Белгија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Белгија
Знаме Coat of arms
Гесло"Eendracht maakt macht" (холандски)
"L'union fait la force" (француски)
"Einigkeit macht stark" (германски)
Химна"La Brabançonne"


Местоположбата на  Belgium  (dark green)– in Europe  (green и dark grey)– во the European Union  (green)
Местоположбата на  Belgium  (dark green)

– in Europe  (green и dark grey)
– во the European Union  (green)

Главен град
(и најголем)
Брисел
Службен јазик Холандски
Француски
Германски
Народности  see Демографија
Демоним Belgian
Уредување Федерална Парламентарна
Конституционална монархија[1]
 •  Крал Филип
 •  Премиер Чарлс Мишел
Законодавство Федерален парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Претсавничка комора
Независност од Холандија 
 •  Декларирана 4 октомври 1830 
 •  Признаена 19 април 1839 
 •  Основач the ЕЕЗ (сега ЕУ) 1 јануари 1958 
Површина
 •  Вкупна 30.528 км2 (140th)
 •  Вода (%) 6.4
Население
 •  Попис 1 January 2016 11,250,585 [2] (75th)
 •  Густина 363.6 жит/км2 (36th)
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен $508.598 billion[3] (38th)
 •  По жител $44,881[3] (20th)
БДП (номинален) проценка за 2016 г.
 •  Вкупно $470.179 billion[3] (23rd)
 •  По жител $41,491[3] (17th)
Џиниев коеф. (2011) 26.3[4]
низок
ИЧР (2014)  0.890[5]
многу висок · 21st
Валута Euro () (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на right
НДД .be
Повик. бр. +32
а. The flag's official proportions of 13:15 are rarely seen; proportions of 2:3 or similar are more common.
б. The Brussels region is the de facto capital, but the City of Brussels municipality is the de jure capital[6]
в. The .eu domain is also used, as it is shared with other European Union member states.

Кралство Белгија (на холандски: Koninkrijk België, на француски: Royaume de Belgique, на германски: Königreich Belgien) е земја во западна Европа, која граничи со Холандија, Германија, Луксембург, Франција и Северно Море.

Белгија е културен крстопат меѓу германска и романска Европа. Во Белгија се зборуваат холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток. Оваа културна и јазична разновидност се забележува и во комплицираните белгиски институции, како и во политичката историја на земјата. Бројот на жители во Белгија изнесува 10.309.725.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Белгија.

Од географски аспект, Белгија претставува еден вид крстопат на Европа и во последните 2000 години била сведок на постојаното населување на најразлични народи на нејзината територија. Во Белгија фигурирале Келтите, римјаните и германи. Подоцна, територијата на денешна Белгија била под директно влијание на Франција, Холандија, Шпанија и Австрија.

Првите познати народи кои ја населиле Белгија биле белгите. Белгите се келтски племиња кое дошле од Северна Галија, а во 54 п.н.е. биле подчинети од страна на Гај Јулиј Цезар. По распаѓањето на Римската имприја во 5 век, германите ја населиле римската провинција Галија.Франките овде го формирале своето царство. Царот Кловис I го примил христијанството. Во времето на Карло Велики, територијата на денешна Белгија повторно се наошала во неговото царство. Во 800 година, тој бил прогласен за цар на Светата Римска империја признаен и од самиот папа.

Покасно, овој регион бил вклучен во териториите на Холандија и Шпанија, додека протестантските покраини добиле независност. Следувало владеењето на Австрија и неколку години под француско владеење во времето на Наполеон Бонапарт. По отстранувањето на Наполеон од власт во 1815 година, Белгија повторно била соединета со северните области на Холандија. Во 1830 година избувнала Белгиската револуција, преку која се создала независна Белгија.

Леополд I за крал бил избран со помош на Велика Британија. Главна карактеристика на Белгија била нејзината неутралност, која била нарушена во 1914 година, кога била нападната од Германија. Така, таа била приморена да се вклучи во Првата светска војна. Во 1940 Белгија повторно била нападната од Нацистичка Германија, а по крајот на војната нејзината неутралност била изоставена.

Белгија е членка на НАТО пактот и една од основачите на Европската Економска Заедница. Во 1992 година се приклучила кон ЕУ. Од 1830 година таа е независна држава.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Белгија.

Белгија е држава која се наоѓа во Западна Европа и која се граничи на запад со Северното море, на север со Холандија, на исток со Германија, на југоисток со Луксембург и на југ со Франција со вкупна должина на границата од 1482 километри. Плоштината на Белгија изнесува 30,510 km², и според неа се наоѓа на 136 место во светот.

Белгија има морска клима. Просечна температура во Белгија е околу 11,2 °C. Можеме да разликуваме три климатски типови. Просечната температурска разлика меѓу најтоплиот месец и најлданиот месец (лето 16,9 °C ; зима 3 °C). Во централна Белгија владее морска клима. Поголемото растојание на морето е причината за поголемите разлики меѓѕ летните и зимските температури (лето 14,7 °C ; зима 2,5 °C). Околината северно од реката Maas и реката Samber владее така наречена копнена клима. Јули и август се од прилика најтоплите месеци, а јануари и февруари се најладните месеци во целата година. Зимите во високите Ardennen се остри и долги. Просечната количина на дожд во целата година е околу 852 mm. Просечниот број на денови во кој паѓа дожд е меѓу 75 и 90 денови. Максималната дебелина на снегот е околу 6 cm на крајбрежјето, а околу 30 cm на некој повисоки места на Ардените, додека просечниот број на сончеви денови во целата година изнесува околу 1392 денови.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Белгија.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Белгија.

Население, религија и јазик[уреди | уреди извор]

Брисел, главен и најголем град во Белгија

Население и јазици[уреди | уреди извор]

Белгија има 10,309,725 жители (2009), а густината на населението изнесува 338 жител на км². Брисел со околу 1,080,790 жители е најголемиот град во земјата.

Во Белгија се зборува холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток.

Религија[уреди | уреди извор]

По шпанското освојување од 1592, до повторното воспоставување на верската слобода во 1781 година од страна на Јозеф II од Австрија, Римокатоличката црква била прогласена за единствената легитимна религиозна организација која била дозволена на територијата на денешна Белгија. Сепак, мал број на протестантски групи успеале да опстојат и истите главно се задржиле во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт [7].

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Белгија.
Верници во Белгија
Католици
  
80%
Протестанти
  
10%
Јудејци
  
7%
Муслимани
  
3%


Религијата била една од разликите кои се појавиле помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север предводен од страна на Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна сметка, унијата се распаднала во 1830 година по создавањето на новата белгиска држава. По 1830 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во политичкиот живот на Белгија. Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“ („guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954 до 1958.

Друг важен настан што се случил е од 1990, кога религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на белгискиот парламент за легализација на абортусот[8]

Денеска, во Белгија католицизмот е најголема религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот број на население. Други религии во земјата се исламот, протестантството и јудаизмот.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура на Белгија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Government type: Belgium“. The World Factbook. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2128.html. конс. 19 декември 2011 г. 
  2. „Bevolkingscijfers per provincie en per gemeente op 1 januari 2016/Chiffres de la population par province et par commune, a la date du 1er Janvier 2016“ (PDF). Statistics Belgium, Federal Public Service Economy. 24 јануари 2016. http://www.ibz.rrn.fgov.be/fileadmin/user_upload/fr/pop/statistiques/population-bevolking-20160101.pdf. конс. 24 март 2016 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Belgium“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2016/02/weodata/weorept.aspx?sy=2015&ey=2020&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&pr1.x=66&pr1.y=9&c=124&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLUR&grp=0&a=. конс. октомври 2016 г. 
  4. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. http://appsso.eurostat.ec.europa.eu/nui/show.do?dataset=ilc_di12. конс. 13 август 2013 г. 
  5. „Human Development Report 2015“ (PDF). United Nations. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr_2015_statistical_annex.pdf. конс. 14 декември 2015 г. 
  6. (PDF) The Belgian Constitution. Brussels, Belgium: Belgian House of Representatives. May 2014. стр. 63. http://www.const-court.be/en/basic_text/belgian_constitution.pdf. конс. 10 септември 2015 г. 
  7. ((cite web | url = http://www.dick.wursten.be/reformatie_nl.htm%7Ctitle = "Де Reformatie во vogelvlucht" или како фламански протестантизмот се повлекле кон Север (на холандски) | автор = Френк Роз (инспектор на протестантска веронаука) | accessdate 2008/04/10 =))
  8. New York Times, 5 април, 1990. „Belgian King, Unable to Sign Abortion Law, Takes Day Off“. http://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9C0CE1DA1F3BF936A35757C0A966958260. конс. 10 април 2008 г. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Земји кои го образуваат Бенелукс

Белгија | Луксембург | Холандија