Јужен Пол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположба на Јужниот Пол на Антарктичкиот континент.

Јужен Пол — најјужната точка на Земјата.

Географски Јужен Пол[уреди | уреди извор]

Географскиот Јужен Пол е една од двете точки каде оските на ротација на земјата ја сечат површината (другата е Северен Пол. На оваа точка се мисли најчесто кога се спомнува „Јужен Пол“.

Првите луѓе кои стапнале на географскиот Јужен Пол се Роалд Амундсен и неговата група на 14 декември 1911 година. Главниот соперник на Амундсен, Роберт Фалкон Скот стигнал на Полот еден месец подоцна. На враќање, Скот и неговата четворочлена група умреле од глад и екстремен студ. Постојат повеќе експедиции кои пристигнале на Јужниот Пол со превозни средства. Водачите на некои од нив се: Роалд Амундсен, Роберт Фалкон Скот, Едмунд Хилари, Вивиан Фуш, Антеро Хавола, Алберт Крари, Ранулф Фиенес. Американскиот адмирал Ричард Берд со помошникот Бернт Балхен на 29 ноември 1929 година станал првиот човек кој го прелетал Јужниот Пол. Најбрзата неподдржана пешачка експедиција до географскиот Јужен Пол од океан е 47 дена и била поставена во 1999 година од Тим Џарвис и Питер Треседер, кои влечеле санки со храна и масло за готвење тешки 200 килограми.

Во моментот, Антарктикот се наоѓа над Јужниот Пол, иако тоа не било така во минатото заради Земјиното разделување.

Во Интернационалната геофизичка година (1958) била воспоставена Амундсен-Скот станицата со постојан истражувачки и помошен персонал.

Проекцијата на јужниот географски пол на небесната сфера го дава јужниот небесен пол. Земјата на Јужниот Пол се наоѓа на приближно морско ниво. Сепак, ледената обвивка е дебела 3000 метри, па Амундсен-Скот станицата се наоѓа на голема висина.

Јужен геомагнетен пол[уреди | уреди извор]

Јужниот магнетен пол е еден од двата магнети пола на Земјиното магнетно поле. Лежи близу до Географскиот Јужен Пол, но неговата точна локација постепено се менува. Јужниот магнетен пол го добил името според близината до географскиот Јужен Пол;, во строга магнетна смисла, тоа е Северен Пол. Јужниот Пол на магнет се привлекува со северните полови на други магнети, па Јужниот Пол на слободен суспендиран магнет (како компас) ќе покажува кон јужниот геомагнетен пол.

Јужен магнетен пол[уреди | уреди извор]

Јужниот магнетен пол е точката најблизу до географскиот Јужен Пол каде линиите на Земјиното магнетно поле покажуваат директно на земја. Овој поим е различен од јужниот геомагнетен пол.

На 16 јануари 1909 година, Даглас Мејсон, Еџворд Дејвид и Алистер Мекеј во експедиција водена од Сер Ернест Шакелтон го најдоа јужниот магнетен пол [1].

Јужен пол на непристапност[уреди | уреди извор]

Овој пол се наоѓа на 85°50′S, 65°47′E

на површнината на Антарктикот и е најодалечен од Јужниот Океан. Бил најден во 1957 година од Советска Антарктичка Експедиција. Тие ја основаа 'Советскаја' станицата која била населена за време на летото 1957-1958.

Поврзани теми[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]