18 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јануари 2024 18 јануари — 18-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 347 денови до крајот на годината (348 во престапна).

Настани:

1535  Конквистадорот Франсиско Писаро го основал Сиудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка.
1778  Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.
1871  На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и го основале Германското Царство, на чело со прускиот цар Вилхелм I.
1995  Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
1996  Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
1997  Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
2000  Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
2002  Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.

Родени:

1519  Изабела Јагелонска — кралица на Унгарија.
1689  Шарл Монтескје — француски филозофско-политички писател.
1702  Сава Петровиќ Његош — црногорски владика и митрополит.
1795  Ана Павловна — кралица на Холандија.
1825  Григор Прличев — македонски поет, преведувач и преродбеник.
1834  Јоаким IIIцариградски патријарх.
1864  Кантаро Сузуки — премиер на Јапонија.
1879  Александар Балабанов — македонски книжевен научник.
1892  Оливер Харди — американски глумец.
1894  Едмунд Бартон — премиер на Австралија.
1904  Кери Грант — англиско-американски глумец.
1909  Оскар Давичо — српски и југословенски писател.
1916  Волче Наумчески — македонски писател.
1921  Јоиширо Намбу — американски физичар.
1923  Александар Грличков — претседател на владата на СР Македонија.
1925  Гого Ивановски — македонски поет и раскажувач.
1950  Жил Вилнев — канадски возач на Формула 1.
1950  Дино Менегин — италијански кошаркар.
1954  Исмета Крвавац — босанскa и југословенскa поп-пејачка.
1955  Кевин Костнер — американски глумец.
1955  Сњешко Церин — хрватски и југословенски фудбалер.
1957  Рајко Јањанин — српски и југословенски фудбалер.
1959  Ранко Стојиќ — српски и југословенски фудбалски голман.
1961  Веселин Вујовиќ — југословенски ракометар и тренер.
1961  Питер Бердсли — англиски фудбалер.
1966  Александар Халифман — руски шахист.
1967  Иван Заморано — чилеански фудбалер.
1968  Драгана Мирковиќ — српска пејачка.
1970  Џонатан Дејвис — пејач на рок-групата „Корн“ (Korn).
1971  Жузеп Гвардиола — шпански фудбалер и тренер.
1978  Тор Хушовд — норвешки велосипедист.
1979  Пауло Фереира — португалски фудбалер.
1980  Роберт Грин — англиски фудбалер.
1981  Кристоф Керн — француски велосипедист.
1984  Евгенија Образцоваруска балерина.
1985  Рикардо Монтоливо — италијански фудбалер.
1986  Сенад Лулиќ — босански фудбалер.
1988  Бој ван Попел — холандски велосипедист.
1988  Анжелик Кербер — германска тенисерка.
1998  Едер Милитао — бразилски фудбалер.
1998  Лисандро Мартинес — аргентински фудбалер.

Починале:

350  Констанс Iримски цар.
474  Лав Iвизантиски цар.
1367  Петар I — крал на Португалија.
1567  Маргарита Пармска — намесничка на Холандија.
1860  Џон Тајлерпретседател на САД.
1862  Константин Миладинов — македонски поет, собирач на народни песни и умотворби.
1890  Амадеј Iшпански крал.
1906  Петар Јуруков — бугарски револуционер.
1910  Александар Чакаров — македонски деец.
1936  Радјард Киплинг — англиски писател.
1982  Хуанг Сјенфан — кинески историчар и антрополог.
2016  Глен Фреј — американски рок-музичар, член на групата Иглс.
2023  Дејвид Крозби — американски рок-музичар.