XX Зимски олимписки игри се одржаа од 10 до 26 февруари2006 година во Торино, Италија. По Зимските олимписки игри во 1956 година, кои се одржале во Кортина Дампецо, по вторпат Зимските олимписки игри се одржале во Италија.
Официјалното лого на игрите го прикажува името на градот „Торино“ на италијански и пјемонтски јазик.[2] Маскоти на игрите беа неве (во превопд од италијански „снег“), што претставува женска грутка снег и глиц (во превод од италијански „лед“), што претставува машка коцка лед.[3] Официјалното мото на игрите гласи Страста живее овде (англиски: Passion lives here).