Халасан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Халасан
Hallasan.jpg
Поглед на Халасан од јужната страна
Највисока точка
Надм. вис.1950 м [1]
Истакнатост1950 м [1]
Заведена какоНајвисока точка на земјата
Ултра
Координати33°21′42″N 126°31′45″E / 33.36167° СГШ; 126.52917° ИГД / 33.36167; 126.52917Координати: 33°21′42″N 126°31′45″E / 33.36167° СГШ; 126.52917° ИГД / 33.36167; 126.52917[2]
Географија
МестоЧеџу, Јужна Кореја
Геологија
Видштитест вулкан
Последен избув1007 A.D.
Искачување
Најлесен патпатеки, хеликоптер

Планината Хала (корејски: 한라산, Халасан) е највисоката точка на Јужна Кореја, на 1950 метри надморска височина. Се наоѓа над вулканскиот остров Чеџу, каде што се наоѓа на 100 километри јужно од брегот на корејското копно. Последната ерупција на Халасан, штитест вулкан, датира од 1007 година. Нејзините падини полека се спуштаат до морето. Се карактеризира со голем број долги тунели од лава што ги има создадено (42 километри). Местото на вулканскиот остров и лавинските тунели на Чеџу е класифициран како светско наследство на УНЕСКО.

Топонимија[уреди | уреди извор]

Халасан (한라산) буквално значи "планина Хала" на корејски. Исто така се нарекува и планина Ханла. Во Северна Кореја, е напишано во писмото хангул Ханасан (한나산). Во минатото, позната била под имињата Буаг (부악/釜岳), Вонсан (원산/圓山), Џинсан (진산/鎭山), Сеонсан (선산/仙山), Думуаг (두무악/頭無岳), Бурасан (부라산/浮羅山), Јеонџусан (영주산/瀛州山) и Хиеолмангбонг (혈망봉/穴望峯)[3]. На англиски јазик, се појавува под името планина Окленд[4],[5].

Географија[уреди | уреди извор]

Поглед на езерото Белиот елен на дното на кратерот

Халасан е штитест вулкан на Јужна Кореја, кој го формира најголемиот дел од островот Чеџу (1 846 км2) и кој се издига над градовите Чеџу и Сеогвипо. Издигајќи се на 1950 метри надморска височина, тоа е единствената планина на островот, видлива од секоја негова страна, а истовремено и највисоката точка на земјата. Вулканот почнал да се формира во плиоценот на континенталната висорамнина која во моментов е на 100 метри под морското ниво. Вулканската активност започнала пред 2 милиони години. Крајната формација на островот се случила помеѓу 400 000 и 700 000 година[6]. Ерупциите произвеле базалт и трахит.Вулкански кратер од 400 метри во дијаметар присутен е на врвот, делумно пополнет со езеро, Баенгнокдам (백록담), што значи езерото на Белиот елен. Ова езеро може да достигне длабочината до 110 метри и површина од 18200 м2. Особено е големо во текот на летото во сезоната тропските циклони. Втора карактеристика на вулканот е голем број на паразитски конуси, на корејски наречени ореуми (오름) . Постојат 368 такви ореуми на падините на вулканот. Повеќето од нив се конуси од пепел или згура но исто така постојат и лавински куполи и 20 прстени туф формирани од подводни ерупции[7].

Историја[уреди | уреди извор]

Две ерупции се случиле за време на третиот милениум пред нашата ера. Најновата, во 1002 и 1007 се случила на падините на вулканот[8].

Екосистем[уреди | уреди извор]

Халасан долго време бил изолиран од копното па видовите таму станале поинакви од оние на континенталниот дел. Планината е дом на растенија кои живеат на ниски височини и на растенија кои живеат на високи височини. Тука живеат и разни животински видови. Поради местоположбата, истиот вид еволуирал на различни начини по илјадници години. Постојат вкупно 160 видови птици но само 19 видови се сметаат за заштитен вид. Гавраните најчесто се гледаат на пешачките патеки. На планината живеат вкупно 3.315 видови инсекти, воедно, 254 пајаци. Една студија покажала дека живеалиштето на пајакот е сконцентрирано на северната страна на планината. На планината живеат и 6 видови крлежи кои им нанесува штета на домашните животни.

Активности[уреди | уреди извор]

Приказ на главниот врв.

На планината има будистички храм Гванеум, најстар храм на островот, основан под династијата Корио. Како многу други храмови во Кореја, и тој бил уништен и обновен во дваесеттиот век. Споменик во сеќавање на жртвите од востанието на Чеџу од 1948-1950 се наоѓа во околината. Ова е едно од најпосетуваните места на островот. Вулканот е исто така во срцето на националниот парк на планината Хала, кој бил основана во 1970 година и опфаќа 151,3 км2 од кои 90.9 км2 во подрачје на природен резерват. Бројот на посетители е во постојан пораст: откако бил посетен од страна на 23 000 луѓе во 1974 година и 501 000 во 1994 година, паркот го посетуваат речиси милион луѓе секоја година (988 000 во 2009 година). Воедно тој е класифициран како природен споменик на Јужна Кореја.

백록담

Пет патеки обезбедуваат пристап до Халасан: патеката Гванеумса (관음사, 8,7 километри), патеката Еоримок (어리목, 4.7 км), патеката Сеонгпанак (성판악, 9,6 километри), патеката Јеонгсил(영실, 3,7 км) и патеката Донаеко (돈내코, 9.1 км). Само патеките Гванеумса и Сеонгпанак обезбедуваат пристап до врвот. Другите патеки, стигнуваат до ореумот Витсе бидејќи крајот на патот кој овозможува да се стигне до врвот бил затворен во 1994 година заради заштита на вегетацијата. Патеката Донаеко повторно официјално била отворена на 4 декември, 2009 година откако претходно 15 години била затворена.

Галерија[уреди | уреди извор]

Види[уреди | уреди извор]

Библиографија:[уреди | уреди извор]

  • Rob Bowden, « Landscape and Climate », Countries of the World. South Korea, Facts on File Inc., New York, 2005, pages 12–13

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Halla-san" on Peakbagger.com Retrieved 1 October 2011
  2. Peaklist.org, Listed as "Halla-san" Central and Eastern China, Taiwan and Korea - South Korea list. Retrieved 1 October 2011
  3. (корејски) Hallasan National Park 한라산국립공원
  4. (англиски) Simon Winchester, Korea: a walk through the land of miracles, Londres, Penguin, 2004, page 39
  5. (англиски) Simon Winchester, Social Climbing on Mount Halla, The New York Times, 21
  6. (англиски) Mt. Halla: Jeju's Geopark crown jewel, The Jeju Weekly, 2
  7. (англиски) Halla - Summary, Global Volcanism Program
  8. (англиски) Halla - Eruptive history, Global Volcanism Program

Надворешни врски[уреди | уреди извор]