Винсонов Масив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Винсонов Масив
Vinson Massif
Vinson-Massif.jpg
Сателитска снимка на Винсоновиот Масив
Највисока точка
Надм. вис. 4892 м [1]
Истакнатост 4892 м [2]
8-ма
Заведена како седум врвови, ултра
Координати 78°31′31.74″ ЈГШ 85°37′01.73″ ЗГД /  [3]
Географија
Покраина AQ
Матичен венец Сентинел
Искачување
Прво освојување 1966 (Николас Клинч и дружината)
Најлесен пат искачување по снег/мраз

Винсонов Масив (англиски: Vinson Massif) — највисока планина на Антарктикот со висина од 4.892 м. Сместена е во венецот Сентинел во состав на поголемиот венец Елсворт над Филхнер-Ронеевиот Леден Гребен при основата на Антарктичкиот Полуостров. Масивот се наоѓа на 1.200 км од јужниот пол, долг е околу 21 км и има ширина од 13 км.[4] Името го добил во 2006 г. во чест на американскиот конгресмен Карл Винсон (1883-1981)[5]

Масивот е забележан во 1958 г. и прв пат освоен во 1966 г. До февруари 2010 г. планината се обиделе да ја искачат вкупно 1.400 планинари.[6]

Географија[уреди | уреди извор]

Масивот се протега од седлото Гуџ и ледникот Бренском на северозапад, ледниците Нимиц и Гилдеја на југозапад и југ и ледникот Дејтер со неговиот придружник Хинкли на исток. Југоисточниот дел завршува во седлото Хамер кое го поврзува со масивот Крадок, чија највисока точка е планината Ратфорд (4.477 м). Винсоновиот Масив е составен од високата Винсоновата Висорамнина во средишниот дел со некои врвови до 4.700 м и неколку странични сртови кон југозапад или североисток од висорамнината.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Винсонов Масив — Peakbagger (англиски) посет. 26 октомври 2011 г
  2. Антарктик - Ултраистакнати планини — Peaklist (англиски) посет. 26 октомври 2011 г
  3. „ГПС-насоки за Винсоновиот Масив“. 7 Summits. http://7summits.com/vinson/waypoints.php. посет. 29 јануари 2007 г.  (англиски)
  4. „Винсоновиот Масив“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. http://geonames.usgs.gov/pls/gnispublic/f?p=gnispq:5:::NO::P5_ANTAR_ID:16082. посет. 20 септември 2008 г.  (англиски)
  5. „Винсоновиот Масив“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. http://geonames.usgs.gov/pls/gnispublic/f?p=gnispq:5:::NO::P5_ANTAR_ID:18890. посет. 20 септември 2008 г.  (англиски)
  6. „ЧПП за Винсоновиот Масив“. 7 Summits. http://7summits.com/vinson/vinson.htm.  (англиски) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „7summits“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „7summits“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]