Португалија
| Португалска Република República Portuguesa
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: "A Portuguesa" „Португалската“ |
||||||
| Главен град (и најголем) |
Лисабон5 |
|||||
| Службен јазик | Португалски1 | |||||
| Признаени регионални јазици | мирандски | |||||
| Народности (2011) |
|
|||||
| Демоним | Португалец | |||||
| Уредување | парламентарна република | |||||
| • | Претседател | Анибал Каваку Силва | ||||
| • | Премиер | Педро Пасос Коељо | ||||
| Формирање | Општопризнат датум на независност е 1139 | |||||
| • | Основање | 868 | ||||
| • | Реосновање | 1095 | ||||
| • | Де факто суверенитет | 24 јуни 1128 | ||||
| • | Кралство | 25 јули 1139 | ||||
| • | Призната | 5 октомври 1143 | ||||
| • | Папско признавање | 1179 | ||||
| пристапила во ЕУ | 1 јануари 1986 | |||||
| Површина | ||||||
| • | Вкупна | 92,345 км2 (110та) | ||||
| • | Вода (%) | 0,5 | ||||
| Население | ||||||
| • | проценка за јули 2007 г. | 10.848.692 (75та) | ||||
| • | Попис 2001 | 10.148.259 | ||||
| • | Густина | 114 жит/км2 (87ма) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2006 г. | |||||
| • | Вкупен | $232.000.000.000 (40та) | ||||
| • | По жител | $23.464 (2007) (34та) | ||||
| ИЧР (2013) | ▬ 0.822[1] многу висок · 41ва |
|||||
| Валута | Евро (€)² (EUR) |
|||||
| Часовен појас | ЗЕВ³ | |||||
| • | (ЛСВ) | ЗЕЛТ (UTC0) | ||||
| НДД | .pt4 | |||||
| Повик. бр. | 351 | |||||
| 1. | мирандски јазик, кој се зборува во некои села на општината Миранда до Дуро, бил официјално признат во (Lei n.° 7/99 de 29 de Janeiro), оттогаш давајќи му официјално право на користење на мирандскиот на јазичното малцинство кое го засега.[2] Португалскиот знаковен јазик е исто така признат. | |||||
| 2. | Пред 1999: Португалско ескудо. | |||||
| 3. | Азори: УКВ-1; УКВ во лето. | |||||
| 4. | Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија. | |||||
| 5. | Коимбра бил главен град на државата од 1139 до околу 1260. | |||||
Португалија (португалски: Portugal) — република во западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во југозападна Европа. Таа е најзападната земја во континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азорите (Açores) и Мадеира.
Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10.524.145 жители.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Името „Португалија“ само по себе открива делови рани од историјата на оваа земја - таа потекнува од римското име Portus Cale, можна мешавина на грчко и латинско име кое значи "Убаво пристаниште". Просторот на денешна Португалија во текот на историјата бил населуван од страна на многу народи и цивилизации, како Ибери, Келти, фенекијци, картагенци, грци, германи и маври.
Португалија во текот на XV век и XVI век успеала да го прошири своето влијание. Славни личности од тие векови се: Фернандо Магелан кој го опколил светот, Бартоломео Диаз кој достигнал до 'Рт Добра Надеж и источниот крај на Африка, Васко де Гама и др. Крајот на XV век, Португалија за прв пат во историјата ја изгубила независноста, и тоа под власт на Шпанија преку кое почнало пропаѓање на Португалија како велесила.
Португалија продолжила да ја губи својата политичка и економска сила поради неколку причини, пред се Лисабонскиот земјотрес од 1755 година, подемот на Наполеон Бонапарт, стекнување на независност на Бразил во 1822 година и граѓанската војна помеѓу либералите и апсолутистите. Во 1910 година била укината монархијата. Во 1975 година Протугалија дала независност на своите преостанати колонии.
Португалија е една од основачите на НАТО алијансата, а од 1986 година е член на ЕУ.
Етимологија[уреди | уреди извор]
Географија и клима[уреди | уреди извор]
Португалија е држава на западниот и југозападниот дела на Пиринејскиот Полуостров. Граничи со Шпанија на север и исток и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадеира. Португалија е една од најтоплите држави во Европа со атланско-медитеранска клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите достигаат до -5 °C. Снежни врнежи има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на север и 18 °C на југ. Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доуро.
Државно уредување[уреди | уреди извор]
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Економија[уреди | уреди извор]
Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]
Култура во Португалија[уреди | уреди извор]
Религија[уреди | уреди извор]
Најголема религија во Португалија е Римокатоличката. Околу 84% од населението се католици, но само околу 19% присуствуваат редовно на неделните литургии. Сепак, голем број од Португалците сакаат да бидат крстени, оженети во црквата и слично[3]. Иако црквата и државата формално биле разделени за време на Првата Португалска Република (1910-1926), со уставот од 1976 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во португалското општество и култура. Многу португалски празници, фестивали и традиции, имаат религиозно потекло. Иако црквата и државата се формално одвоени, Католичката црква се уште добива одредени привилегии во земјата.
Денеска, најголемиот дел од португалското население е римокатоличко, односно 84.5% од вкупниот бој на населението се католици, а околу 2.2% припаѓаат на други христијански организации[4].
Музика во Португалија[уреди | уреди извор]
Спорт во Португалија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“. United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. конс. 27 јули 2014 г.
- ↑ Студија Евромозаик, мирандскиот во Португалија, europa.eu - Европска Комисија веб-сајт, пристапена на јануари 2007.
- ↑ „Portugal está mais secularizado do que a Espanha“. Diário Ateísta. 18 јануари 2007. http://www.ateismo.net/diario/2007/01/portugal-est-mais-secularizado-do-que.php. конс. 28 април 2007 г.
- ↑ „CIA — The World Factbook -- Portugal“. 17 јануари 2009. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/po.html.
Видете исто така[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
|