&pr.y=8. конс. 22 април 2009 г. 
  5. „Gini index“. World Bank. http://data.worldbank.org/indicator/SI.POV.GINI?locations=UA. конс. 9 ноември 2016 г. 
  6. „2014 Human Development Report“ (PDF). 14 март 2013. стр. 21–25. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. конс. 27 јули 2014 г. 
  7. Русанівський, В. М. Українська мова // Енциклопедія «Українська мова». — К., 2000.
  8. „З Енциклопедії Українознавства; Назва "Україна"“. Litopys.org.ua. http://litopys.org.ua/rizne/nazva_eu.htm. конс. 31 октомври 2011 г. 
  9. 9,0 9,1 Ф.А. Гайда. От Рязани и Москвы до Закарпатья. Происхождение и употребление слова «украинцы» // Родина. 2011. № 1. С. 82–85. [1]
  10. 10,0 10,1 „Григорій Півторак. Походження українців, росіян, білорусів та їхніх мов“. Litopys.org.ua. http://litopys.org.ua/pivtorak/pivt12.htm. конс. 31 октомври 2011 г. 
  11. The Comprehensive Dictionary of the Contemporary Ukrainian Language. Perun Publishers, 2005.
  12. The Comprehensive Dictionary of the Contemporary Russian Language. 2006, T.F. Yefremova.
  13. „Kiev Saint Sophia Cathedral“. Oрганизација за oбразование, наука и култура на ООН (UNESCO). ОН. http://whc.unesco.org/en/list/527. конс. 18 август 2014 г. 

Поврзано[уреди | уреди извор]