Литванија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Литванска Република
Lietuvos Respublika
Знаме Грб
ГеслоTautos jėga vienybėje
„Силата на нацијата лежи во единството“
ХимнаTautiška giesmė
„Национална песна“

Местоположбата на  Литванија  (темно зелена)– на Европскиот континент  (зелена и светло сива)– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Литванија  (темно зелена)

– на Европскиот континент  (зелена и светло сива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Вилнус
54°41′ СГШ 25°19′ ИГД / 
Службен јазик Литвански
Народности (2011[1])
Демоним Литванец
Уредување полупретседателска република
 •  Претседател Далја Грибаускајте
 •  Премиер Андриус Кубилиус
 •  Спикер на сејмот Ирена Дегутиене
Независност од Руската Империја (1918) 
 •  Споменување на Литванија 14 февруари 1009 
 •  Државност 6 јули 1253 
 •  Персонална унија со Полска 2 февруари 1386 
 •  Објавување на Полско-литванската унија 1569 
 •  Руска/пруска окупација 1795 
 •  Објавување на независност 16 февруари 1918 
 •  1ва советска окупација 15 јуни 1940 
 •  2ра советска окупација 1944 
 •  Обновување на независноста 11 март 1990 
 •  Нацистичка окупација 1941 
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 65,200 км2 (123та)
 •  Вода (%) 1,35%
Население
 •  проценка за 2009 г. 3.281.000 (130та)
 •  Густина 52 жит/км2 (120та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 ММФ октомври г.
 •  Вкупен $63,579 билиони[2] (75та)
 •  По жител $18.854 (46та)
БДП (номинален) проценка за 2008 ММФ октомври г.
 •  Вкупно $48,747 билиони [1] (75та)
 •  По жител $14.456 (39та)
Џиниев коеф. (2003) 36
среден
ИЧР (2014)  0.834[3]
многу висок · 35та
Валута Euro (€) (EUR)
Часовен појас ИЕВ (UTC+2)
 •  (ЛСВ) ИЕЛВ (UTC+3)
Датумски формат yyyy.mm.dd (н.е.)
Се вози на десно
НДД .lt1
Повик. бр. 370
1. Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.

Литванија (литвански: Lietuva), официјално Република Литванија (Lietuvos Respublika), а многу ретко Литва[4] — земја во Североисточна Европа и е сместена меѓу Русија и Балтичкото Море на запад, Република Полска на југ, Белорусија на исток, Летонија на север. Република Литванија е стара преку 1.000 години.[5]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Литванија.

Во XVI век, Литванија е една од најбогатите и најмоќните земји во Европа. На 3 мај 1791, Полско-литванската унија го ратифицирала првиот устав во Европа. Набргу потоа, Литванија престанува да постои 123 години, поради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија.

Литванија повторно се изборува за независност во 1918 година. Во 1988, на првите делумно слободни избори во Литванија по Втората светска војна, победува Движењето за Саjyдиc (Sąjūdis), а поразени се литовските комунистички владетели.

Во 2003 година бил потпишан договор за присоединување на Литванија кон ЕУ. Така од 1 мај 2004 година, Литванија станала членка на ЕУ и НАТО.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Литванија.

Литванија граничи со Русија и Балтичкото Море на запад, Република Полска на југ, Белорусија на исток, Летонија на север. Најголемата река во државата е Неман. Неговиот воден тек не поминува надморска висина повеќе од 250 метри. Најголемиот врв е висок 294 метри. Во Литванија има околу 3000 езера. Климата е континентална и морска.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Литванија.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Литванија е поделена на 10 окрузи (apskritys) кои ги носат имињата на нивните административни центри. Окрузите се поделени на вкупно 60 општини (savivaldybės): 9 градски, 43 реонски и 8 обични. Секоја општина потоа се дели на старешинства (seniūnijos). Во 2010 г., на окрузите им е одземена управата и оттогаш тие претставуваат само територијални и статистички единици.[6]

Окрузи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Окрузи во Литванија.

Општини[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Општини во Литванија.

Градови[уреди | уреди извор]

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Литванија.

По површина зафаќа 65.301 км², а брои население од 3.349.900 жители, од кои 84% се Литванци, потоа има 6,1% Полјаци, 4,9% Руси и 1,1% Белоруси.

Религија[уреди | уреди извор]

Христијанство[уреди | уреди извор]

Верници во Литванија
Католици
  
79 %
Православни
  
4,5 %
Други Христијани
  
1,75 %
Муслимани
  
0,08 %
Евреи
  
0,04 %
Други
  
1,5 %
Нергиозни
  
9,5 %



79% од Литванците припаѓаат на Римокатоличката црква. [7] Некои католички свештеници пружиле отпор на комунистичкиот режим кој продолжил да постои по независноста. Во близина на Шиулај се наоѓа Ридот на Крстовите, нарекуван и храм на антикомунистичкиот отпор. Латинските крстови биле забраниети од страна на Руската Православна кон крајот на XIX век. Советските власти продолжиле со забраната.

Вкупниот број на православни верници во земјата е околу 4.5%, претежно Руси.[7] Вкупниот број на протестанти е 0,8% од вкупниот број на население, претежно на Евангелската Лутеранска црква на Литванија [7].

Ислам[уреди | уреди извор]

Во Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Литванско кнежество и Полско-литванската унија на јужните делови од земјата се населиле кримските Татари [8] Денеска овие Татари се нарекуваат Литвански татари.

Други религии[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година, вкупниот број на евреи бил 1.272. [9]

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Литванија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Population at the beginning of the year by ethnicity“. DB1.stat.gov.lt. Statistics Lithuania. http://db1.stat.gov.lt/statbank/selectvarval/saveselections.asp?MainTable=M3010215&PLanguage=1&TableStyle=&Buttons=&PXSId=3236&IQY=&TC=&ST=ST&rvar0=&rvar1=&rvar2=&rvar3=&rvar4=&rvar5=&rvar6=&rvar7=&rvar8=&rvar9=&rvar10=&rvar11=&rvar12=&rvar13=&rvar14=. посет. 2 јули 2012 г. 
  2. „Извештај за избрани земји и субјекти“. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2008/02/weodata/weorept.aspx?sy=2008&ey=2008&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=946&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=&pr1.x=73&pr1.y=9=. 
  3. „2014 Human Development Report Summary“. United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. посет. 27 јули 2014 г. 
  4. Правопис на македонскиот јазик, стр. 162, Просветно Дело, Скопје, 2007
  5. Mindaugas, 1236
  6. „Dėl apskričių viršininkų administracijų likvidavimo“. Парламент на Република Литванија. http://www3.lrs.lt/pls/inter3/dokpaieska.showdoc_l?p_id=392936. посет. 21 август 2011 г. 
  7. 7,0 7,1 7,2 (литвански) „Romos katalikų daugiausia“. Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. 7 ноември 2002. http://www.stat.gov.lt/uploads/docs/2002_11_07.pdf. 
  8. Islamic peoples of the Soviet Union, by Shirin Akiner, pg. 85
  9. (литвански) „Gyventojai pagal tautybę ir tikybą“. Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. http://db.stat.gov.lt/sips/Dialog/varval.asp?ma=gs_dem21lt&ti=Gyventojai+pagal+tautyb%E6+ir+tikyb%E0++&path=../Database/cen_lt/s71lt/1.%20demografija/&lang=1. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]