Република Кореја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Кореја
대한민국
Daehan-minguk
Знаме
Гесло널리 인간을 이롭게 하라 (홍익인간
„Придобива цело човештво“
ХимнаЕгука (애국가)
„Родољубива песна“
Главен град
(и најголем)
Сеул
37°35′ СГШ 127°00′ ИГД / 
Службен јазик корејски
Демоним кореец
Уредување полупретседателски систем
 -  Претседател Пак Кун-хе
 -  Премиер Чунг Хонг-вон
Законодавство Национално собрание на Република Кореја
Основање
 -  Објавена декларација 1 март, 1919 
 -  Провизорна влада 13 април, 1919 
 -  Поделба на Кореја 15 август, 1945 
 -  Устав 17 јули, 1948 
 -  Влада 15 август, 1948 
Површина
 -  Вкупна 100.032 км2 (108-ма)
 -  Вода (%) 0,3
Население
 -  проценка за  48,379,392 (26-та)
 -  Густина 493 жит/км2 (12-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $1.342 трилиони[1] (13-та)
 -  По жител $27.646[1] (32-ра)
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $947 милијарди[1] (15-та)
 -  По жител $19.504[1] (36-та)
Џини (2007) 31.3 (low)[2] 
ИЧР (2008) 0,928 (висок) (25-та)
Валута Јужнокорејски вон (₩) (KRW)
Часовен појас Корејско стандардно време (UTC+9)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+9)
Датумски формати yyyy년 mm월 dd일
yyyy/mm/dd
Се вози на десно
НДД .kr
Повик. бр. 82

Република Кореја или позната како Јужна Кореја е суверена држава која се наоѓа во јужниот дел на Корејскиот полуостров. Таа исто така се нарекува Република Кореја (РК, корејски: 대한민국 („техан мингук“) и во резолуцијата на ОН од 1948 год. е опишана како единствена законски влада во Кореја. Англиското име на Кореја доаѓа од старата династија Корјо во периодот кога многу западни нации го забележале постоење на династијата на Корејскиот Полуостров. Корејското име „Техан Мингук“ може да се преведе како „Република на великиот Хан“. „Хан“ е името на народите на корејскиот полуостров и во некои делови на Манџурија. Ова име на народите потекнува од името на единствениот античкиот Бог на корејските народи, наречен „Хананим“.

Нејзините соседи се Кина на запад, Јапонија на исток, Северна Кореја на север, и на Источното Кинеско Море на југ. Јужна Кореја се наоѓа во умерена северна зона и има претежно планински рељеф. Нејзината територија зафаќа вкупна површина од 99.392 квадратни километри и има население од речиси 50 милиони. Главен и најголем град е Сеул, со население од 10.421.782 луѓе.

Археолошки наоди покажуваат дека Корејскиот полуостров бил населен до стариот (долниот) палеолит. Корејската историја започнува со основањето на Кочосон во 2333 год. п.н.е. од страна на легендарниот Дан-гун. По обединувањето на Трите кралства на Кореја под водство на Шила во 668 год. од н.е., Кореја го помина периодот на династијата Корјо и династијата Чосон како една нација до крајот на Корејската империја во 1910 год., кога Кореја беше присвоена од Јапонија. По ослободувањето и окупацијата од советските и американските сили на крајот од Втората светска војна, нацијата беше поделена на Северна и Јужна Кореја. Јужна Кореја беше основана во 1948 год. како демократија, иако политички превирања и периодите на воена власт и воена состојба, означија голем дел од периодот до основањето на Шестата Република во 1987 год.

По инвазијата на Јужна Кореја од страна на силите од Северот на 25. јуни 1950 год., војната која резултурашемеѓу двете Кореи заврши со Догвор за примирје, но границата меѓу двете земји е најдобро обезбедена граница во светот. По војната, Јужна Кореја забележа зачителен раст и земјата прерасна во голема економија, целосна демократија и регионална сила во Источна Азија.

Јужна Кореја е претседателска република која се состои од шеснаесет административни единици и е развиена земја со многу висок стандард на живеење. Таа е четвртата по големина економија во Азија и 15. (номинална) или 12. (според паритет на куповна моќ) најголема економија во светот. Економијата е ориентирана на извоз, со производство што се фокусира на електроника, автомобили, бродови, машини, петрохимикали и роботика. Јужна Кореја е членка на Обединетите нации, СТО (Светската трговска организација), ОЕСР (Организација за економска сработка и развој) и Г-20 големи економии. Исто така таа е еден од основачите на АПЕС (Азиско-пацифичка економска соработка) и Источно-азискиот самит.

Историја[уреди]

Пред поделбата[уреди]

Чикчи, првата книга испечатена со подвишна метална машина во 1377 год. Национална библиотека на Париз.

Корејската историја започнува со основањето на династијата Чосун (позната и како „Кочосон“ за да се спречи забуна со друга династија основана во 14. век; префиксот „Ко“ значи „постар“, „пред“ или „порано“) во 2323 година п.н.е. од страна на Тангун , според корејски митологија за создаванњето на светот. Династијата Кочосон се проширила додека не го контролирала северниот дел на Корејскиот Полуостров и некои делови на Манџурија. По многу конфликти со кинеската династија Хан, династијата Кочосон се распаднала, што доведува до периодот на Прото-Три царства на Кореја.

Во раните векови на нашата ера, царството Пујо, Окчо, Тонгје и конфедерацијата Самхан го окупирале полуостровот и јужниот дел на Манџурија. Од многуте држави, Когурјо, Пекче и Шила ја презеле контролата врз полуостровот како Трите кралства на Кореја. Обединување на трите кралства од страна на Шила во 676 год. доведе до период на Северна –јужна држава (Шила била на југ, а на север Палхе (или Бохаи од кинески)), во кој голем дел од Корејскиот Полуостров бил под контрола на обединета Шила, додека Палхе успеала да преземе контрола врз северните делови на Когурјо.

Во Обединета Шила, луѓето биле охрабрувани да учат поезија и уметност, а будистички култура напредувала. Односите меѓу Кореја и Кина останале релативно мирни во ова време. Сепак, Обединета Шила, ослабнала од внатрешни судири, и му се предала на Горјео во 935 год. Државата Палхе, северен сосед на Шила, била формирана како држава-наследничка на Когурјо. Во периодот кога го достигнала својот врв, Палхе имала контрола врз поголемиот дел од Манџурија и делови од рускиот Далечен Исток. Бил освоена од Китанците во 926 год.

Полуостровот бил обединета од страна на царот Течо од Корјо во 936 год. Како Шила, Корјо била држава со висока културна и од таму потекнува корејските будистички записи Чикчи од 1377 год., со користење на најстарата подвижна метална печатарска преса во светот. Монголска инвазија во 13. век ја ослабела многу Корјео. По речиси 30 години војна, династијата Корјео продолжила да владее во Кореја, иако како сојузник на Монголите. По падот на Монголската империја, следела тешка политичка борба и династијата Корјо била заменета од династијата Чосон во 1388 год., по бунтот од страна на генералот Ји Сонг-Гје (Течо).

Палатата Кјонгпок е најголемата на Петте големи палати изградени за време на династијата Чосон.

Кралот Течо го прогласил новото име на Кореја – „Чoсон“ во однос на Кочосон, и ја префрлил престолнината во Хансонг (старото име на Сеул). Првите 200 години од династијата Чосон биле обележани со релативен мир и создавањето на Хангул (корејската азбука) од страна на кралот Сечонг Велики во 14. век и зголемувањето на влијанието на конфучијанизмот во земјата.

Помеѓу 1592 год. и 1598 год., Јапонците извршиле инвазија на Кореја. Хидејоши Тотојоми ги предводел силите и се обидел да го нападне азискиот континент преку Кореја, но на крајот бил одбиен од страна на Праведната армија и помошта која стигнала од кинеската династија Минг. Во оваа војна иста така се истакнал адмиралот Ји Сун-син и неговиот познат „брод-желка“. Во20-тите и 30-тите години на 17. век, Манџурците извршиле инвазии на Чосон, а на крајот ја освоил цела Кина.

По уште една серија на војни против Манџурија, во Чосон настапил период од речиси 200 години мир. Кралот Јонгчо и кралот Чонгчо предводеле нова ренесанса на династијата Чосон.

Сепак, последните години од династија Чосон биле обележани од страна на зависноста од Кина за надворешни работи и изолација од надворешниот свет. Во текот на 19. век, со изолационистичка политика, Кореја го заслужи името „Еремтско царство“. Династојата Чосон се обидела да се заштити од Западниот империјализам, но на крајот била принудена да се отвори за трговија. По Првата Сино-јапонската војна и на Руско-јапонската војна, Кореја беше окупирана од страна на Јапонија (1910-1945). На крајот на Втората светска војна, јапонските сили се предадоа на Советскиот Сојуз која го окупира севернит дел на Кореја и американските сили кои го окупираа јужниот дел.

По поделбата[уреди]

Влада[уреди]

Под нејзиниот сегашен устав, државата понекогаш се нарекува Шестата република Јужна Кореја. Како и многу други демократски држави, Јужна Кореја има влада поделена во три гранки: извршната власт, судство и законодавство. Извршната и законодавна власт работат првенствено на национално ниво, иако различни министерства во извршната власт исто така извршуваат функции на локално ниво. Локалните власти се полуавтономни, и содржат сопствени извршни и законодавни тела. Судската власт функционира како на национално, така и на локално ниво. Јужна Кореја е уставна демократија.

Структурата на владата на Јужна Кореја е утврдена со Уставот на Република Кореја. Овој документ е ревидиран неколку пати откако беше прогласен за прв пат во 1948 година за независноста. Меѓутоа, тој има задржано многу општи карактеристики и со исклучок на краткотрајната Втора република Јужна Кореја, земјата отсекогаш имала претседателски систем со независен претседател. Првите директни избори се одржаа во 1948 година. Иако Јужна Кореја доживеа неколку воени диктатури од 1960-тите до 1980-тите години, оттогаш прерасна во успешна либералната демократија. Денес, Светската книга на факти на ЦИА ја опишува демократијата во Јужна Кореја како „целосно функционална модерната демократија“.

Административна поделба[уреди]

Јужна Кореја е поделена на 8 покраини („до“), 1 специјална автономна покраина текпјол („текпјол чачидо“), 6 метрополски градови („квангјок-си“) и 1 специјален град („текбјол-си“). Тие потоа се делат на разни помали единици: градови („си“), околии („кун“), окрузи („ку“), помали градови („еп“), паланки („мјон“), маала („донг“) и села („ри“).

Покраинските единици се првостепени административни единици во земјата. Се делат на пет групи: покраини, специјални самоуправни покраини, специјални градови, метрополски градови и специјални самоуправни градови.

Покраини
Специјална самоуправна покраина
Специјален град
Специјален самоуправен град
Метрополски градови

Надворешна политика[уреди]

Војска[уреди]

Географија, клима и животна средина[уреди]

Економија[уреди]

Наука и технологија[уреди]

Образование[уреди]

Демографија[уреди]

Јавно здравство и безбедност[уреди]

Култура[уреди]

Спорт[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]