Арагац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арагац
Արագած
Поглед на Арагац од исток
Највисока точка
Надм. вис.4.090 м [1][2]
Истакнатост2.143 м [3]
Заведена каконајвисок во земјата
ултра
Друго имеԱրագած
Географија
Арагац на карта

Карта

МестоАрагацотн, Ерменија
Матичен венецЕрменска Висорамнина
Геологија
Старост на карпатахолоцен[2]
Видстратовулкан
Последен избувнепознато [2]

Арагац (ерменски: Արագած) или Алаѓоз (турски: Alagöz) — стратовулканска планина во северозападна Ерменија, околу 40 км северозападно од главниот град Ереван. Сместена е во покраината Арагацотн и е највисока планина во земјата. На падините се наоѓаат историски значајната Бјураканската опсерваторија и средновековната тврдина Амберд.

Планината е висока 4.090 м и пресечена со ледници и потекнува од плиоценот до плеистоценот. На сите страни, вулканот има странични конуси и пукнатини низ кои некогаш течела лава, спуштајќи се на пониските крила на планината.

Неколку од нив се сметале за холоценски, но подоцна е применет калиумско-аргонски метод и утврдено е дека се образувани во средниот до доцен плеистоцен. Најмладите лавини остатоци на крилата немаат точно утврдена старост, но се смета дека се создадени помеѓу крајот на доцниот плеистоцен и 3000 г. п.н.е.[4]. Во правец југозапад-североисток се протегаат низа кратери и конуси во должина од 13 км, пресекувајќи го работ на северниот кратер и претставува извор на понови текови на лава и лахари. Се смета дека лахарите се својствени за избувнувањата од врвот на планината за време на холоценот. На западните и јужните падини Арагац изобилува со петроглифи од средното камено до железното време.[5]

Околни градови[уреди | уреди извор]

Во околината на планината се сместени неколку града: Аштарак на југоисток, Апаран на сеероисток, Арктикот на северозапад и Талин на југозапад. Помали населени места има и на другите страни од планината.

Предание за Григориј Просветител[уреди | уреди извор]

Според едно предание, Св. Григориј Просветител еден ден се молел на планината, кога се појавил чудесен вечен фенер што висел од небото за да го просветли. Верниците сметаат дека тој може да се види и денес, но само од преданите.[6].

Панорама на Аргац

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mount Aragats Mountain Information
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Aragats“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  3. High prominence mountains in Caucasus and Russia outside of Europe
  4. Kharakanian et al., 2003
  5. The Rock Art of the Mt. Aragats System | Anna Khechoyan - Academia.edu
  6. Газета «Голос Армении», статья „Арагац - крыша Армении Архивирано на 14 јули 2011 г.“. 11 сентября 2010 года.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]