Казахстан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Република Казахстан
  • Қазақстан Республикасы   (казашки)
  • Республика Казахстан   (руски)
Знаме Амблем
ХимнаМенің Қазақстаным
„Мој Казахстан“

Местоположбата на  Казахстан  (зелено)
Местоположбата на  Казахстан  (зелено)
Главен градАстана
Најголем град Алмати
Службен јазик
Службено писмо Казашка азбука
Народности (2016[2])
Демоним Казахстанец[б 1][4]
Уредување Унитарна претседателска република
 •  Претседател Касим-Жомарт Токаев
 •  Премиер Аскар Мамин
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Меџилис
Создавање
 •  Казашки Ханат 1465 
 •  Алашка Автономија 13 декември 1917 
 •  Кигиска АССР 26 август 1920 
 •  Казашка АССР 19 јуни 1925 
 •  Казашка ССР 5 декември 1936 
 •  Објавена независност 25 октомври 1990 
 •  Реконституирана како Република Казахстан 10 декември 1991 
 •  Објавена независност од СССР 16 декември 1991 
 •  Протокол од Алмати 21 декември 1991 
 •  Призната 26 декември 1991 
 •  Член на ООН 2 март 1992 
 •  Сегашен устав 30 август 1995 
Површина
 •  Вкупна 2.724.900 км2 (9-та)
 •  Вода (%) 1.7
Население
 •  проценка за 2018 г. 18,311,700 [5] (62-та)
 •  Густина 7 жит/км2 (236-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен $535 милијарди[6] (42-ра)
 •  По жител $28,536[6] (53-та)
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно $195 милијарди[6] (50-та)
 •  По жител $10,447[6] (54-та)
Џиниев коеф. (2013)26.4[7]
низок
ИЧР (2017) 0.800[8]
многу висок · 58-ма
Валута Тенге (₸) (KZT)
Часовен појас Запад / Исток (UTC+5 / +6)
Се вози на десно
НДД
Повик. бр. +7-6xx, +7-7xx

Казахстан[б 2] (казашки: Қазақстан, руски: Казахстан), службено Република Казахстан (казашки: Қазақстан Республикасы; руски: Республика Казахстан), е независна држава во Централна Азија. Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2 724 900 километри квадратни.[4][9] Казахстан е трансконтинентална држава, каде голем дел од источните и централните предели се наоѓаат во Азија, а делови од западните предели се во Европа. Казахстан е најдоминантна држава во економска смисла во Централна Азија, која допринесува со 60% од БНП на регионот. Тоа се должи првенствено на индустријата со нафта и гас, но и големите количини природни ресурси.

Официјално државата е демократска, секуларна и уставна република со богато културно наследство.[10] Казахстан се граничи со Русија, Кина, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, и исто така има излез на Касписко Езеро. Географската разновидност на државата вклучува низини, степи, тајги, кањони, планини, делти и пустини. Според проценките за 2018 година, Казахстан има население од 18.3 милиони жители.[11] Имајќи ги предвид бројот на население и вкупната површина се увидува дека Казахстан спаѓа во групата на држави со слаба населеност. Главен град на Казахстан е Астана (службено име: Нурсултан), а најголем град, кој воеднo бил и главен град, е Алмати.

Територијата на Казахстан била историски населена од различни турски (туркиски) номади кои биле под управа на различни турски држави. Во 13 век територијата потпаднала под монголска управа во рамките на Монголската Империја под раководство на Џингис Хан. До 16 век Казаците се оформиле како посебна етничка група, поделени на три подгрупи односно територијално потекло. Русите започнале да навлагаат во казашките степи во 18 век и до средината на 19 век во пракса ја контролирале целата територија на Казахстан. Тогаш Казахстан потпаднал под управа на Руската Империја. По Руската револуција од 1917 година територијата на Казахстан била преуредувана под различни автономни единици. Менувањето на локалните автономни управи завршило со основањето на Казашката Советска Социјалистичка Република во 1936, како интегрален дел на Советскиот Сојуз.

Казахстан била последната советска република која објавила независност за време на распадот на СССР во 1991 година. Сегашниот претседател на републиката, Нурсултан Назарбаев, е лидер на државата уште од тој период. Назарбаев ја направил државата авторитарна, со богата историја на владина злоупотреба на човековите права и потиснување на опозицијата.[12] Казахстан вложил труд за развојот на економијата.[12] Голем број светски организации имаат остри критики за состојбата со човековите права во државата, меѓу кои слободата на говор и вероисповед.

Според пописот од 2009 година, во државата најголема етничка група се Казаците со 63%, а потоа следуваат побројните Руси, пропратени од Узбеци, Украинци, Германци, Татари и Ујгури.[13] Околу 70% од населението се муслимани, а 26% се Христијани. Официјални јазици во државата се казашки и руски.[4][14]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името „Казак“ потекнува од старотурскиот збор qaz, што значи „талка“, и тој се однесува на номадскиот живот на народот.[15] Името на Козаците има исто етимолошко потекло.[15] Персиската наставка '-стан' значи „земја“ или „место на“. Така сумарно гледано, името во слободен превод значи „земја на талкачи“.

Историја[уреди | уреди извор]

Географија[уреди | уреди извор]

Карта на градовите во Казахстан.

Казахстан граничи со Русија, Кина, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан. Има брегови на Касписко Море и Аралско Море. Климата во Казахстан е континентална. Средните јануарски температури се движат од -25ºС (на север и во централен Казахстан) до -3ºС (на југ); средните јулски температури соодветно од 19 до 30ºС. Врнежите во државата се просечно до 300 мм, во пустините под 100 мм, а на планините до 1.600 мм.

Политика[уреди | уреди извор]

Казахстан е унитарна република. Нејзин прв претседател, од април 1990 година, па сè до неговата оставка во март 2019 година, бил Нурсултан Назарбаев. На 19 март 2019 година, тогаш 78-годишниот Назарбаев се повлекол од претседателското место, а за негов привремен наследник бил назначен претседателот на Горниот дом на Парламентот, Касим-Жомарт Токаев.[16] Нејзиниот парламент е составен од два дома, Долен и Горен дом. Во практиката, Казахстан е диктаторска земја со една партија која ги има речиси сите места во парламентот.

Економија[уреди | уреди извор]

Космодромот Бајконур е најстариот и најголем космодром во светот.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Населението на Казахстан изнесува 17,563,300 жители. Најголемиот дел од населението го сочинуваат 63,1% Казаци и 23,7% Руси. Исламот е религија на околу 70% од населението, а христијани се 26%.


Култура во Казахстан[уреди | уреди извор]

Спорт во Казахстан[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Казахстанец е поим за сите жители, а за главната етничка група се користи Казак/ Казаци.[3]
  2. Поретко државата се именува и како Казакстан, односно Република Казакстан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Constitution of the Republic of Kazakhstan". zan.kz.
  2. „Численность населения Республики Казахстан по отдельным этносам на начало 2016 года“. Архивирано од изворникот на 14 October 2017. конс. 2017-05-24.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  3. Schneider, Johann F.; Larsen, Knud S.; Krumov, Krum; Vazow, Grigorii (2013) (на en). Advances in International Psychology: Research Approaches and Personal Dispositions, Socialization Processes and Organizational Behavior. Kassel university press GmbH. стр. 164. ISBN 978-3-86219-454-4. https://books.google.co.uk/books?id=p_TauaCvBdUC. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Kazakhstan Архивирано 30 October 2017 во Wayback Machine.. CIA World Factbook.
  5. „Population“. конс. 29 October 2018. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Kazakhstan“. International Monetary Fund. Архивирано од изворникот на 27 February 2018.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  7. „Gini index“. World Bank. Архивирано од изворникот на 9 February 2015. конс. 21 November 2015.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  8. „2018 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2018. Архивирано (PDF) од изворникот на 19 March 2016. конс. 15 September 2018.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  9. „Agency of Statistics of the Republic of Kazakhstan (ASRK). 2005. Main Demographic Indicators“. Stat.kz. Архивирано од изворникот на 14 March 2010. конс. 1 June 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  10. „Kazakhstan/Qazaqstan Constitution“. Архивирано од изворникот на 2 December 2016. конс. 27 December 2016.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  11. „Census2010“. Stat.kz. Архивирано од изворникот на 12 October 2013. конс. 1 June 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  12. 12,0 12,1 Zarakhovich, Yuri. „Kazakhstan Comes on Strong“, „Time“, 27 септември 2006 (посет. 13 декември 2015 г).
  13. „Перепись населения Республики Казахстан 2009 года. Краткие итоги. (Census for the Republic of Kazakhstan 2009. Short Summary)“ (PDF) (Russian). Republic of Kazakhstan Statistical Agency. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 December 2010. конс. 10 December 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  14. The constitution of Kazakhstan Архивирано 18 April 2009 во Wayback Machine., CONSTITUTION OF THE REPUBLIC OF KAZAKHSTAN: 1. The state language of the Republic of Kazakhstan shall be the Kazakh language. 2. In state institutions and local self-administrative bodies the Russian language shall be officially used on equal grounds along with the Kazakh language.
  15. 15,0 15,1 „Cossack (n.)“. The Online Etymology Dictionary. Архивирано од изворникот на 2 October 2015.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  16. Претседателот на Казахстан Назарбајев поднесе оставка по три децении на власт“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Управување
Општи информации