Шхара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шхара
Mt Shkhara as seen from Khalde (Photo A. Muhranoff, 2011).jpg
Највисока точка
Надм. вис. 5.200 м
Истакнатост 1357 м
Географија
Место област Сванети, Грузија -
Кабардино-Балкарија, Русија[1]
Матичен венец Голем Кавказ
Искачување
Прво освојување 1888 од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот[2]
Најлесен пат Североисточен Гребен: snow/ice climb (руска оцена 4б)[1][2]

Шхара (грузиски: შხარა) — планина во средишниот дел на Големиот Кавкаски Венец, највисока во Грузија и трета по височина во венецот. Се наоѓа во областа Сванети долж границата со Русија, 88 км северно од градот Кутаиси и југоисточно од Елбрус.

Претставува дел од масив наречен Безеншки Ѕид кој е гребен со должина од 12 км. Има голем и стрмен врв со многу ледници и важи за голем предизвик кај алпинистите. Северната страна (во Русија) е висока 1.500 м и има неколку тешки патеки од класичен тип. Значајниот подврв Шхара Запад е висок 5.068 м и важи за најмакотрпното искачување во Европа.[2]

Прво освојување[уреди | уреди извор]

Планината прв пат е освоена во 1888 г. преку Североисточниот Гребен од британско-швајцарска екипа составена од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот. Оваа патека и денес се смета за една од полесните и ужива популарност. Целиот Безеншки Ѕид е прв пат преминат во 1931 г., од страна на австриските искачуавчи К. Попингер, К. Молдан и З. Шинтлмајстер.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Шхара — SummitPost (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Audrey Salkeld, уред. World Mountaineering. Bulfinch Press. стр. 70. ISBN 0-8212-2502-2. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Шаблон:Седум трети врвови