Зимски олимписки игри 1994

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XVII Зимски олимписки игри - Лилехамер 1994
XVII Зимски олимписки игри - Лилехамер 1994
Град домаќин Лилехамер, Норвешка
Број на држави 67
Број на спортисти 1737 (1215 мажи и 522 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 61
Отворање 12 февруари 1994
Затворање 27 февруари 1994
Стадион

XVII Зимски олимписки игри се одржале од 12 до 27 февруари 1994 година во Лилехамер, Норвешка. Остаанти кандидати за организација на игрите виле Енкориџ, двоецот Естерзунд/Оре и Софија.

Лого а играта била светлината аурора, која во периодот на одржување на игрите е карктеристична појава за северните области, во кои се наоѓа Лилехамер.

Со оглед на одличната организација, одличната атмосфера на борилиштата и гостопримливоста на организаторите, претседателот на МОК, Хуан Антонио Самаранч овие игри ги прогласил за најдобри Зимски олимписки игри дотогаш.

Игрите биле одржани само две години по последните Зимски олимписки игри. Оттогаш, Зимските олимписки игри се одржувале на секои две години по Летните олимписки игри, кои продолжиле да се одржуваат во престапните години.

Избор на град-домаќин[уреди]

Во 1986 година, вбила донесена одлука од страна на МОК, според која Летнтие и ЗИмските олимписки игри нема да се одржуваат во иста година. Било одлучено за прв пат тоа да се случи со организација на Зимските олимписки игри во 1994 година.[1]

Вон конкуренција за организација на игрите, покрај Лилехамер биле уште шведскиот двоец Остерзунд/Оре, Енкориџ и Софија. Градот Лилехамер, организацијата на игрите ја добил, со победата со 6 гласа повеќе од кандидатурата на градовите Остерзунд и Оре во третиот и последен круг од гласањето.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1994[2]
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг
Лилехамер  Норвешка 25 30 45
Остерзунд/Оре  Шведска 19 33 39
Енкориџ Flag of the United States.svg САД 23 22 -
Софија  Бугарија 17 - -

Краток преглед[уреди]

  • За игрите биле продадени 1,21 милиони влезници. Организацискиот кмитет проценил дека околу 500.000 гледачи игрите ги следеле бесплатно, во блзиина на патеките. За медиумите и специјалните гости биле доддени дополнителни 180.000 седишта.
  • Во скијачко трчање, Љубов Егорова уште еднаш ја потврдила својата доминација во спортот, освојувајќи три златни и еден сребрен медал, со што и на овие игри била најсупешен натпреварувач.
  • Домашниот натпреварувач Јохан Олав Кос освоил три златни медали во брзо лизгање, притоа соборувајќи три светски рекорди.
  • Ким Јон Ми од Јужна Кореја со само 13 години станала најмладиот освојувач на златен медал на Зимските олимписки игри. Таа освоила злато во брзо лизгање на кратки патеки, како дел од националната штафета на својата земја.
  • Врени Шнајдер освоила злато, сребро и бронза во алпско скијање, а Мануела ди Цента истото тоа го направила во скијачко трчање.
  • Во биатлон, Мирјам Бедард ги освоила обете поединечни трки.
  • Густав Ведер и Донат Аклин станале првите натпреварувачи, кои успеале да одбранат златен медал освоен на претходните игри во дисциплината боб двосед.
  • Во уметничко лизгање, Екатерина Гордева и Сергеј Гринков го освоиле своето второ злато на Олимписките игри, со победата во спортски двојки. Британската танцова двојка, Џејн Торвил и Кристофер Дин, кои освоиле злато на игрите во Сараево во 1984 година, повторно се натпреварувале и го освоиле бронзениот медал.
  • Бројната домашна публика очекувала злато од своите миленици во штафетната трка на 4х10 km во скијачко трчање. Сите биле сведоци на драматична завршница, во која штафетата на Италија го освоила златниот медал за само 0,4 s. Во публиката насатнал молк, но по неколку минути победниците биле поздравени со громогласен аплауз.

Спортови[уреди]

На игрите биле доделени медали во 61 дисциплина во 6 спортови.

Земји-учеснички[уреди]

На игрите учествувале 1737 спортисти од 67 земји. За прв пат на Зимските олимписки игри учествувале Американска Самоа, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Израел, Казахстан, Киргистан, Молдвија, Русија, Словачка, Тринидад и Тобаго, Узбекистан, Украина и Чешка.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Русија 11 8 4 23
2  Норвешка 10 11 5 26
3  Германија 9 7 8 24
4  Италија 7 5 8 20
5 Flag of the United States.svg САД 6 5 2 13
6 Јужна Кореја Република Кореја 4 1 1 6
7  Канада 3 6 4 13
8  Швајцарија 3 4 2 9
9  Австрија 2 3 4 9
10  Шведска 2 1 0 3

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

Надворшни врски[уреди]