Зимски олимписки игри 1932
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| III Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1932 | |
| Град домаќин | Лејк Плесид, САД |
| Број на држави | 17 |
| Број на спортисти | 252 |
| Број на спортови | 4 |
| Број на натпревари | 14 |
| Отворање | {{{Отворање}}} |
| Затворање | 15 февруари 1932 |
| Стадион | |
III Зимски олимписки игри се одржале од 4 февруари до 15 февруари 1932 година во Лејк Плесид, САД. Игрите требале да се одржат во Биг Пинес, Калифорнија, но поради времеснките услови и недостатокот од снег, биле префрлени во Лејк Плесид.
Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.
Краток преглед
[уреди | уреди извор]- Игрите официјално биле прогласени за отворени од страна на гувернерот на Њујорк, Френклин Делано Рузвелт, кој истата година бил избран за претседател на САД.
- Соња Хени го одбранила златото, освоено во уметничко лизгање во женска конкуренција од претходните игри. Златото го одбранила и француската спортска двојка Андре Жоли и Пјер Бруне, но истото не успеал да го направи Гилис Графстром, кој завршил втор, зад Австриецот Карл Шрефер, со што не успеал да го освои и четвртото последователно злато на Олимписките игри.
- Ирвинг Џафи победил во трките на 5000 и 10000 m во брзо лизгање, победувајќи го во трката на 10000 m првакот од претходните игри и актуелен светски рекордер Ивар Балангруд, со предност помала од 5 m.
Спортови
[уреди | уреди извор]Медали биле доделени во 14 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле карлингот, трки со санки, влечени од кучиња и брзо лизгање за жени.
Распоред на натпревари
[уреди | уреди извор]Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
| ● | Церемонија ан отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | Вкупно | |||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Церемонии | ● | ● | |||||||||||||
| Боб | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||
| Брзо лизгање | 2 | 1 | 1 | 4 | |||||||||||
| Нордиска комбинација | 1 | 1 | |||||||||||||
| Скијачко трчање | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||
| Скијачки скокови | 1 | 1 | |||||||||||||
| Уметничко лизгање | 1 | 1 | 1 | 3 | |||||||||||
| Хокеј на мраз | 1 | 1 | |||||||||||||
| Вкупно | 2 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 2 | 1 | 14 | ||||||
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]Поради влијанието на големата економска криза, на игрите учествувале само 252 спортисти од 17 земји. Немало земји, кои за првпат испратиле спортисти, а учеството во однос на претходните игри го откажале: Аргентина, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Холандија и Кралството Југославија.
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]| Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 6 | 4 | 2 | 12 | |
| 2 | 3 | 4 | 3 | 10 | |
| 3 | 1 | 1 | 5 | 7 | |
| 4 | 1 | 2 | 0 | 3 | |
| 5 | 1 | 1 | 1 | 3 | |
| 6 | 1 | 1 | 0 | 2 | |
| 7 | 1 | 0 | 0 | 1 | |
| 8 | 0 | 1 | 0 | 1 | |
| 9 | 0 | 0 | 2 | 2 | |
| 10 | 0 | 0 | 1 | 1 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Зимски олимписки игри 1932“ на Ризницата ? |
- Лејк Плесид 1932, МОК
|
