Прејди на содржината

Монблан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед од јужната страна на Мон Блан во ноември, од патнички авион на релација Париз-Торино, со ледниците Бруљар (лево) и Френеј (десно).

Монблан (француски: Mont Blanc, италијански: Monte Bianco = „Бела Планина“) — планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4 808 м.н.в.

Планината се протега помеѓу регионите на долината Аоста во Италија и Високи Савои во Франција. Врвот Монблан се наоѓа на границата помеѓу двете земји, иако и едната и другата сакаат да го цртаат на картите како свој. Последен договор за границата е оној помеѓу Франција и Кралството Сардинија кајшто границата е определена на највисоката точка на Монблан[1].

Планината е популарна за планинарење, алпинизам и скијање. Најпознати центри се Шамони и Курмајер.

Врвот Монблан први го искачиле Жак Балма и Мишел Габриел Пакар на 8 август 1786.

Прв Македонец што се искачил на Мон Блан е Бранко Михајловски, во август 1967 година. Како член на планинарското друштво „Металург-Железара“ - Скопје, бил учесник во акцијата на планинарското друштво „Победа“ - Белград, во август 1967 година се искачил на Мон Блан. Од 31 учесник на акцијата се искачиле троца, во списокот на учесници на акцијата Бранко Михајловски е запишан под реден број 25.

Поврзано

[уреди | уреди извор]