16 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

16 јануари е 16-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 349 денови до крајот на годината (350 во престапна).

Настани:

27 п.н.е.  Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Гај Јулиј Цезар. Подоцна, сите римски императори си ја придодавале оваа титула.
1492  Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик, ѝ е претставена на кралицата Изабела I од Кастилја.
1547  Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
1605  Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес.
1778  Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1920  Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1945  Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.
1979  Реза Пахлави, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република под водство на верскиот лидер Хомеини.
1996  Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.

Родени:

1853  Андре Мишелин — француски индустријалец.
1948  Џон Карпентер — американски режисер и сценарист.
1974  Кејт Мос — британски модел.
1980  Ларс Бак — дански велосипедист.
1984  Серхио Пардилја — шпански велосипедист.

Починале:

1957  Артуро Тосканинииталијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња.
1962  Иван Мештровиќ — истакнат хрватски и светски вајар.
1991  Густав Влахов — првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник.
1997  Олга Милосавлева — македонска балерина, кореограф и педагог.
2012  Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември