Швајцарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Швајцарска Конфедерација
Знаме Грб
Гесло(traditional)
"Unus pro omnibus, omnes pro uno" (латински)
„Еден за сите, сите за еден“
ХимнаШвајцарски псалм

Местоположбата на  Швајцарија  (зелено) во Europe  (темно сиво)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Швајцарија  (зелено)

во Europe  (темно сиво)  —  [Легенда]

Главен градНема (de jure)
Берн (de facto)[1]
46°57′N 7°27′E / 46.950° СГШ; 7.450° ИГД / 46.950; 7.450
Најголем град Цирих
Службени
јазици
[2]
Демоним Swiss
Уредување Federal directorial republic with elements of direct democracy
 •  Федерален Совет
 •  Federal Chancellor C. Casanova
Законодавство Федерално собрание
 •  Горен дом Совет на кантони
 •  Долен дом Државен совет
Формирање
 •  Датум на основање c. 1300 
 •  de facto 22 септември 1499 
 •  de jure 24 октомври 1648 
 •  Restored 7 август 1815 
 •  Сојузна држава 12 септември 1848[3] 
Површина
 •  Вкупна 41.285 км2 (133rd)
 •  Вода (%) 4.2
Население
 •  проценка за 2012 г. 8,014,000[4][5] (96th)
 •  Попис 2011 7,954,700 
 •  Густина 188 жит/км2 (65th)
БДП (ПКМ) проценка за 2014 г.
 •  Вкупен $385.333 billion[6] (36th)
 •  По жител $47,863[6] (7th)
БДП (номинален) проценка за 2014 г.
 •  Вкупно $693.532 billion[6] (20th)
 •  По жител $86,145[6] (4th)
Џиниев коеф. (2014)positive decrease 28.5[7]
низок · 18та
ИЧР (2014) 0.930[8]
многу висок · 3та
Валута Швајцарски франк (CHF)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .ch
Повик. бр. +41
Светец-заштитник St Nicholas of Flüe

Швајцарската Конфедерација или Швајцарија е европска земја без излез на море. Таа граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е седиште на голем број на меѓународни организации.

Confoederatio Helvetica (CH), латинската верзија на официјалното име, избегнува употреба на било кој од четирите официјални јазици.

Етимологија на име[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Стара Швајцарска Конфедерација[уреди | уреди извор]

Федералната повелба (Bundesbrief) од 1291

Швајцарија која е позната и како Хелветска конфедерација претставува еден од најдобрите примери за развојот на федeралните односи на територијата на Европа. Швајцарија во 1291 година била поделена на три подрачја: Швиц, Ури и Унтервалд. Овие кантони биле формално дел од Германското царство уште од 1339 година, по битката кај Лаупен. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, којво превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.

Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајчи независност од Хабсбуршката династија и Германското царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралноста. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоил од 13 кантони.

Наполеонова ера[уреди | уреди извор]

Како таков систем на уредување, Швајцарија постоела сè до започнувањето на ерата на Наполеон Бонапарт. За време на Реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани кои биле зафатени соседните европски држави. По падот на Наполеон во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав. Конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна. Кантоните станале обични административни единици.

Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржи федералното уредување со некои онфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал ни во пракса, туку во 1815 година, во Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.

Федерална држава[уреди | уреди извор]

Приоѓањето на Швајцарија од конфедерација во федерација било проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони, Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период со мал број на жртви, околу 100. Така, во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането било какво делење односно формирање на сојузите.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Швајцарија е земја која се наоѓа во Централна Европа. Земјата граничи со со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија е земја која нема излез на море. Климата е умерено-континентална, на планините планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпи, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.

Швајцарија

Политички систем[уреди | уреди извор]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Население -Германци 63,7 % -Французи 20,4 % -Италијанци 6 % -Има и помал број на Македонци, Босанци, Срби и други народи.


Култура во Швајцарија[уреди | уреди извор]

Швајцарија лежи на крстосницата на неколку големи европски култури. Германскиот, францускиот и италијанскиот, се национални јазици на Швајцарија, затоа, швајцарската култура се карактеризира со разновидност, и поголема творечка разнообразност и уметничка продукција.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во Швајцарија постои богата архитектонска традиција. Почетокот на истакнат архитектонски израз, забележлив е во доменот на романичкиот стил со првите споменици од 12 век, како што се катедралите во Базел, Сион, Чур, Женева и Лозана. Овој стил, со изразито декорирање, исто така бил применуван и во изградбата на многуте замоци и тврдини низ целата земја, од кои многу се зачувани во добра состојба[10]. Потоа, во Швајцарија исто така, успешно бил применет и готскиот стил: Катедралите на Шафхаузен, Цуг и Цирих а барокниот стил се забележува во црквите на Ајнзиделн и Св. Гален . Голем број швајцарски градители и архитекти од времето на ренесансата и барокот оставиле бројни архитектонски дела во Италија, истакнувајќи се како одлични мајстори и архитекти. Нивните дела особено биле подигани во Северна Италија, а особено во Венеција.Додека пак архитектот Доменико Трецини изградил многу објекти во Санкт Петербург по наредба на Петар Велики, всушност, тој бил еден од поважните архитекти кои го подигнале градот Санк Петербург]]. Во дваесеттиот век, благодарение на Ле Корбизје еден од нај важните архитекти на ова столетието, Швајцарија ќе ја изиграла клучната улога во развојот на светската модерна архитектура[11]. Во оваа плејада истакнати архитекти со меѓународна слава и допринос спаѓаат и: Марио Ботта Жак Херцог , Пјер де Мерон, Петар Зумтор.

Стари дрвени куќи во Зинал

Ликовна уметност[уреди | уреди извор]

Алберто Џакомети на 31° Венецијанското биенале во 1962, фотографија на Паоло Монти (Фондација Паоло Монти, БЕИЦ)

Швајцарската уметност, не била директно под влијаније на италијанската и француската, низ сите стилски епохи : ренесансата, барокот па дури и класицизмот. Тоа било најмногу затоа што швајцарската средина била постојано, во континуитет, со протестанско верување, кое ја одалечувало од уметничките импулси и влијанија на соседните земји. Од овој период по познат е сликарот Самуел Хиеронимус Грим. Швајцарската уметност, својата вистинска афирмација ја доживеала од почетокот на дваесеттиот век, во времето на модерното творештво и естетика. Тоа е најмногу заради појавата на бројните ликовни творци со изразит индивидуализам и посебност. Меѓу поистакнатите автори се: Алберто Џакомети чие дело се карактеризира со исклучителен снажен израз особено во издолжените човечки фигури и фигурите на кучињата, доловувајќи ја човековата осаменост и изгубеност. Жан Тангиј изработил еден вид на конструктивистичка и кинетичка уметност, целосно доловена со подвижни скулптури. Додека пак Пол Кле не само што бил најзначајниот и за најоригинален сликар во Швајцарија, туку неговиот ликовен опус ќе биде многу важен во развојот на современата европска уметност.

Швајцарија е татковината на едено од суштествените уметнички движења во Европа, тоа е дадаизмот, кое потекнува од Кабаре Волтер во Цирих, каде што се собирале авангардните, анархистички уметници.

Швајцарија е позната и како еден од центрите на колекционерството на современата уметност, особено собрана и изложена во бројните музеи на современата уметност во: Цирих, Базел и Женева, но и во помалите градови како што се Шафхаузен, Мартињи и Винтертур.

Графичкита уметност и дизајн, денес се водечки во швајцарската применета уметност, особено применети во печатарството, ликовното обликување на книги, плакати и друго[12].

Книжевност[уреди | уреди извор]

Херман Хесе,1946 година

Во областа на литературата, во Швајцарија создавале голем број многу добро познати писатели. Жан-Жак Русо потекнувал од Женева. Критичарот и историчар Јакоб Буркхард бил од Базел. Домот на Жермен де Стал во Копет бил центар на европскиот книжевен живот во текот на 18 век.

Значајни се и современите писатели : Готфрид Келер, Конрад Фердинанд Мејер, Јеремија Готхелф и Шарл Фердинанд Рами. Херман Хесе и Карл Спитлер биле добитници на Нобелова награда за литература.

Во 20 век драмите на Фридрих Диренмат и Макс Фриш ги импресионирале читателите надвор од границите на Швајцарија[13].

Музика[уреди | уреди извор]

Артур Хонегер во 1928 година

Швајцарија не се смета за водечка музичка нација. Меѓутоа,од 20-тиот век започнал период во кој работеле голем број значајни композитори, како што се: Артур Хонегер, Отмар Шек и Френк Мартин, сите со меѓународна слава. Во Луцерн и Вербје се формираат престижни интернационални фестивали на класична музика.

Швајцарскиот композитор и музичар Андреас Фоленвајдер се здоби со светска слава за своето музичко творештво ја добил наградата Греми. Издал над 17 инструментални албуми[14].

Филм[уреди | уреди извор]

Филмот започна релативно доцна во Швајцарија. Денес во Швајцарија нема вистинска филмска индустрија, туку државна филмска субвенција од филмската секција на Сојузната канцеларија за култура. Филмаџиите обично зависат и од приватната подкрепа[15]. Неколку швајцарски филмови се познати низ целиот свет, а повеќето швајцарски кина прикажуваат најмногу филмови од америчката продукција. Најпознатиот швајцарски филмски режисери: Жан-Лик Годар, Клод Горета, Мишел Сорета, Алан Танер, Ролф Лиси, Фреди М. Мјурер, Даниел Шмид и Мајкл Штајнер[16].

Филмот „Патувањето на надежта“ од Ксавиер Колер освоил Оскар во 1991 година за најдобар странски филм. Во 2005 година бил снимен филмот „Моето име е Евгениј“, кои исто така забележал светско признание, работен според романот на Клаус Шаделин.

Најуспешниот Швајцарец во меѓународниот филмски бизнис денес е веројатно продуцентот Артур Кон, кој освоил неколку Оскари и бројни други награди со неговите филмови што ги продуцирал. Германскиот швајцарски режисер Марк Форстер исто така беше успешен во Холивуд веќе неколку години.

Секоја година во август се одржува Меѓународниот филмски фестивал Локарно, еден од најважните меѓународни филмски фестивали ширум светот. Најновиот фестивал е и Филмскиот фестивал во Цирих, кој се одржува од 2005 година.

Театар[уреди | уреди извор]

Сите поголеми градови во Швајцарија имаат градски театар. Најпознат е Шауспиелхаус во Цирих, еден од најважните театри од германско јазично подрачје[17].. По познати се актерите Валтер Родерер, Вало Луенд, Зарли Кариџет, Шаги Стрели и Јерг Шнајдер. Швајцарија има долга традиција на аматерскиот театар, со над 600 театарски клубови.

Религија[уреди | уреди извор]

Христијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграцијата го донела исламот во изминатиот век и денеска бројот на муслиманите е околу 4,26%. Истото се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1,8%[18]. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова апостолска црква (0,45%), хиндуизам (0,38%), будизам (0,29%), јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарците се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да се изјаснат.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Швајцарија.
Верници во Швајцарија
Католици
  
48 %
Православни
  
8 %
Муслимани
  
4 %


Спорт во Швајцарија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Holenstein, André (на German) (PDF). Die Hauptstadt existiert nicht. UniPress. Berne: University of Berne. ст. 16–19. http://www.kommunikation.unibe.ch/unibe/rektorat/kommunikation/content/e80/e1425/e4697/e86561/e87570/linkliste87574/bundesstadt_bern.pdf. посет. 27 март 2014 г. „Als 1848 ein politisch-administratives Zentrum für den neuen Bundesstaat zu bestimmen war, verzichteten die Verfassungsväter darauf, eine Hauptstadt der Schweiz zu bezeichnen und formulierten stattdessen in Artikel 108: «Alles, was sich auf den Sitz der Bundesbehörden bezieht, ist Gegenstand der Bundesgesetzgebung.» Die Bundesstadt ist also nicht mehr und nicht weniger als der Sitz der Bundesbehörden.“. 
  2. Federal Constitution, article 4, "National languages" : National languages are German, French, Italian and Romansh; Federal Constitution, article 70, "Languages", paragraph 1: The official languages of the Confederation are German, French and Italian. Romansh shall be an official language for communicating with persons of Romansh language.
  3. A solemn declaration of the Tagsatzung declared the Federal Constitution adopted on 12 September 1848. A resolution of the Tagsatzung of 14 September 1848 specified that the powers of the institutions provided for by the 1815 Federal Treaty would expire at the time of the constitution of the Federal Council, which took place on 16 November 1848.
  4. „Recent monthly and quarterly figures: provisional data“. Population and Households Statistics (STATPOP). Swiss Federal Statistical Office, Neuchâtel. конс. 16 June 2013. 
  5. „Press Release: Estimates of Switzerland's population in 2012 – Switzerland has 8 million inhabitants“. Swiss Federal Statistical Office, Neuchâtel. 2012. конс. 2012-09-08. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Switzerland“. International Monetary Fund. конс. 26 April 2014. 
  7. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. конс. 4 December 2015. 
  8. „Global Launch of 2015 Human Development Report“. United Nations Development Programme (UNDP). 14 December 2015. конс. 20 December 2015. 
  9. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB, Datenwürfel für Thema 01.2 - Bevölkerungsstand und -bewegung (германски)
  10. [http://www.dept.arch.vt.edu/events/pdf/swiss-architecture-symposium.pdf./ Swiss Architecture
  11. [https://issuu.com/birkhauser.ch/docs/swiss_sensibility_438948f40a5af2./ Swiss Sensibility
  12. [https://www.nationalmuseum.ch/e/sammlung_forschung.php/ The Swiss National Museum
  13. [https://encyclopedia.1914-1918-online.net/article/literature_switzerland/ Literature (Switzerland)
  14. [http://www.visionofparadise.ch/a-music/history/history.html/ Swiss music
  15. [http://cinematreasures.org/theaters/switzerland/ Movie Theaters in Switzerland
  16. [https://mubi.com/lists/swiss-cinema/ SWISS CINEMA
  17. [https://www.britannica.com/place/Switzerland/Daily-life-and-social-customs#ref907736/ Theatre
  18. CIA World Factbook section on Switzerland

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]